Не знам за времето ама вчера по втор пат пробав тирамису и мислам нема ништо поубаво од тирамису (за мене де ) не сум по благото ама ова беше врв
Најголем знак на неинтелигенција ми е кога некој не може објективно и критички да размислува во врска со религија и националност, нешта кои се зависни само од тоа каде си се родил. Да, сигурно баш твојата религија е правилна и сигурно твојот народ е супериорен и безгрешен. А целото мислење базирано на што мама и тато збореле кога си имал 5 години.
Денес искористив кафе на сонце и квалитетно време со бести. Life is worth living again. И јануари завршува.
Читам еден одвратен инцелски пост кај што батево кажуе дека за жените кои изгубиле невиност пред брак, треба да е легално да ги силуваат оти они више немале вредност, нема ниеден маж да ги прифати, толку е. И прво така малце бљуцнав и после кратка пауза уствари ми текна дека сум растена со тој менталитет, така ме учеа. Не толку експлицитно кажано, ама истата поента.
Колегиве ме викаат за излегување, а јас се почесто у последно време избирам за викенд да си седам дома, да си готвам, да си глеам филм, да си наполнам кадата. Не знам дали стареам, или бидејќи работата ми е со многу луѓе, па ми треба малку време за себе. Ова ли е тоа интроверт што го зборат.. кој знае.
Слушај си го телото и твојот внатрешен глас. Нема нешто посовршено од тоа.... Плус како и мене работата ти е со мн луѓе, поќе си акцентиран на на нив отколку себеси... Ако си празен одвнатре, џабе ти е излегување. Ако не си ги задоволуваш твоите потреби.
Можи само те мрзи па си наоѓаш изговори, барем мене ми се дешавало ама кога сум излегол во вакви ситуации сум поминал неочекувано добро, така да излегвај една, две, три... ко нов ќе бидиш
Тотално си у право. Те мрзи, се осеќаш уморен, ама штом се облечеш и излезеш и одма енергија и расположение растат. Исто како идење у теретана.