Да се здружиме ние јарците, ни една диктатура нема да ни биде рамна така да боље не. Ма да, коа ќе размисламммм...
Зошто само не го ставиш на блок? А ако продолжи од други места да ти пишува кажи дека уште еднаш ако ти пише ќе го пријавиш за вознемирување, и ако не се откаже пријави го.
Спојлер Сакам само да кажам дека понекогаш и ова не работи. Тој самопрогласениот good guy со целиот ум ми ја прати картичката со сите податоци, откако почнав да се зафркавам да ми прати 5000 евра на сметка, ми рече еве ти ја картичката, нема 5000 евра ама да видиш дека сум сериозен (посакувам да лажев, но жими сѐ вистина е). Па морав да сум лоша буквално за да се откачи. За овие само блок е чаре, не знаеш колку далеку можат да одат.
И еден пријател ми го рече истото, но мене ко што ме дал Господ прво правдини сакам да терам. А ќе си го платев барем одморот годинава. I need to be more evil.
Ми давете добра бизнис идеја. Ќе си направам лажен женски профил на фејс и ќе си барам жртви за пари. Подобра работа кај ќе најдеш и забавна и платена и лесна.
Стварно? Не знаев. Аман. Некогаш сме опкружени со луѓе со кои сме во секојдневен контакт и кои не може да ги ставиме на блок без да има дополнителна штета за нас.
Интересно ми е коа парови ќе речат "заедничка одлука ни беше" а тоа уствари женската е толку ментално утепана и изманипулирана што му дозволува и се согладува на све. И си продолжува..
Срамота е да имаш кола од 150 000 евра, а да ја оставиш толку нечиста до прозори со кал, 3 дена да ти стои паркирана пред зграда и две паркинг места да зафаќа. Џабе и пари и се, кога вакви мали работи говорат за тоа каков мршник од карактер си. Оди плати нека ти ја исперат за 500-че. Не се брукај. Сељачина.
Па таа што е плава или црвенокоса. Црнкињи не сакам. Плавото и црвеното привлекуваат. Абе од толку што не ги сакав јарците, ме натеравте да ги засакам. Којзнае ако фатам што ќе ми прави.
Кај мене и тоа не упали ,типот упорен кој не се откачуваше,ќе најдел пари и ќе сме си имале фамилија (деца,брак). Јас дури и пари не му барав за откачување,сам спомна вика треба многу пари ама ќе најдеме хаха .Беше вљубен во мене и не се одлепуваше ,дел беше од мое друштво и ме бакна двапати ама бевме насамо тоа е ужасно многу,права тортура.
СДК, кога ја спомнавте ,,Лимонка", стварно имало такво име. На ТВ видов естрадна уметничка со истото име - Лимонка Мони Василевска. Ваљда како Мони им се претставувала на луѓето, тоа име ѝ било спас во секојдневието. Гарант е крстена на некоја баба, нема шанси од толку имиња, инспирација да ти биде овошје или зеленчук, Патлиџанка ајде ако не. Можда е и до перцепцијата, Малина и Јагода како имиња на овошки се поромантизирани, звучат понежно, за разлика од Лимонка и Портокалка. Не знам дали е точно тоа за девојката со име ,,Катастрофа", која ја викале Кате нагалено. Во овакви случаи целосно оправдувам доколку некоја личност ги тужи своите родители поради вакви имиња, мене за малку ќе ме осакателе.
Кога сме кај имиња за кои треба да се тужи у меѓународниот суд у Стразбур,познавам еден момак кој се вика Бокалче. Да, ќе го пишам со болдирано: БОКАЛЧЕ. Изгледа кога се размислувало за имиња кумот бил заузет со нарачување бокалчиња алкохол у меана