Не знам како да објаснам, ама турската музика е баш нешто посебно. Иако не разбирам ниту збор, мелодијата ме смирува, ме носи некаде далеку и ми прави голем мерак да ја слушам..
Ден 367ми од јануари: се обидувам да се утешам дека депресивното расположение е до месецот, не до мене. Цел месец како во пмс.
Сериозно, што се случува со денешните деца?! Не знаат кој бил Гоце Делчев. Не ја знаат химната. Не знаат ништо за Македонија! Зарем тоа не се учи во школо или им е гајле?! Или родителите… зошто уште од мали не им пуштаат македонски песни?! Како на пример светот на бајките, Зелката, Боби Баш ми е гајле, ало амбуланта..јас со тие израснав.. ама не само англиски, англиски, англиски?! Па како очекувате децата да ја сакаат својата држава ако дома никој не ги учи корените?! ДЕТСТВОТО ТРЕБА ДА Е ПОЛНО СО МАКЕДОНСКА МУЗИКА, ПЕСНИ, БАЈКИ, ТРАДИЦИИ, ЈАЗИК! А не само со „ТикТок хитови“ и туѓи мелодии од првиот ден! Не можам да го разберам ова… дали само мене ми е несфатливо? Од мали нозе треба љубов кон своето, почит кон својата историја, својата култура, својата држава! Немам поим како некој може да го игнорира тоа…
Зошто добрите се наивни, глупи , смотани а за лошите секогаш се само лоши? Зошто не не учеле како да бидеме лоши за да знаеме како во животот? Моментално добрите страдаат а лошите уживаат. Уште добра па и емотивна.. зошто да не кај те повредиле па жали ги.. Сакам да кажам дека понекогаш сакам само да не чуствувсм толку.
Кербер... Зошто прашањето „Што нудиш?“ е навреда? Кога маж ќе го постави ова прашање, тој всушност вели: „Јас не сум доволно маж за да те освојам и да се грижам за тебе, па ајде убеди ме зошто би вредела мојата инвестиција.“ Одговорот на секоја свесна жена треба да биде само еден: „Јас не нудам ништо. Јас сум жената. Ти си тој што треба да понуди сигурност, заштита и визија. Ако ти не знаеш која е мојата вредност како жена, тогаш ти немаш капацитет да бидеш мој маж.“
Ништо не го прај утрото како добра пјелиста, кај шо секоја следна песна е поголем banger од претходната. [Poppy, Halestorm, Evanescence, Apocalyptica, The Pretty Reckless, Butcher Babies, Dorothy, Dead Sara, Nightwish, We are the Fallen, Lilith Czar, Within Temptation etc]
Американка која верувала дека ќе дојде крајот на светот, ги собрала децата и отишле во Хрватска. Па апсења, па глупости, ги украла децата. Сдк, нормално е ако веруваш дека иде крај на свет, дека прво ќе дојде во Америка и скроз легитимно е да сакаш да го дочекаш тој крај на светот во Хрватска. И јас така би играла, скроз.
Абе види сеа, стварно да треба да дојде крајот на светот, и јас би отишла последните моменти на плажа да ги поминам
Кај Хрвативе и Србиве е доста актуелен спортов и сите sus што ми се као тренираат падел па мислев да не има поврзност некоја а и често ми искачаат слики ко таа погоре.