Добро, ако толку е небитно сѐ, затоа што секако не знаеме кога ќе умреме, тогаш зошто го немаме истиот став и за пушење, алкохолизам, дрогирање, општо правење работи за кои е јасно дека штетат на организмот? Зошто тогаш воопшто да внимаваме кога поминуваме улица, да не фатиме болест итн? Која е поентата? Или сепак ги правиме некои работи затоа што ни даваат поголем животен век ? Се разводнуваат факти само заради тоа што не ни се допаѓаат . А за тоа колку сме далеку од менување на перцепцијата дека стар човек = неподвижен човек, и никако инаку, да не зборувам . Како сами да сакате да сте инвалиди на старост . Сѐ тоа убаво ако ви се сруши авион над глава, ама што живот би имале ако не се случи тоа и потоа на старост не можете ни километар да поодите, да чекате смртта да ве спаси . Не е ова да ви посакува некој лошо, само онака, food for thought.
Ова е сѐ точно и на место што пишуваш, ама не може да се игнорира и менталитетот на луѓето тука. Факт е дека постои осуда и притисок да сите се однесуваат "спрема годините", каде што спортување и грижа за себе си е нешто што е резервирано само за млади. Особено за многу жени, посветување на себе си е веќе завршена приказна откако ќе родат дете и неретко и ќе бидат предмет на оговарања. Мислам, да не се преправаме дека надвор од еден специфичен тесен општествен круг сите други се со прогресивни размислувања.
Ама што имаат врска сите тие работи со самиот менталитет на една нација? Сепак даваш аргументи како старите луѓе во странство се поздрави затоа што имаат можност да бидат активни, а муабетот почна затоа што се ти и останативе тешевте дека нема везе дали си активен или не, сите ќе умреме. Океј, држат вода повеќето од работите што ги пиша, сепак се согласуваме дека не е најдобар живот да не можеш да си подвижен кога ќе остариш и дека здрава исхрана, физичка активност и релаксирање (баланс работа-слободно време) придонесуваат кон квалитетен живот... така? Такаа??? Затоа што тоа беше се што сакав да кажам, дека баба у Словенија и баба у Македонија се два различни поими и не треба да се нормализира приврзаност за кревет во стари години, кога може и е пожелно многу поинаку за среќен живот. Проблематичното е што во твоите претходни мислења, ти напиша, црно на бело, дека е најбитно да правиме тоа што ни се прави во моментот за краткоточно задоволство затоа што сите кога-тогаш ќе умреме. Ако тебе ти е океј само да шопингуваш, океј, јас да го послушам твојот совет целиот живот би го поминала во скролање ТикТок и јадење нездрава храна, ама сум свесна дека не се чувствувам најдобро на крајот на денот кога го правам тоа и никогаш не би го промовирала како нешто корисно. Толку.
Џабе се препирате. Не е битно кој каде е роден. Кој сака и може нека си вежба или спортува редовно, но не секој го може тоа. Некој од раѓање е спречен да врши некои активности за цел живот, а друг во текот на животот наидува на пречки. Здравата исхрана и вежбањето уште на млади години се пожелни, но не се гаранција дека човекот на стари години ќе може да се движи и да дига ствари. Доста луѓе во младоста биле супер активни, но на стари години не можат да мрдат без некакво помагало или помош од друг човек. Никој на планетава не е имун на болести, несреќи што може да остават трајни последици, повреди и смрт.
Па не знам, некои живеат во подобри социоекономски услови, а го имаат стариот менталитет, ме буни тоа.
