Шо има лошо во лазања? Плочки, мелено месо, доматно пире, печурки, грана падано, имаш протеин, јх, масти, сè. Бургер исто, лепче, парче месо, зеленчук. Паста моеш на мал милиони начини да ја избалансираш. Исто и компир. И ориз. И леб. Само треба да научиш шо да комбинираш и подобар избор да праиш. И со усул.
Јас знам дека ги имаше во Стокомак кај нас во Мк. Отидов да ги барам во 3 маркети и на крај прашав каде можам да ги најдам и ми рекоа дека веќе не ги носат. А таман сакав да ги пробам. Иначе за тие што не знаат, Марленка е традиционален ерменски колач и е многу популарен. Го има кај нас во некои ресторани (мислам дека на плоштад во Ла Тераца), ама сеуште не сум отишол да седнам и да пробам. Имам некои пријатели што го пробале во ресторан и викаат дека е многу добар.
Па ок, зашто ме цитираш само на тој дел ? Постојат ѓаволски работи ,затоа тие гатачи бајачи секој пат им го кажуваат минатото на овие со испрани мозоци што идат , пошто повеќето се чудат како не можеше да ги погодат бројките на лото , тие минатото го кажуваат многу лесно ,затоа иднината не може ама тие што прават такви работи дупло полошо им се враќа , значи имам пример и јас не сум верувала ,подалеку од такви работи тоа е најлошо нешто
Најлошо е кога се лажеш себе си. А тоа го правиш секогаш кога на другите докажуваш нешто што не е вистина, само да се оправдаш себе и своите погрешни постапки. Но вистината секогаш го наоѓа својот пат и кога тогаш ќе ти докаже сама .
Биолошкиот часовник чука за ВАС Вие сте тие што лаат дека жена не вреди по 25-тата, само за да си ги скриете комплексите додека бркате 20 години помлади. Ама математиката е кучка: кога ти ќе бидеш вовнат старец од 60 години на кој веќе не му се ни дига, таа ќе биде во својот врв на 40. Додека ти дремеш пред телевизор со простатата во рака, таа ќе скока околу секој машки род од 28 години што ќе го види на работа или во кафиќ. Ќе се возбудува на машка сила и функција, оти тебе веќе одамна не те бива за ништо освен за потпирач. Џабе ви се манипулациите за 'вредноста' на жената – нејзиниот апетит само расте, а твојот рок на траење завршува во аптека. На крајот, ти ќе бидеш само гледач, а таа ќе си најде швалер што може да го направи она што ти веќе ни на сон не го можеш. Кој е сега потрошена роба? Кербер
Сдк дека си направив сама да имам симпатија (crush) на човек што моментално најверојатно е недостижен за мене и скоро ништо не знам за него само за да ми е интересно бидејќи ми фали тоа чувство when crushing on someone да си леткам.
Ние, дел од луѓето сме многу глупи, што дозволуваме лично самите да патиме и страдаме. Од главата се пати Прелошо е коа ни 100 лекции не си у состојба да ги научиш. Она коа мозокот одбива да ти прифати, баш така. Почна да ме кошта здравје. Не знам шо треба да се деси за да сериозно се опаметам.. Ми фали мир, ми фали благосостојба, спокој и смиреност. Адреналинот ми е 1000000000, кортизолот уше повеќе, кај може вака да се тера уште долго.... Навидувам убаво расположение, мислиш ќе биде денот убав и пристоен, тоа све се сјебува, и те фрла у бездна..
Не знам каква навреда , јас само кажав дека имам видено со што луѓе се занимаваат блиска личност доживеа тоа , ама затоа тој што така направи му се врати дупло три пати полошо , не е баш само празни приказни и турски серии
Жена на фејсбук споделува страшно искуство кај што била искасана на кеј додека трчала. И сите што ја окривуваат нејзе, ја ви посакувам истото да го доживеете. ФМП
Во Македонија никој не научи да прави пица, паста, шпагети, панцерота, лазањи или бурек. Ама ич. Гибаница, лиснато, пастрмајлија, кифли, ајвар, лутеница, по некој вид месо тоа да. Знаеме да погодиме, али пица и останато катастрофа. И тоа дебело наплаќаат по 400-500 денари од пица. Имам пробано во Трст пица и тоа што се продава во Македонија нема врска со италијанската. Само во една белградска пицерија се прави вистинска италијанска пица и паста. На никое друго место на Балканот. Не сфаќаме колку е голема разлика во вкус и квалитет со оригиналната додека не пробаш. Инаку, пица било сиротинско јадење на југот на Италија, поточно Наполи. Само сиромашни луѓе јаделе пица во Италија.
Реално зборувано, има мала шанса, но I shot my shot (на некој начин) и сега што ќе биде ќе биде. Океј сум со сѐ но повеќето ми е само интересно дури можам да си правам филмови во недостиг на информации.
Зошто ко за муж, мужите имаат шмек за готвење баш (кога сакаат да не забушаваат по дома). Повеќето готвачи се уште се мажи.
Ме контактираа на LinkedIn од една агенција што би се отворила наскоро во Македонија. Бараат remote кандидат што ќе работи за нив. Си викам што да не, ајде да пробаме би ми дошле супер дополнителни приходи. Се уклучувам на интервју - Непалка. Океј. За што е позицијата викам. Накратко, станува збор за ХР агенција, која е во моментов активна во Бугарија, отворена е во Македонија (регистрирана проверено), и станува збор за агенција која ќе спроведува вработувања на личности од Непал, Индија, Пакистан, Африка... да дојдат да работат за нас. Односно за градежни фирми, текстилни фабрики и секаде каде недостасува работна сила. Супер е замислата, но! Истакнува дека истава агенција работи и за Исланд, Парис, Холандија... и ми вика Непалкава: „Сигурно виде колку сме бројни во другите земји баш би сакале да дојдеме и да ја видиме и Македонија“. Демек да дојдат и да се населат и тука. Од една страна, океј е, отворен свет, отворени размислувања, отворени граници! Немам проблем. Од друга страна, свесни сме за сите силувања, не-безбедноста, желбата да се пробие Исламот и сите негативни работи што ги гледаме баш во овие земји и баш од овие луѓе. Им се заблагодарив на времето, но јас не би сакала да бидам одговорна утре ден за тие луѓе, да имам на мисла дека можеби јас сум таа што направи тој човек да дојде и стапне на наша земја. Јас не велам дека ако не сум јас дека може нема да е некој друг. Но, едноставно не би сакала, сепак имам дете, имам фамилија. Целта е да се повикуваат наши компании, да се нудат работнициве, минимум треба да вработат двајца од Непал, Индија... или повеќе, а јас за секој вработен чим стапне во Македонија без разлика дали започне со работа или не... чим стапне добивам пари. Господ нека ни е напомош!
И покрај целиот хајп околу Супер Боулот, настапот на Бед Бани ми беше големо разочарување. Иако го слушам и го сакам како артист, овојпат очекував спектакл, а добив нешто просечно. Во споредба со Кендрик Ламар од лани — ова беше нула. Секако, ова е само мое мислење..