СДК, дали овие што „се бодат“ во секоја тема се така..поосамени? ..бараат ли рачка за да некој..реплицира?
Класичен македонец... Излегува професионалец, кажува дека Шара се издига, затоа има земјотреси. Македонецот и сите националности кои живеат тука коментираат стручно: ај не јади г...., ја па мислев ја се смалувам, а оно Шара растела, многу знаеш ти итн итн гадости. После искача статија за некој што освоил медаљ на Олимпијадата, а плачел за жената што ја изневерил, следат коментари: се кажува тоа ли бе, плачипи*ка, глуп и слично духовити коментари. И све ова гласа...
Како некој шо проба и се заеба - ако ептен сакате да пробате, една лајца агаве (или мед, јас кладов агаве оти потечно) го спаси "чизкејков" за да не заврши в канта. Ама дека само бискоф и грчки е јадливо - не. Радо би бисквитите со кафе по една да ги изедев него вака.
Не може тебе животот да ти се распадне кога не ти е ни среден. Па уште јас филозофирам… ноуп Сократ ми е омилен и од него крадам. “Кога дебатата е изгубена, навредите стануваат оружје.”
Јас гледав верзија со кафе, како тирамису да дојди. Грчки јогурт, бисквити некакви (не мора баш бискоф, за ова повеќе плазма би одговарало) инстант кафе со вода измешано (и шеќер по желба). Бисквитите се потопуваат во кафето и се редат во грчкиот јогурт, се посипува какао одозгора и да отстои во фрижидер неколку саати барем. Ова сакам да го пробам па ќе кажам како испаднало.
Минимум 3-4 пати си го иам пукнато носот гледајќи филм на телефонов и нагло ми доаѓа сонче и ме траска истиот по нос..some things I ll never learn.
Батали тие американски глупости мешање благо со солено. Пробај пудинг со бисквит или плазма одозгора. Нека се зготви пудинг прво, па стави во шоља пудинг и нареди неколку бисквити, остави ги така 1 час на суво да стегнат, па стави ги во фрижидер нека стојат 2-3 часа. После пробај, па кажи впечаток. Место бисквити можеш да ставиш Милка крекери чоколадни. Мојот пудинг го фалат од Вардар до Триглав. Сите. Апсолутно сите.
Не знам скептик сум, учам од туѓи грешки. А и пробувам да ги поврзам вкусовите апстрактно мислам дека ни таа комбинација нема нешто многу да спаси тбх.. Едноставно не може нешто толку брзо припремено да очекуваш да е како торта во која се вложува 2 саати. Проблемот е што они го опишуваат со толкав хајп као да е преубаво. Имам пробано ресана со протеински ванила пудинг, деф поубаво од "чизкејков" иако имав повисоки очекувања.
Ресана никако. И само чоколада пудинг од најблиската пиљара што ќе ја дофатиш. Тука ти е хемиската формула утната Само бисквити/плазма или Милка чоколадни крекери. Се да удира на чоколадо. Апсолутно се. Ресаната дава вкус на црешасто и така слично. Нека отстои 1-2 сата на суво, па тресни во фрижидер уште сат време. Па, ќе правиме после муабет.
Might work ама грчки јогурт е красат и пак останва негибнат. Имај агаве при рака да не треба да фрлаш. Буквално ми спаси "чизкејкот". Скиселена фаца имав ко пробав, исто како шо тој беше кисел. Абе и те како има убај брзи рецепти, само овај дефинитивно не е од нив. На овај му фали засладувач (барем). Имаше и една верзија со мармалад плус од горе (ама мармалад домашен со чиа и свежо овошје и без шеќер беше ама јас би ставила и шеќер). Така можи да е подобро, иако, пак би рекла, со вистински мармалад ќе е можеби вистина убо/јадливо. Те молам пази. Почна да имаш популарни мислења. Ме загрижуваш.
Knight of the seven kingdoms е вистинско освежување од серија како приказна што се случила пред околу 100тина години од случувањата во Game of Thrones.
Ич нејќам коа праам муабет со некого и трета персона у собата се умешува, одговара наместо тој со кого разговарам, упорно дофрла нешо. Као да сакав ти да ми одговориш, тебе ќе те прашав, у пм, научете се да си ја држите устата затворена и да почитувате други луѓе.
Шубаво било да немаш апетит Се надевам долго ќе биде вака Доста беше ждерење бе Сеа и благо и солено да ми даеш, нема да го приметам
Како сум се истрчала, чувство на ниво душава ми се препоти. Па дождецот плус шлаг на тортава. Бонус тука нема чопор скитници да ти се стрчаат, а и да имаше постои едно мало апаратче што им пушта звук само тие што го слушаат и бегаат како ѓаволот да го виделе. Додуша од мене прво би избегале, запотена и задишана и бушава пострашна од ѓаволица ќе сум им. П.С. Ме има згризано до степен од кревет да не станам со недели. Шиена, бодена...добра и отштета добив, но налет такви пари и се... И од тогаш со ум в глава, поради лошо искуство и така. А кој не сака да учи на сопствени грешки, подобро од туѓи и грешки и искуства.
Одамна ми е земено после непријатнава случка ич не се сеќавам точно, дали Али или Тему го има некаде. Прогуглај ќе ти излезе.
Во последните неколку дена стално се врте вест за девојчето што почина од операција на крајници во Србија. Моето дете треба да праве иста операција. Јас сум исплашена. Јас мислам на најлошо. Јас сакам да плачам. Јас се плашам. Имам нешто некоја грутка некој страв за тоа...
Во последно време обично слушам како луѓето се себични без емпатија и без да сакаат да помогнат на друг и по големи се шансите да налеташ на такви, ама денес сепак видов дека постојат и добри луѓе во светот. Сега пред малку одма да си купам за јадење и гледам дека едно куче не може никако да помине улица и еден дедо стои на спротивната страна и го гледа, прво помислив дека е негово и го оставил само да помине и снема коли на улицата, се затворија семафорите и дедото почнува да му мафта и да му вели "ајде кученце помини си брзо, брзо нема коли, дојди" и кучето помина, и кога разбрав дека е улично куче и дека застанал само за да му помогне да помине улица убаво ми дојде на душата што има такви луѓе.