Се пораѓаш, хормони нерегулирани, бебе плаче, спиеш по два саати, почнуваш да развиваш депресии, не можеш ни да се избањаш, затоа што никаде не сака да седи освен во раце и како таа жена не би била запуштена? Мислиш дека и дошло до кармин, до готвење цел саат во кујна, до вежбање? Не знам како некому му изгледа пораѓајот и имањето на бебе, но воопшто не е како на филм. Туку умор, каков што не си го искусила никогаш досега во животот. А мислев дека сум уморна од работа или учење цела ноќ. Цела година практично не спиев. Можеби кога направи 6 месеци спиев по 4 саати, прекинати, многу нормално. РЕМ фаза, што е тоа? Не се сеќавам некаков сон да имав цела година. Не е менталитет во прашање, чиста физика, а богами и хемија. Кога немаш енергија, не си наспан, како да вежбаш? Кога хормоните ти се гличнати, како да најдеш мотив за било што. Особено кога немаш никој покрај тебе. Пак ќе рече некој, маж ти кај е. Јас бев на породилно, кај да биде он. И нормално бебето со тебе по цели денови, не го есапи за родител и стварно сум благодарна што го преживеа цело пиштење и заоѓање додека јас ќе најдев време да се избањам. Кога ќе ја надмине таа фаза, почнува друга приказна. Практично се движи и нормално дека треба да трчаш по него да не се убие. Не знае да јаде само, ќе седеш цел саат да го храниш, а потоа да собираш од земја што ти плука. Не дека не плаче пак по тебе, тек сега пред извесно време дочекав сама без публика во вц да одам. И пак ќе потпорасне и пак бара внимание. Постојано. Не е дека не сум активна, но наместо да кревам тегови, јас се бесам по љуљашки и игротеки, затоа што некој ако не дојдеш по него, нема ни да си игра, ќе седи и ќе плаче. Ќе се јави некое гуру да ми кажува како треба, ама не го живее мојот живот и не го знае карактерот на моето дете. Не е дека јас сакам да сум запуштена, туку индиректно тоа станува твој идентитет, затоа што времето ти го крои некој друг. А најомилен момент, саркастична сум, е кога го успивав по 2-3 саати. Мислиш дека некој после тоа енергија ќе има да се ваља на пилатес топка? Не е избор во прашање. Воопшто. Туку сфаќаш дека потребите на некој друг се далеку побитни од твоите. Чекам, ај да ги наречам, пофлексибилни времиња.
Па не можиме премногу да им судиме на пензионериве тука зошто не се фит и подвижни до крајот на животот. Најпрво ради условите во кои растеле и живееле, и уште живеат. Баба ми ја немала таа привилегија да се "посвети на себе" кога цел живот работела по ниви и била домаќинка, растела деца и сите обврски по дома биле на неа. Како да се посветиш на себе кога уморот те совладува? И последните години од животот беше неподвижна. Кај нас има многу вакви случаи, исклучок е спротивното. Не можиме да споредуваме пензионери тука и во понапредна држава, тука немаат ни сега пари да се "посветат на себе", кога сите им одат за лекови, сметки и храна. Со нас помладите е малку подруго и имаме привилегија на избор, иако не сите и во секое време од животот. И убаво е да се биди физички активен, но додека не си ги решиш менталните проблеми и стресот, џабе ќе ти е. Знам дека помага физичката активност за тоа, но исто така знам луѓе што се постојано под стрес и со одење секој ден во теретана. Тука народот повеќе си пати од менталното здравје отколку од физичкото. Со првото се подобрува второто, не обратно. Но во ваква држава и со ваков народ треба стварно да си цврст карактер.
Во животот не постојат гаранции. Како што веќе реков: Поентата е во квалитетот на живот, особено во последните 20ина години во животот, а не да живееш бесконечно. Поентата е да бидеш што е можно повеќе самостоен. Поентата е да ако се сопнеш, бидеш доволно флексибилен и мобилен да се избалансираш и спречиш себе си да паднеш. Поентата е ако паднеш, да не скршиш коска. Поентата е да станеш од фотељата лагано без да се потпираш со рацете за да се кренеш. Поентата е да можеш да кренеш нешто од под ако ти падне. Поентата е да можеш да ја кренеш корпата со алишта и да ја пренесеш. Знаеш колку 60годишњаци имаат проблеми со вакви основни работи? И се изморуваат брзо правејќи mundane нешта? Знаеш колку лесно можеш на 60 годинида станеш полу инвалид од еден удар? Again, не постојат гаранции. Но ако можеш да правиш работи што НАУЧНО се докажани дека прават многу добри работи за телото и психата, многу е дебилно да се откажеш зошто "ионака ќе умрам". Можеш да бидеш физички активен И да јадеш чварки. Баш редовната физичка активност и генерално избалансираната исхрана ти дава повеќе простор за да јадеш ете и чварки, пици, бургери, итн. Баш редовната физичка активност и балансирана исхрана помагаат да не се тригернат генетски болести, as in дури и да го носиш во генетиката, не значи дека ќе заболиш од истото. Всушност, баш ако си свесен дека постои нешто во историјата на твојата фамилија, ќе се потрудиш повеќе да го спречиш кај тебе (секако, НЕ ПОСТОЈАТ ГАРАНЦИИ). Баш редовната активност влијае и за поздрава психа и позитивен менталитет. Можеш да вежбаш и да патуваш. Баш физичката активност помага да си физички способен да патуваш. Едноставно лудо е да се негираат придобивките и да се пропагира дека џабе ти е ако утре ти се деси нешто лошо, као, не се ни труди. Во школо треба да се вметне задолжителен предмет за учење и следење на најновите студии поврзани со сè што е добро за човековото здравје.
