Не знам.. Ми го снема статусот на Вибер кај што се глеа активноста, до тогаш се глеаше. А коа вртам само тоа, дека е изгасен.
Кој левел на некултура и непрофесионализам бре, им пишуваш убаво за информација околу нарачката, уклучени, маваат сеен, не ти одговараат Е ради вакви ствари шо ме вадат од такт не би купувала више од такви, па колку сакаат нека имаат интересни производи. Шо кур оставате контакт, коа не знаете да комуницирате бе?
Само затоа што си уникатен, не значи дека си и корисен. Ти си апсолутно уникатен како и секој друг. Ајт чаос.
Има некои луѓе се онака...злато. Не ти се фамилија или блиски, не се некои што ги сакаш буквално, што ги гушкаш постојано или што постојано се гледате и си зборите на најразлични теми. Туку некогаш сте се сретнале некаде, сте соработувале професионално, можеби останале само познаници, некои сте ги виделе само еднаш, други ви помогнале во некоја ситуација. Ама ти оставиле таков убав впечаток што и да не ги видиш никогаш веќе, длабоко во себе им ја посакуваш сета среќа во животот, зашто заслужиле, зашто знаеш дека во нив лошо нема и не може да има.
Она кога читаш најбанални conspiracy theories на форумов и сакаш да се избациш со факти и аргументи, но ти текнува на сликава и си викаш why even bother... Спојлер
Ама луѓето што немаат ден факултет кога ќе кажат на студент "Лесно ти е тебе, да знаеш на работа како е, учи и не се жали да не ти биде тешко после на работа". Мило ми е што не знаете како е на факултет, да можеби по лесно ќе најдеш работа и по платена и се тоа сте до некаде во право, ама дека е лесно на факултет, не е! И не дека ако си со факултет на работа ќе ти биде сјајно, не седиш и не броиш ѕвезди и коли колку поминале, ви се верува или не ама работат и тие со факултет. И далеку по добро е на работа, одиш 8 часа, после што сакаш правиш имаш и слободен ден, епа на факултет таа привилегија ја немаат студентите, на часови и да седиш мора дома да учиш, кога доаѓа испитна магично се научено ти се губи и учиш по цели денови и не е лесно, напорно е, нервозно е и не е жалењето на празно (особено на факултетите поврзани со медицина и техничките). Плус дека студент на факултетот си најмалку почитуван, исто како шефовите што се однесуваат со вас така и повеќето професори со студентите.. Секоја чест на луѓето што ги фалат и ќе им речат "Браво". Многу ми е по мирна главата сега кога не сум студент и многу повеќе спијам и по добро се хранам и 10 пати повеќе уживам во животот. Инаку со среќа на сите што сте со испити сега, се да си положите и не се нервирајте има рокови. Јас се нервирав, ама не ги доживував многу емотивно и трагично, се нервирав за да ми останат што е можно помалку испити за лето, за да ми биде слободно. Имав многу среќа јас, секогаш ми се паѓаше она што го имам учено, ама ме мрзеше за седам многу на испит и колку и да знаев само ќе напишев толку колку за да поминам и си излегував.
Емотивно ме оштетија серии, ликови и дијалози кои не се карактеристични за ова поднебје, па сега барам иронија и шарм како у амерички ситком, во море од ,,Мујо и Хасо" хумор и шаблонски муабети кои не водат никаде. Владее некоја епидемија од неуникатност, „здр, како си, за што си“ зомбија на апликации, муабети за временска прогноза со таксисти, хехенца за женидби на маси со роднини бумери. Сите муабети се фотокопија, сите разговори се исти. Сапиосексуалноста е проклетство, особено у оваква вукојебина.
Те разбирам комплетно. Кантри американа е кантри помешано со блуз и рок, така некако. Пример музиката на Chris Stapleton, Zach Bryan, Dylan Gossett, Sturgill Simpson, Turnpike Troubadours, John Mayer (некои песни), итн.
Сега случајно ми излезе Влатко Илиевски со една позната песна. Каков златен пејач изгубивме. Што му требаше тоа што го направи.
Непопуларно мислење: животот е поубав откако ќе завршиш со образование. Си научил, си се оформил, си се осамостоил, си се вработил и почнуваш сосема нова фаза во животот. Не е лесно да си ученик или студент, иако така сите возрасни велат.