Не знам како да објаснам, ама турската музика е баш нешто посебно. Иако не разбирам ниту збор, мелодијата ме смирува, ме носи некаде далеку и ми прави голем мерак да ја слушам..
Ден 367ми од јануари: се обидувам да се утешам дека депресивното расположение е до месецот, не до мене. Цел месец како во пмс.
Сериозно, што се случува со денешните деца?! Не знаат кој бил Гоце Делчев. Не ја знаат химната. Не знаат ништо за Македонија! Зарем тоа не се учи во школо или им е гајле?! Или родителите… зошто уште од мали не им пуштаат македонски песни?! Како на пример светот на бајките, Зелката, Боби Баш ми е гајле, ало амбуланта..јас со тие израснав.. ама не само англиски, англиски, англиски?! Па како очекувате децата да ја сакаат својата држава ако дома никој не ги учи корените?! ДЕТСТВОТО ТРЕБА ДА Е ПОЛНО СО МАКЕДОНСКА МУЗИКА, ПЕСНИ, БАЈКИ, ТРАДИЦИИ, ЈАЗИК! А не само со „ТикТок хитови“ и туѓи мелодии од првиот ден! Не можам да го разберам ова… дали само мене ми е несфатливо? Од мали нозе треба љубов кон своето, почит кон својата историја, својата култура, својата држава! Немам поим како некој може да го игнорира тоа…