Треба власта да се преиспита за населените во Скопје пошто се направија во Скопје, а другите градови умреа.
Чувството кога мачката се пика во тебе, ти седи во скут и прави: И има луѓе што не сакаат мачки. Нешто толку слатко, убаво, мило.
Обично мачките се лепат по тие што не ги сакаат. Јас не ги сакам, се плашам од нив. Имам трауматично искуство со една мачка кога бев мала. А со кучиња немам проблем
Прилично е интересен фактот како само ние луѓето мораме да тренираме и ни треба дооолго време за да стекнеме кондиција и сила преку тренинг, додека кај животните истите се сметаат за нормални еволутивни особини. Шимпанзата се неколку пати посилни од луѓето, мачките имаат неверојатни рефлекси и перцепција за простор, гепардите како најбрзи цицачи го "ловат" пленот така што го бркаат до преморување. А ние се тресеме тешко да дигнеме или скали да искачиме оти минуваме години одејќи само дома-работа и не знаеме за друго. Метаболизмот се менувал, колената ќе болеле на стари години. Ќе болат уште повеќе ако не ги користиш. За помали повреди ортопед ти вика "мирувај". Само тоа. Недајбоже да вежба тинејџер, нешто најстрашно. Сме станале најинтелигентен вид, на сметка на физичките особини. Како деца трчаме надвор по цели денови и после се затвараме во школо и канцеларија. И кога ќе ни текне да вежбаме, ајде помини години во теретана или во друго за да стекнеш сила, за да искачиш скали без задишување. Значи го имаме потенцијалот да бидеме и силни и со кондиција, ама бираме да не го користиме дур не дојде јајцето под гз.
Don't use it, you lose it. Иначе и кај животните е слично, тие што се затворени и не праат ништо, буквално губат мускулатура и сила.
Колку и да се турка во мене мачорот, еве го сега лежи над мене и преди и се мази, чим ја види мајка ми - одма е во близок радиус на неа. Не оди во неа ама седи и ја гледа. А, та не баш го сака. Му велам дека ако се охрабри да го гибни, после ќе ми го укради мачорот ама не се осмелува.
Мене па увек ми приоѓаат и уличните ретко на диви налетувам а не постои личност што повеќе ги сака од мене. Како човек што секогаш носи со себе марамчиња за дезинфекција случајно да не се допрам до нешто, кога ќе ми пријде маче такво преслатко и мило заборавам на сите потенцијални зарази и без било каква хезитација го галам а потсвесно знам дека се движело по канти, ловело глувчиња. Често размислувам рендом ствари за мачки. Он си мисли на него мислам а јас размислувам како и зашто мачките го изгубиле статусот кои го имале во времето на египетската цивилизација.
Па и двете екстреми се лоши, спортисти генерално патат од повреди, коските од премногу напор се трошат, исто и со неактивност, при движење се подмачкува коленото со синовијална течност неопходна за здрави зглобови..
Да да, пошто бабиве што се жалат биле атлетичари на времето, затоа ги болат. Просечниот човек го болат од неактивност. И за тие луѓе зборам. Просечниот човек секако нема време да вежба 7 дена во неделата како профи спортист. Така да нема поента аргументов.
Жените се посклони да добијат остеопороза генерално ради биолошки фактори затоа бабите ги болат колената. А дека болат од неактивност никаде не оспорив. За екстреми зборам.
Како мислиш се трошат коските од напор? Воопшто не е вистина. Елитен спортист кој е една страна на спектарот, единствено нешто кое може да му го наруши животот е сериозна повреда. Од другата страна на спектарот пак сите лоши последици се десет пати пострашни.
Веројатно мисли на механички стрес, hairline fractures што е рецимо често кај трчачи. (Shin splints што болат о леле мајко). Али пак, тоа не е трошење буквално на коската. Ама и тука кај со адекватен тренинг и опрема и она "слушај си го телото", нема да настане ништо сериозно. Ама пак е неактивноста многу полоша.
Мачињата ми се омилени животни, но за жал имам алергија на мачки. Кога ќе ме изгребат, ми се појавува црвенило и ме чеша, очите ме печат, ми солзат и кивам во нивна близина. Еднаш, баш на вчерашен ден, бевме со друштвото во викендица кај другарка за Св. Трифун. Она чуваше неколку, ама преубави, дебели и крзнени. Мене ми беше ладно вечерта, со вино запиени бевме, па ми даде другаркава една плетена наметка, ја ископа од некаде. Седам, кивам, се чешам, очите ги миев константно, умрев. Леле фацата на сликите кога си ја видов, без очи, огромна отечена главура! Утредента приметивме дека наметката е цела со влакна, мачкиве си лежеле на неа. Се деформирав, од лебед станав грдо пајче. Среќа не умрев.
Shin splints се чести кај почетници и некои што се убиваат од тренинг. Јас имав мака со месеци со нив полани. Болки до степен да не можам да си ја пипнам ногата од напред на коската, да скокнам, да се симнам по скали, абе едвај и спиев. Едно време викав скрос да престанам со трчање оти ако вака ми е цел живот, no no. Ааама наоѓав типс, правев паузи кога стануваше тумач, лека полека ги надминав. Сега немам ич мака Затоа, listen to your body. Али и затоа си наоѓаш активност што ти одговара. А од вежбање со тежини стварно не можам да најдам шо штета би правело. Баш кај жени ради помалата густина на коските и ризикот од остеопороза, уште повеќе се препорачува физичка активност.
Под екстрем подразбираш спортист кој вежба два пати неделно? Па не е само сериозна повреда, од голем напор рскавицата се троши па и после мала повреда може да се скине менискус.
Докажано е дека со тежински тренинг коската се "згуснува", станува поцврста и потешко може да се скрши, затоа се препорачува апсолутно сите да креваат тежина, дури и на 50+, 60+, секако без претерување, ултра внимателно и со правилно изведување. Оттука ако цел живот не креваш, на постари години ни сам себе нема да можеш да се кренеш да застанеш на нозе.