Реков мислам дека е непопуларно и нема потреба од јадење г? Ми го кажа, браво Исто ко шо секој може да каже нешо, исто така иам право и јас вајда? Темава е сдк. Се прифатив без гајле, ич ама ич не ми се слабее
За мене, најзгодно ми е тело со малку мускулче, генерално подзатегнато. Ништо многу, ништо претерно, едноставно обликувано.
Ако си дебел не значи дека ќе имаш облини.. Тоа зависи од гените каде најмногу ти се таложат мастите.. Убаво обикувани облини се градат во теретана, и со контролирана исхрана не со прејадување.. Може да биде згодно и слабо и дебело тело.. И се зависи пак од човекот и гените дали би му стоеле добро килограмите.. Пред се секој треба да си се осеќа убаво во своето тело и да си е убав сам на себе.. Помалу важно што ќе кажат луѓето, секогаш некој ќе коментира и секогаш нема да им се допаѓаш..
Кај реков треба да си дебел? Спомнав за облини. Не мора у теретана да идеш за да имаш убаво тело. Не мора ни не знам каков облик и форма за да имаш океј тело. Сам кажа, генетика. Точно го кажа последново. Ја неам навика никад да зборам за некого како изгледал, а ме провоцираат коментари коа ќе кажат леле шо се попраи пак, арна си беше.. И не било вкусно и за слабите коа ќе прокоментираш а? Епа нека видат како е
Остај, и овие овде и оние надвор проектираат. Мислат сите се како нив само директно да осудат некого. Да пишеше дека си 100 кила ете овде некоја ќе ти се закачеше како не се пазиш себеси. Како да не е можно објективно да си кажеш дека ти се допаѓа одреден тип на тело. Мислење на кое имаш право.
Јас па сега сфаќам (дознавам) дека ликовиве биле селебритис. Јас Чунга Лунга ги преферирав, овие кога ќе ми ги купеа како беблак се муртев пошто ми беа досадни сликичкиве со луѓево. Спојлер
Така разбрав јас.. Немора теретана, може и дома тренинг, така ми дојде да кажам теретана.. Генетиката игра голема улога. Некогаш и љубоморен сум на мажи што се крупни а имаат рамена и одлична форма и изглед, а јас доста морам да се потрудам за тие рамена.. Секогаш ќе најдат нешто да те хејтаат, си постојат такви луѓе и само гледаат да искоментораат нешто. И слабите ги коментираат, не дека не.. Ама не си ставајте при срце се, речи "добро" и продолжи тебе како ти одговара.. Инаку кога сме кај коментари добиени врз основа на изглед, не е поврзано многу со изглед ама и е, имам добиено коментар "Џабе тренираш толку и градиш тело кога вената на вратот при трениг ќе ти пукне и ќе умреш, не е здраво". Незнаев дали да се смеам или да плачам. Може навистина мислел дека може да пукне само затоа што се познава.
А да. Жолтите благи со тетоважа. Уште постојат мислам во модифицирана верзија. Минтите со сликички не знам дали ги има некаде моментално. Ја најдов темата, ојдов да си пуштам во светот на бајките.
Неам појма какво му е телото. Иначе на ум имав женско тело кога го пишав тоа, и мислев вака нешто: I love me some quads.
Секогаш кога ќе помислите дека никој ништо не ви може, дека ви се може се, да се чувствувате моќни, помислете да не сте г**но од човек. Баш ми искочи ваква безобразна констатација на фб. Само г**но човек преживува, зошто сите сакаат да го заобиколат за да не го згазат. Така и вие... секогаш кога егото ќе ви порасне, размислете до кај сте со себе. И секогаш кога ќе помислите дека некој ве заебал зошто си правите глупи филмови во глава, размислете дали стварно е така или водите ваша борба на нечиј грб?! Вие не сте биле пријател, туку само перформативен користољубец.