Девојката доаѓа од место каде што допирна точка нема со јазикот и културата тука. И од тука некој да го проба истото ќе има силен акцент долго време или ќе грешава/заборава зборови. Многу строго се суди кога кај нас браќава не го знаат добро македонскиот иако се цел живот тука или кога на телевизија зборуваат на дијалект. За пофалба е секој што се обидува да го научи нашиот јазик, и Ема и Фин Германецот ми се многу интересни за слушање. Позитива се меѓу нашиве "инфлуенсерки".
Од извадокот што излезе денес може да се заклучи тоа, ама ако се истражи малку ќе се види дека не е баш така и се работи за студија која била соработка измеѓу Медицински факултет во Скопје и Универзитет Колумбија. Има цела статија на слободен печат, убаво е разјаснетo, има и линк до студијата. Дали има плус во приказната не знам, ама самиот тој исечок е малку надвор од контекст...
Оти нашиве во Германија, Шведска, Америка зборат како таму родени да се, па се фатиле за македонски како зборат странци кои се доселиле во земјава
Што напиша? Се читаш? Ема не знае, ама албанциве супер знаат македонски???? Абе и го знаат и намерно не ти зборат македонски! Ема од Кенија, дошла и ти го научила македонскиов јазик, пробува да биде позитивна и впечатлива, ама неее, ние за србиве никогаш ништо нема да кажеме, што 3 збора не ги кажуваат на македонски, а пола сроска естрада во Македонија им настапува, или за албанциве што во наша држава не сакаат да зборат македоснки, и најде тука за Ема да збориш, за некој човек што се потрудил да го научи нашиов јазик??? Абе од секогаш сме биле за осуда кон погрешни, ама од секогаш!
Да, ама нашите не водат емисии по телевизии по Германијава. Девојката може да си отвори ЈуТуб канал, нека збори и на марсовски ако сака, ама за телевизија не е оти не знае да збори македонски. Не го исполнува најбитното начело за професијата, мислам не мешајте баби и жаби. И плус чисто фетишизирање е што е вработена само оти е црна. Али тоа не ви одговара да го кажете. Ама кај нас се вработуваат и наши шо немаат поим да зборат, па до неа ни дошло ( кажа македончето и продолжи да си свирка испод мустаќ). Мех.
Убаво имам пишано. На пример зошто Ема не оди во Германија и Франција и со овој степен на познавање на нивниот јазик да води емисија таму? Или ако можеш ете, дај ми таков пример. И во Германија тие што се од Балканот и Блиски исток исто така не знаат германски, исто како браќава тука. Така да ти паѓа во вода ова.
Навредата твоја спрема неа "ме напнува" а не дали она е на ТВ или не е, мене не ми менува ништо и онака не ја гледам. Ти оправдуваш албанците што не ни го зборат јазикот, као ај бе научени сме на нив ? Не, не сме. Или научени сме на србиве што пола држава ја имаат окупирано со концерти, ама никад у живот збор на македонски нема да ни кажат.
Јас немам поима која е и што прави, сè додека не и' дадат вести да води, океј ми е за емисии од забавен карактер.
Абе океј што тебе ти е, али по сите други стандарди не е. И ако емисијата е од забавен карактер, не значи дека неписмен треба да ја води.
Буквално ова. Директорот не знае дали е директор на метрологија или метеорологија, ама емисија ваљда е ова од забавен карактер, ептен невкусна кон гледачите и јазикот
Ако има кој да ја гледа.... Пак ќе кажам, не знам ни која е емисијава ни која е девојкава, стандарди за забавни емисии не знам каде има - а колку се наши Македонци неписмени, не се трудам ни да се замарам со неписменоста на странци во државава. Буквално секојдневно луѓе со сериозно образование и функции се тотално неписмени во официјални преписки, не знаат ваљда ни како да сменат латиницата на тастатура...
+1 на ова. Емисии од забавен карактер не мора да се некако стандардизирани. На крај на ден ако има публика за нешто и на таа публика му е забавно - емисии од забавен карактер си ја исполнале целта. Дури и забавни емисии шо сме имале низ минатото колку често биле на некој дијалект или со србизми и сл. Едноставно има публика за то, и тоето. Би се согласила дека можда поарно да имаше (а, можеби и има) јутуб канал, тик ток и слично, ама да бидиме реални, заработка кај нас и Америка од такви платформи е значително помала, башка колку дискриминација би имала да најди irl работа. Сте спомнале дека е "фетиш" и дека доби работа ваква само зошто е црна. Веројатно е точно, ама јас вервам дека се нормализира нешто само ако сме изложени на то нешто. Сега е нешто "ново" и нешто не до сега видено, ама во иднина ќе е нешто шо нема да се доживува ко чудно на тв. Вести, прогнози, "сериозни" емисии - би разбрала да не збора некој добро јазик и то да е проблем. Би ми сметало и мене.
За болдот - нормално, ни ти ни јас не би збореле на дијалект во таква средина, како што и пазам кога не сум во лабава средина да се изразувам и писмено и усмено литературно. На форумов ги забавувам широките народни маси како ќе ми дојде, на пример