Скролам низ заедничкиот документ со twin, да видам да не има нешто негде додаено и да сум испуштила (имаме заеднички документ шо е голем дигитален лист на кој си пишиме на која каде ќе ѝ се фати и неделата неколку пати отворам да видам дали има нешто пишано, и ко ќе ми текни нешто - одма отворам и дополнувам). И се потсетив на нешто, и можда го имам споделено, можда го немам. Не памтам. Ова памтам дека јас го пишав зошто тешев другарка велејќи дека сите сме нестабилни, шодека велиш дека ти си. Ти само треба да си најдиш некој чија нестабилност ја комплементира твојата. Оти ако не се комплементирате - ќе се судрите и нема да функционира. Ама моите недостатоци треба да ги надополни партнерот, и јас да ги надополнам неговите и тогаш ќе функционираме како едно.
Што е со ФБ што станал како некролог. Само за починати лица ми искача на feed. Убаво порано си имаше весници, па некролог и ајт. Сега на мрежи.. свашта.
Низ помалите градови низ МАКЕДОНИЈА,уште има она на бандера закачено некој дедо починал.Истава практика ја има и во Србија кај што имам одено ,ми паднало во очи,нели порано така беше кај нас во секоја населба?Секој ден ако идеш иста улица ,секој ден гледаш.ФБ ти е полајт опција-мислам.
Нема во Ск ама во малите градови да.. уште има.. се претера на фб. Па тоа исповеди па тоа спомени. И она со AI спојување како да се живи ми е морбидно.
За тоа го избришав Ненке, и искрено поубаво ми е Веќе ни прстот не ми оди сам накај иконата од фб. Преубав ден, Мислам се преродив.
Детето што го удираше кучето на видеото што кружеше, многу веројатно го прави тоа зашто е самото тепано дома или трпи друг вид на насилство или пак е скрос запоставено. Али океј, требало да го тепаат (детето), не бил ќотекот лош. Па може и кучето нешто лошо направило, затоа го тепа а? Што така за куче ве боли, за дете не? Дете кое е гледано со љубов и посветеност не покажува насилство од чиста мира, како више да ви објасни човек ебате тоа насилниците.
Моја многу блиска и драгоцена личност ми откри некои работи, поточно трауми коишто ги доживеал како дете. Онака низ смеа, низ шала и мислам како светот да ми се сруши. Знам дека имаше многу тешки мигови, знам дека психата му е целосно уништена, освен што го сакам премногу на друг начин не знам како да му ги залечам раните.. Понекогаш подобро е некои работи да нѐ ги знаеш за некого, отколку да ги знаеш.. Помалку боли заблудата да веруваш дека некому му е добро, отколку стварно што му е.. Животе, животе, некому мајка, некому маќеа....
Ако преминеме преку фактот дека цените за м2 недвижнина во Скопје се многу високи, наидуваме на еден проблем што е според мене, многу поголем. А тоа е колку сопствениците или агентите за продажба се некултурни и неписмени. Значи продаваш стан, куќа… Не си го фатил господ за мад*ња. Дали станот сакам да го купам и дали цената ми одговара, ќе зависи од личниот впечаток за него во живо, а не само преку 2 матни слики. Се работи за инвестиција, не за леб купување. …ама изгледа има и такви што купуваат преку слики, па после се некакви “изненадни” поправки им излегуваат.
Од вчера престанав да јадам благо и онака никогаш не сум била зависник од благо , еве денес обланди ,еклери ништо не земав , пусти инат , како што може некои луѓе да се откажат од цигари , што е благово во споредба со тоа
Пред некој ден една жена од мојов град само што се доселила прашуваше дали има конкретно гинеколог жена од Балканот тука у близина за да се разберат поарно ради јазикот. Да знаете колку жени и рипнаа у коментари демек била затуцана оти морало жена, кога имало мажи добри доктори бла бла бла. Што знаете вие зашто таа жена не сака кај маж да иде? Отчет да не ќе ви дава? Нит па увреди некој нит некој став искажа, праша само за жена доктор. И коа сме на темава, ја никад не сум била и никад нема да идам кај маж. Тоа е, што е. Мој проблем.
И јас преферирам да идам кај жена доктор. Било каков доктор, само да е жена. Со жена можам поубаво да се разберам, поубаво ќе ме сфати, и најважно од се поубаво ќе ми објасни се. Додека на мажите - треба со клешти да им ги влечам зборовите од уста. Така да, не фала за доктор маж. Си знам од искуство. А нашиве балканци, освен да ја тупат и судат за нешто, за друго незнаат. Слободно нека си терат со нивните либерални сфаќања.
А ако се работи за доктор кој е претерано стручен и квалитетен? Глупо е вака да се генерализира, што знам.
Дур вашите родители се покрај вас и се во добра здравствена состојба. Вие сте најсреќни на свет. Стварно се осеќам дека не можам повеќе бидејќи се е оставено на мене, Клиника, доктори, апчиња и сл....
Ете, јас имам обратно искуство скроз. Значи главно за странскиве зборам, во мк имав ок матична и толку. Во принцип генерализации се глупи, пошто имам искуство со топ кардиолог-жена, со сто години искуство, топ орл доктор со многу такт и сенс, топ ендокринолог-маж, со исто многу разбирање и човечност. Гинекологот ми е маж со сто години искуство исто, и ме испрати дома со смиреност дека се ќе биде ок, наспроти таа другата лудача, од која заминав со плачење да се спремам за операција. Значи, читам референци и бирам доктор, другото ми е небитно.
Гинеколог и претходната докторка, и сегашната - жени се. Во "ранливо" место ми е важно да имам пред мене некој/а шо не ми е 1) опасност и 2) знам дека барем дел од моето искуство го има искусено и самата. Со други доктори немам преференца, впрочем кој ќе биди нека биди (не толку ноншалантно, научив да пребирам каде имам можност за то), ама скроз не ми менва дали ќе ме прегледа маж или жена. А, дека ќе ми значи некој ако ми збора зошто одам исклучиво кај жени гинеколози ... едноставно никако не ми менва на животот дали некој има проблем со то.
Па и јас за странскиве зборам . Такво искуство имам. Не зборам за стручност, они сите се стручни, али кога иде до дел објаснување - подобро ми објаснуваат жени. А за во Мк, сите ми беа исти, и на тие и на тие требаше со сила да им вадам зборови.
Мене жена гинеколог многу груба ми беше при зимање брисеви и при некои коментари. Еве сега сменив на маж и презадоволна сум. На крај краеви кој на каков ќе згазне.