Ставив слика од споредба на мускулатура на човек кој бил физички активен низ животот и човек кој не бил, за посликовито да ја доловам поентата, ме цитирале "мене не ми се вежба, мене ми се патува", "не мора да значи дека ќе доживееш 80 години" и слични неповрзани работи. Каква врска имаат тие работи со фактот дека физичката активност гради цврсти мускули и коски кои се само добри и корисни за тебе?
Точно, неодамна почнав да вежбам и почнав да ги чувствувам бенефитите од одењето во теретана и вежбање тежински тренинзи ама никогаш не би им триела сол на глава на останатите кои не уживаат во физичка активност. Сакаш да лежиш и да гледаш серии - топ, прави го она шо те исполнува. Не сум јас некој репер за здрав живот затоа што уживам во по некоја цигара во текот на денот, горко кафе на гладен стомак и во цело вреќе чипс и благо кога ми се јади нешто екстра нездраво. Никој не е бесмртен, краток е животот за да правиш нешто шо не сакаш и немаш никаква гаранција дека ако правиш се’ по правила и прописи во текот на животот, ќе си здрав и витален на старост.
Треба во Македонија да се направи работна недела за приватните и државните по 4 дена. Мислам дека би се зголемила продуктивноста на ваков начин.
Секако се што правиме, си правиме за самите себе, дали добро или лошо зависи од нас. Кој како решил и сакал, така нека живее, на крајот од денот ако сме задоволни со тоа што сме, ништо друго и не е важно. Најважно од се е да бидете со чисти мисли, среќни и исполнети, дали со 50 или 105 кг. тоа е ваш избор.
Прегледите на песните на Јутјуб врска немаат со тоа колку истите се убави и квалитетни, напротив, преубавите песни се најчесто во сенка и потценети. У последно време ме заразуваат све песни од рандом непознати изведувачи или бендови, до степен да ги слушам нонстоп. Штета што ништо што е навистина убаво не се цени..
Никаде не минимализирав колку енергија треба за да се изгледа дете. Ниту некаде не реков дека треба да се вежба втората недела откако ќе се роди бебе. Туку дека е општоприфатено дека како мајка си себична ако одвоиш време за себе и многу жени кои сакаат да продолжат со слично темпо како пред бременоста се осудувани, дали директно дали индиректно. Многу од жените и самите допринесуваат за овие осуди преку продолжување на истите ставови, не сфаќајќи дека активно си штетат и сами на себе. Така се креира култура каде што вежбањето е нешто далечно и одвоено од нашето секојдневие. И ова е само еден пример, старите луѓе се посебна приказна...
И ти и другите сте во право. И јас сум пример за тоа. Бев многу активна пред децата, а сакам пак да си продолжам со тоа. Да, кога ќе дојдат децата, се се менува. Значи, првите години, стварно неможеш да тераш вежбање филм. Освен ако имаш цело село да ти чува дете, е тогаш може. Поентата е шо многу жени во Мк а и на Балканот се истоштени до бескрај шо немаат време ни да се избањат. Одат на работа, се враќаат, гледаат деца, чистат, перат, готват и дур да видиш дошло време за спиење. Маж нема во сликата, ги нема ни старите. Немаат време за вежбање. Ова е најлошиот случај. Е, ако мажот е единиот шо работи во фамилијата а жената е слободна, или ако имаат село за чување деца, тогаш може и да се вежба и се. Но, пак ќе кажам, живееме на Балканот, а не во Гер или некаде друго, одма ќе почнат да зборат "кај оди оваа, за кој вежба, сигурно има шваљер чим се дотерува".... значи тоа е неминовно. Некои и се откажуваат и запустуваат баш заради ова. Свака част на тие шо не им е гајле за народот и шо си праат како сакаат и шо имаат време за тоа . Иначе да, незнам дали ти спомна или некоја друга, старите во странство, еве тука во Гер како шо ги глеам, не седат дома пред кауч како нашиве, и одат, пешачат, спортуваат, играат фудбал кошарка и шо ти знам шо..... е ама овие се германците, а арапките и турчинките се по 200 кила и едвај се тркалат по патот, едино рашетување им е до продавница, значи слични се како нас. А да не зборам па дека се гледа со очи кој од нив изгледа посреќно. Не викам дека посреќни се тие шо вежбаат туку оние шо можат шо сакаат да си праат со своето време. Нешто шо ги исполнува. Има и луѓе шо по цел ден дремат во кафаниве, ама среќни си се. Така да, кој како сака нека си прави, сакаш спортувај, сакаш лежи . Битно ти да бидеш среќен сам со себе. Неможам више да пишувам и се извинувам за некои грешки ама неам сила за више.
Ехеее, ова највеќе сум слушнала од жена, и тоа жена што воопшто не води грижа и не се замара како изгледа и што носи, ама прва е да каже критика како таа што се дотерува и/или вежба има некој друг.