Јас не би се согласил дека е себично да се очекува од творба како комуна што е семејството да му се помогне на близок роднина, особено ако е дедо или баба или постар мајка или татко.
Што ако си водел здрав живот, си се исхранувал здраво, си вежбал и доживееш мозочен удар или имаш Паркинс, или било која болест која ја лимитира твојата подвижност. Заслужуваш да ти подаде некој чаша или толку од тебе, во дол нека те фрлат. Каков муабет жено. Ги жалам тие родители чии деца имаат вакви размислувања.
И дијабет е генетски, а е поврзано со исхрана. Срцеви заболувања исто така. Рак исто така. Ништо не можеш да спречиш во целост. И не постои човек кој е целосно здрав. Влијаат и екстерни фактори. Пример загаден воздух. Примарно.
Тоа сега не е баш фер, cherry picking што ни се допаѓа а што не само за аргументот да изгледа делумно разумен не е начин на добронамерна дискусија.
Ама кој ни гарантира дека ако трчам/трчаш ќе доживееме старост ? Да убаво е да се грижиш за себе не само за своето физичко здравје туку и психичко нели ама сепак не е тоа сигурна гаранција за утре ден ако остариш и развиеш некоја наследна болест или нз недајбоже некоја незгода доживееш нема да имаш потреба од нечија помош дали било од деца или партнер.
На непознат стар човек би му дал чаша вода не пак на родител и не само чаша вода туку се шо можам ќе им помогнам, ама добро не секој има човечност во себе.
Ова е најбитното да се запамти во оваа дебата, ништо што е поврзано со староста не е 100% загарантирано, и зборење со некоја си „објективна мисла“ за истово е абсурд.
Баш се прашувам, зошто на старост да не ми помага детето. Ќе го школувам, ќе го најадам, ќе го изведам на прав пат, ако забега, ќе се борам да го вратам, ќе го негувам кога е болно, ќе неспијам и ќе чекам да се врати дома, ќе го размазувам, ќе му помагам за децата,ќе помагам и финансиски, ќе наследи се што сум творела цел мој живот. Да не сака чаша вода да ми подаде, ќе се запрашам што човек сум израснала. Не зборам за 24 часовна грижа, сама ќе се пријавам во старечки дом, ама ако ми треба некогаш да ми испазари или да ми помогне до доктор да одам или некогаш да ми зготви, бог да чува. Не сме странци, мајка и ќерка или мајка и син сме.
Познавам луѓе што цигарата и ракијата им се најверни другари, живеат од ден за ден, ама очекуваат децата да ги тинтраат на стари години, иначе какви деца се тие ако фатат џаде у Немачка. Е вакви нема шо да ги тинтраш. Сори нот сори. Зошто би? А за помош на секој ќе помогнам...шо не е себичен.
Јас не осудувам што и како правите, затоа што сите правиме нешто што не е здраво за нас, ама осудувам заблуда и кога испревртувате муабети за да се утешите себеси. Воопшто не е до тоа колку ќе живеете tbh, туку како се чувствувате во моментот. А, да се чувствувате добро во своето тело и дух, едноставно не е можно без редовна физичка активност. А и не е баш нормално да ти е сеедно колку ќе си способен во постари години, всушност, многу е патетично да си бабата што цело време офка и оперира лев кук 3 пати во година. Пензионер во Македонија и пензионер во Словенија, Германија се 2 различни поима, пошто додека нашите се приврзани за кауч, во странство пензионерите го искористуваат слободното време да се качуваат по карпи и да ја прошетаат Европа со велосипед. Па размислете што е подобро.
Не те напаѓам, ама тука неколку од аргументиве си немаат врска со тоа зошто на некого му е подобро како пензионер во Словенија и Германија во споредба со тоа во Македонија.
Тие во Словенија и во Германија, не ги дупел кој стигнел. Транзиција, корупција, елементарни услови ги утепа тие генерации. Тие таму, не се печеле на сонце, на нива, да ораат и копаат. Тие таму имаат многу подостапна и посоодветна медицинска нега. Тие таму со тие пензиички можат да си шеткаат. Овие ваму, пола пензија на лекови ја даваат. Останатата за храна. Буквално се два различни поими. Ама додека овој у странство го штитат синдикати, држава те крепи додека најдеш работа, можеш боловање да земеш 2 години за burn out, работи само тоа што му е во договор и ништо повеќе, седи точно 8 саати и не го боли патката дали некој црка, си оди дома. Овој нашиов, ќе работи на црно, ќе нема ни за пензија, ќе го избркаат и демек некој ќе го заштити и да не редам. Седењето на кауч не е зашто Македонија е Швајцарија. Туку немање на пари и депресија.
Така е. Во право си. Само во Скопје прават. А и многу претходни градоналници на градот и општините, не се со потекло од Скопје. Затоа и го запуштија градот. Но и тие што доаѓаат од другите градови не се криви, затоа што доаѓаат од мака, а не за луксузирање. Иста е работата и со другите големи градови како Битола, Куманово, Охрид, Штип, каде што на нив па им доаѓаат тие од село. Миграцијава не верувам да запре, бидејќи треба многу работи да се направат за подобар живот во градовите во внатрешноста и селата.
Различниот менталитет кон здравјето / физичката активност нема врска со левелот на корупција во државата, затоа што еве ти живееш во странство, а аргументираш дека не е толку битно да си физички активен и способен кога ќе остариш.
Па баш дека живеам, сфаќам зошто се такви какви што се. Многу фактори влијаат на тоа. Прво инфраструктура. Тука и баба со штаки ќе излезе да пешачи. Но тротоарите за рамни, нивелирани и спуштени на многу места за да се движиш непречно. Второ, велосипедски патеки и правила на однесување во сообраќајот имаат уште пред ние држава да создадеме. Трето, одлична медицинска нега и постоперативна грижа. Четврто, висина на стандард, колку повеќе финансии имаш, ќе се храниш поздраво. Нас основна храна ни биле паштети, виршли, бутај леб, месо се јадело доста поретко. Петто, соодветен баланс на работа-семејство. Не ти работи после работно време. Сфаќаш колку влијание има тоа за дали ти ќе имаш време да се посветиш на себе? Шесто, милион правила, прописи, дури и ако работиш физичка работа, да не дојде до исцрпување, повреди и сл. Седмо, огромна заштита на работникот, повеќе е заштитен тој, него работодавецот. Осмо, одлични опции за разни хобиња и друштва. Деветто, одлични решенија за социјално загрозени семејства. Финансиска помош, социјални живеалишта, бесплатно здравство. Можам да пишувам до утре. Споредуваш високо развиени земји-голем дел окупатори со утепана, војувана земја што се вика до вчера? И не е дека сите се здрави. Болниците исто така се полни со стари лица, само што има ред и дисциплина, па не гледаш преплавени болници. Ај следен пат за твое добро, преиспитај се најдобро намерно кога споредуваш утепана раја од сите страни, со финансиски стабилни, заштитени, медицински подмирени лица. И ќе очекуваш дедо ти или татко ти, тегови да крева во слободно време. Инаку не велам дека физичкото здравје не е битно. Доста е битно. Како и психичкото. Но, многу често го немаш луксузот да се посветиш на себе.
Ааа џабеееее!! Затоа ти се си правиш од ова, очекуваме 90ка најмалце да доживееш, таман за уште да не смееш по форумов!
Кој јас? И пијам и пушам и ако не е мрсно јадењето не седнувам на маса Ко шо кажав, реума си иам, така да шо и да праам пак ќе ме болат коските . Барем да поуживам