А шо има врска ова со тоа да бидеш лидер? Лидер е многу повеќе од одењето на работа, ама за жал, на вас а и на сите тоа ни е ставено во глава уште од мали, дека мажот е глава на семејството затоа шо оди на работа. А да прашаш добри 90 посто од нив како се вика учителката и докторот на детето, каде им стојат чорапите, кога е следниот термин за било каде итн итн.... нема да знаат да одговорат. Тоа не е лидер. Тоа е само член на семејството. Мноооогу се ретки мажите шо стварно ги бива за тоа, затоа и жените веќе не сакаат да бидат присилени да се покоруваат на такви НЕлидери. Затоа и разводи има, и се. Полека полека се враќа првобитната состојба. А тоа е матријахатот.
Па не се борам јас за нив, напротив велам дека се поголеми жени стануваат откако ние се бориме да докажеме дека сме им рамни во се. Ама некој не сфаќа од прва, затоа морам да ти повторам на кратко и јасно.
Не знам зошто толку се вознемируваш. Твоево врска нема за лидерство. Сите идеме на работа, автоматски лидери сме?
@mKdevojce Буквално имаш слободна волја да избереш да не живееш така Ако нечија врска/брак/партнерство е вака како што го опишуваш, тоа е нивна динамика. Ти имаш избор да воспоставиш друга динамика со твојот партнер. Апсолутно немаш обврска да се бориш со некому и докажуваш дека си рамна или дека можеш сè. Сами си го кроиме животот
А можда имаш поинаква замисла, што е сосема океј, за тебе? Јас лично сакам да заработувам, а не сакам баш да чистам и пуштам машини и бришам детски газови, но го правам и тоа затоа што сум зрела возрасна способна личност, но не сум богата за некој друг тоа да го прави за мене. Дали парите (мажот е маж ако заработува само) ја определуваат улогата? Пошо ако имаш бесконечно пари, ај дека нема скоро ни една од тие "женските работи" да ги правиш. Ќе бидеш помалку жена?
Двајцата истовремено одиме на лов. Ловиме риби, заедно. И бавча копаме заедно. Што во твојата глава е уствари глава, столб, маж, што ли си замислуваш под тие поими кои би требало нешто да дефинираат? Таков некој имагинарен маж од митовите ли, некој што поместува планини, што коли, беси, решава ко што ќе му прдне?