Не знам кој не сака да го слушни ова, ама и следната недела уште е јануари. Не се откажувам уште дека 2026 можи да е моја година, само некогаш од март/април, сега уште хибернирам and I'm fckn tired of it.
Не кажа ти, членката што ја браниш кажа и е против феминизмот, затоа што феминизмот правел неспособни мажи.. Нежни сме биле незнам што... Што треба даправам за да изгледам способен? Мамути да одам да ловам? Да трескам дома по маса дека сум столб, глава на куќата и да речам "Жена е за дома јас пари ќе донесам за сите вас ти смо седи чувај деца, прај јадење" и да треба на секое да ме прашува "Дали може вака, дали може ова"?
За жал, добар процент од населението го дели нејзиното мислење, дека феминизмот е крив. Посебно мажите ги погодува тоа. Нема веќе кој да им ги трпи уга буга тантрумите. Јас ич не се секирам . Баш напротив. Многу ми е мило шо се повеќе и повеќе мажи се жалат од феминизмот, тоа значи дека сме на добар пат и дека се повеќе жени се свестуваат. Немало жени за женидба. Епа Трајче, додека не научиш да зготвиш сарма , ќе нема.
Да не бил феминизмот немале да имаат право на мислење, нека појдат од тука... Феминизмот не е борба против мажите, туку борба за рамноправност. Исто жена што феминизмот го користи против мажите не е феминист.. Подобро е да останат сами и да разберат какви треба да бидат кога ќе видат какви мажи бираат жените... Просто е ако сите почнат да купуваат бели чорапи за брзо нема никој да произведува црни..
Мене обратно ми кажува. Ми вели дека Македонците имаат најмал процент на словенски гени во споредба со останатите словенски народи и дека се потомци на палеобалканските племиња меѓу кои спаѓаат и античките Македонци.
Петар Пан синдромот не е медицинска дијагноза, туку психолошки термин кој опишува возрасен маж кој емоционално останал заглавен во детството. Тоа е „момчето кое одбива да порасне“. Во македонскиот контекст, овој феномен е често поддржан од традиционалните семејни структури каде мајката („Венди“) ги презема сите одговорности, овозможувајќи му на синот да остане во својата „Земја Недојдија“ (најчесто својата детска соба) до доцните 30-ти или 40-ти години. Превземено.
Не сите ама жени го користат феминизмот против мажи, повеќе е користење на феминизмот за манипулација.. Пример таа излегува кај сака и кога сака, што е во ред, ама кога ќе дојде ред на мажот да излезе е проблем затоа што го смета за не одговорност.. Генерално феминизмот не се залага само за жените доста привилегии добиваат и мажите, пример нема потреба да криеме емоции затоа што сме мажи.. Е сега има жени кои и покрај тоа што се феминистки, осудуваат и исмеваат маж што ќе изрази емоции, затоа што не е тоа за машко да има емоции..
Сакаш долга коса, ја чуваш додека да ја добиеш посакуваната должина. Ја носиш така 2-3 месеци. И одеднаш те удара нешто во глава да ја скратиш ептен над раменици.. И ја кратиш.. И wow супер ти е, се бендисуваш се додека не почнеш да вртиш слики во телефон за да сфатиш дека уствари поубаво ти стоела долга коса.. Нема врска.. ќе чекам уште 2-3 години за да ја скратам пак...
Сега читам дека членовите чии мислења најмногу ги читам, со кои се согласувам и ме смеат се јарци како мене. Само ние си се разбираме очигледно.