devojki na koja planeta dojdov kako se pisuva na kirilica ? oficialno sum izgubena .. ke mi treba poveke vreme da go naucam noviov forum od kolku sto mi trebase windows 8 da go naucam
СДК Одвај го чекаш Спасовден(Петок) па онака се релаксираш за наредните 2 дена слободичка, кога ти викаат „Утре во 8,30 на работа“ и сеа што!? Кој викенд кои бакрачи.Туку ништо дај пополека да си се спремам за извршување на работните обврски Имајте убав ден.
СДК дека сакам да се мафнам од срединава во која живеам да заминам некаде да одморам од луѓево, пошо човекот најскапо ги плаќа ефтините луѓе..
Добро утроо Денот по утрото се познава, ја одма на фемина така да денов убав ваљда ќе биде Се прашувам зошто толку озборувања и љубомора помеѓу себе...ЗОШТОО? Секој си има свој стил и начин на живот бре луѓе. Една физичка промена и готово, центар пажња и тема на озборување ќе бидеш. Слушаш од некоја страна...Леле видија каква си ја направила косата, леле како ја носи блузата и незнам уште што не Овде кај нас „жена со стил“ за жал секогаш асоцира на нешто скапо, брендирано, кое мора да го поседува за да добие титула „ жена со стил“. Истите такви девојки, дами, жени, од страв да не изгледаат сиромашно, шетаат низ центарот на Скопје со лажни копии на познати светски брендови Chanel, Prada, Gucci итн. а притоа не се свесни дека изгледаат униформирано. За добар стил не мораш да носиш скапи брендирани парчиња, ако имаш стил – и со многу малку пари можеш.
И небото не може да биде граница за оние со конкретна цел. Линијата сами ја означуваме, а целта е нешто што не возвишува и ги руши сите бариери. Ограничени сме само од ѕидовите што сами ги градиме.
http://vecer.mk/makedonija/makedonec-siluval-kobila-vo-shvajcarija Сакам да кажам дека цел свет се гади од нас. Не клуч за Европа, не визи, после вакви работи треба катанец со бодликави жици да ставаат европјаните за да се спасат од нашата глупавост. Се изопил, се издрогирал, им за изе*ал кобилата и сеа ?
Кога од најпасивен начин на живот преоѓаш во екстра динамичен, нели е се` што сакаш да се пикнеш под ќебе и да сакаш да исчезнеш? Не знам, некако се претворам со многу несигурна личност што воопшто не личи на мене, ама ме иритира и со сите сили се трудам да не биде така. Правам распореди, се организирам да имам време за се`, за да им посветам внимание на сите, за да ги исполнам очекувањата на оние кои вложиле во мене и веруваат во мене, на оние кои се несигурни дека им припаѓам, а ми ја стискаат душава во дланките, на оние кои те забораваат на долгорочно и сега се враќаат и изгледа како ти да ги избегнуваш.. Освен за себе.. Немам време ниту за парче добра музика, ниту книга, долга прошетка за разбистрување на мислите, монолог со себе. Офф топик: Ме мрзи да барам низ темиве, ама што може да биде причина за прекумерно спиење, т.е. ми се случува постојано, наеднаш ми се приспива и морам да си легнам зошто очиве ми паѓаат, просто не можам да останам будна, дури и ако сум спиела добро претходно. Некогаш се плашам дека ќе заспијам на маса кога сум излезена и сл. Причина?
Вчера шетаме со другаркиве, влегуваме во ДМ, секоја на различна страна, која за што си дошла Земам едно машко лабело, и другарка ми: Зошто такво обично земаш? Што не си купиш вакво со бисерен сјај? Викам: За men е ова. А таа: Па за тебе де. Јас: Абе не за мене, туку за men. Машко лабело И така, си се разбравме.
Ај уште 10 дена и родителска...Богами убаво го загреав столот последниот месец ама се исплати после живела слобода!
Штета што никогаш не се запрашуваме колку се среќни нештата кои што не прават среќни, и луѓето кои ни носат насмевки. Штета што тие засекогаш ќе бидат како месечина. На другите им носат светлина, а самите никогаш не го виделе сонцето. Можеби токму тоа е нивната задача, да не чуваат од вртлогот на ноќите и да бдеат над нас со надеж дека душите ќе ни оздрават.
Ужасна работа,таман си реков ќе се изнаспијам,а вчера не известија дека денес ќе одиме на школо.Ах бе аман,ама шо убаво ни беше предходнаат недела-продолжен викенд 5дена не одевме на школо.Ајде одјовем,шо ојдовме во 6 станавме.И часовите не ни ги скратија.ЕЕ ЈЗК да е..Сила немам.А и за учење топ сме,за др. недела..И онака саботно часовите бавно одеа.Таа математика не како 45 да траеше тој часот како 2 саати.
Од секогаш се водам според правилото:"Здравје боже кога ќе имам деца никогаш нема да ги излажам за ништо"... Еднаш овде ја имам напишано приказната кога моите ме излажаа дека за Нова година Дедо Мраз ќе ми остави пакетче под елката,а јас дете,од сон се будев на секој пет минути и одев да проверам.. Дедо Мраз не се појави а таа Нова година не добив ни подарок. Зошто? Бидејќи моите немале пари за да ми купат. Наместо тоа ми сервираа таква слатка лага на која што и до ден денес се сеќавам на секој момент,како станував како одев до елката,како гледав од секој можен агол..А подарок немаше.. Еве до ден денес мајка ми не се ни сеќаваа на таа случка,многу биле,многу не лажеле,ама јас се сеќавам... Немојте да ги лажете децата,тие се многу паметни,им оставате траги за цел живот. Можеби некому ова ќе му биде смешно и ќе помисли како толкава трага за едно пакетче.. Ама јас ќе ви кажам,не е за пакетчето,за лагата е.
СДК дека премногу ми е смешно кога ќе видам некоја девојка или жена што не знае да оди на штикли, и се виткаат цели нозе и со цел памет облекла штикли (и тоа од високи по високи), зарем мисли дека така ќе биде посекси, не само изгледа како вистински кловн.
Ова смајли ако немате против јас сакам да си го именувам како Тони Михајловски смајли..некако на него ми мава вака...иначе јас се чувствувам како пингвин,фактички како ставена во фрижидер и така сега од ладново мозокот ми е на снимање на филмот фрозен ин мацедонијан верзион и нема некакви крејзи идеи....Всушност се мислев доколку би била животно,убаво ќе биди да сум мајмун? Секогаш кога уклучвам анимал планет глеам мајмуни и си го препознавам брат ми шимпанза...тоа ти е...чарлс дарвин де....море да си ќутам поарно,ќе ме мислат филозоф
Знаеш дека си видно замислен и насекиран кога дури сега го пиеш првото кафе, а си кафехоличар како мене и си станал пред сто години. Да беее... и за вас има, да. ... и гледам ... само кога сум во ПМС. Пошо тогаш освен кафе и благо, ретко што друго толку јасно гледам.
Тешките моменти се зад мене и сум многу среќна поради тоа. Знаев дека се помине. Сабота е. Ден за релаксација и уживање. Филмчиња, фудбал, јадење check Имајте убав викенд.