А знаете што, ми излезе сабајлево еден рил на инстаграм, вели дека Никола имала многу лоша репутација општо како човек, и дека дури и неколку wedding planners ја оставиле; некој мислам и се тужи со неа. Вели нејзиното семејство е MAGA, и дека порано одела 3 години и со Анвар Хадид, и за тие 3 години исто тој се отсекол од семејството, па мислат дека има некој pattern . Не знамммммммммм, чекам уште анализи од луѓе што имаат повеќе време да анализираат толку детално .
Отворив на airbnb на профил на некојси што издава смештај и пишува "4 years hosting". И си викам, како е можно да хоуста 4 години, кога 2022 е зачленет. 2022 беше пред... Oh, wait Wait, wait... Жими се, вчера беше 2022.
Искрено сум згрозена. Деца од 8-мо одделение малтретираат дете од 7 години. Помало. Послабо. Ова е резултат на лошо воспитување, молчење и неказнување. Каде се родителите? Каде е училиштето? Каде е одговорноста? Срамота.. Срамота!
Мразам зима,а снег уште повеќе,ладно,мрачно,лизгаво и напорно. А тек кога ќе почне да се топи снегот…ужас,кал и валканица на сите страни.Снегот е убав за на планина,во природа,за зимски спортови,а не за во град каде што се прави општ хаос по улиците.
Она кога си му благодарна за се'. Најфала што си мој и секогаш ама секогаш моја најголема поддршка Не е ова лигавење, без некои луѓе едноставно не си ни свој, не си ни целосен. Ти делуваат терапевтски, исто ко некој мелем Чувајте си ги. Вредат цело богатство.
Како бе е можно тоа, одеднаш пирамидата на исхрана да ја свртат наопачки. Како одеднаш тоа што беше основа и на прво место препорачано за јадење (житарките) сега одеднаш се најдоа на најмалиот врв...? Ами кој ќе ја надомести глобалната штета по здравјето на луѓето од ваквата пирамида која всушност ја демонизирала цело време природната идхрана кај луѓето и не натера со години да веруваме дека лоу-фет веган диет, маргарин наместо путер и сл. е клучот за исхрана додека продуктите и мастите од животинско потекло беа биг ноу ноу. Како бе одеднаш "пу, пу не важи.." па во детска игра тоа не е прифатливо а камо ли за нешто така сериозно.. Да не се случајно тоа истите луѓе што не убедуваат дека секоја година на секое дете му требаат се поголем број на вакцини додека тие пред камери ги "вакцинираат" нивните со игли со затворено капаче..? Или пак се истите кои го демонизираа сонцето па сега не смееме да се појавиме под него без да се нашлакаме од кремите од жолтите туби а.к.а коктели од хемикалии... Не ни се криви тие, криви сме ние ситните и небитни што чекаме некој друг да ни каже што е добро за нас а што не. Џабе сме описменети кога мислењето со своја глава му го препуштивме на некој "авторитет" за којшто мислиме дека ни мисли добро ама за жал се повеќе и повеќе се покажува спротивното.
Изгорев да нарачам од Shein ама не вршат достава до мк. Едно девојче на инста наплаќа цел бубрег тродупло за нарачка преку неа. Има ли друг начин..
Ќе има плачки од Safe city срањето, од истите тие шо кењаат по коментари дека ќе се научеле луѓето безбедност, ред, дисциплина итн. Нема знаци, не работат семафори, не е обележано ко шо треба, ама битно швајцарија било така па и тука.. видела жабата коњот го ковале и таа кренала нога. За почеток можеше тие лудаците шо цела полиција ги познава во Ск да ги смират, и од таму нагоре да се средуваат работите. Копитата шо ги прибраа по конкурси не се само за в кафана седење и дрога дилање, треба на терен да дремат.
Збориме со колешка (која, за контекст, е повозрасна жена од мене) за една странка што ни дојде. И ми раскажува дека она и странката се имењачки, родени во иста држава, ист град итд. И јас велам, вау па дури и личите, она изгледа како помлада верзија од тебе. Следи тишина. И ми кажува дека се исто годиште.
Македонец да си треба како шифра да се уведе. Исплука и феминизам и гејови, и на крај посака у гз да ги ебе. Латентно педерска работа ( да ми простат хомосексуалците ), шта чеш.
Мене пред 2 дена ми стигна казна на порака на телефонот дека на автопатот сум возела 121 км, а било дозволено 120 км. Одам до полиција, 20 евра казна пишува да платам на казната и овој од полиција еден ми вика не може да платиш со картичка дај ми ги во кеш. Таман да му дадам, доаѓа инспектор еден влегува повозрасен, муабет со помладиот колега и ме гледа со парите и ми вика тука не примаме евра, само со картичка се плаќа, му објаснувам што и како, овој помладиот молчи пребледен и збор не кажува. Возрасниов инспектор ми вика прибери си ги парите, тоа што ти стигнало е тест, не треба да се плаќа. Колку само алчни се овие полицајците, не ми е јасно, значи од мене да земе 20 евра така, од други да земе 20 евра и оп он плата уште една во џеб. Не не бидува, штета.
Кога ќе ставиш овака во перспектива, поблиску сме до следната декада, отколку до Ковид пандемијата. А уште се збори како вчера да беше. Децата родени истата година кога првиот Ајфон излезе се сите полнолетни. И уште еден факт: поблиску сме до 2050, отколку до 2000.
И уште еден факт: Временската разлика помеѓу нашето време и владеењето на Клеопатра е помала од времето кога се граделе пирамидите и владеењето на Клеопатра.