Добро, кој им ги прави преводиве на HBO... Weapons го пишале "Момент на исчезнување" Овој што преведува нема ни втор степен на курс англиски завршено
Нели? Нема ништо поубаво од сопствената форма на телото ама во апдејтната верзија, обликувана и со видливи мускулчиња. И за маж и за жена најубав изглед е балансиран фит изглед.
најдобро е да не знаеш на школо што учат. Историјата не се менува ама ете нас ни ја менуваат а со тоа и учебниците кои ги пишуваат и ги пуштаат во употреба. Татко ми има 75+ год и што и да го прашаш за македонија за историја нема што не знае. Јас искрено не памтам се што сум учела ама знам кој датум е одбележан и зошто (некои не ни знаат зошто се празнува 11 октомври на пр. ) А од друга страна па не знаат кој бил Гоце Делчев ниту химната јер не ги интересира. Боље некој tik tok dance ќе чујат ќе видат и ќе запаметат кој што измислил ама ова битново не
Да ти се по*очам во држава каде после апликација ти се јавуваат за 4-5 дена за работа и стажињаре, а таман испланирав да се излежавам 6 месеци и да пишувам на социјални мрежи колку системот е с*ање! Патем, со задоцнување ви посакувам спокојна година на сите членови тука. Бидете ми “жизнерадосни“ што би рекла членката во другата тема.
Кој ги следи на Фејсбук Охриѓани и Бабам Битола, знае колку си одат едни против други ама на мајтап. И најјаки ми се оние во коментари што пишуваат нешто изнервирани и испровоцирани. Што живот ќе беше без смисла за хумор.
Секој јануари се тркалам, уште денес јадам за три светови, од утре - фит живот, салати, цедени сокови и лажна мотивација!! Бај бај дебело меше и газенцеее.
Мислев дека обожав зима додека не го видов сонцето сабајле. И се спремам за цел ден да шетам, таман се спремив, си замина сонцето, баксуз колку сум. Доста ми беше зима, сакам зима, ама помина се што ми беше забавно за во зима, сакам лето, пролет сега. Знам на што мислиш, сонце, песок, плажа и море.