Ако сте против СЕКАКВИ вакцини, дали би дозволиле да ви земат крв со употребена игла? Или операција во нестерилни услови? А, ако се исечете дали ја дезинфицирате раната и дали идете да ви ја шијат ако е подлабоко? Оти ако имунитетот ви е толку јак да може да се избори против секој преносител на болест, не знам што е страшно ако фатите инфекција од иглата или раната
Ја ли сум само будалата шо е надвор на мразов и ветров, баш сеа ми текна да се рекреирам У паркчево жива душа нема.. Ми беше потребно само кислород, мир, и музика секако...
Колку е тажно... Се враќам назад низ годините. Многу сум мала, моите се млади. Млади и многу убави, пар како од Бурда. И двајцата високи, згодни, секогаш убаво дотерани. Мајка ми модерна за своето време, во волнен пенсил скрт и волнен џемпер, како кажуваше гордо - од Рашица, татко ми секогаш фит, витканата кадрава коса убаво зачешлана, во неговиот "аутфит", што значеше гордост. Се разделуваат во ходник, мајка ми останува да го допие кафето. Ме бакнува и ме остава, во најсигурната прегратка на баба ми. Им го памтам пркосот. Им ја памтам амбицијата, желбата да одат напред, да се успешни без споредувања со други. И се повлекоа од се и сите за да го зачуваат мирот, домот. Им пречеше натпревар, завист, интрига и озборувања, не можеа да пливаат во големото друштво уште од средно школо - младалачки болести - групирања, оговарања. Амбицијата никогаш не им беше да се издигнат над некого, туку над себе самите и сопствените тешки судбини. За разлика од околината. И 25 години подоцна? Станаа мирна дестинација на сите кои ги напуштија. Добар човек не ти ја затвора портата... Почнаа болестите, погребите, почнаа големите проблеми од сега веќе големите деца и стануваш семе синапово. Стануваш човек. Човек што викаат старите кога газот ќе ти клекне. Кога си во потреба. Кога си во пензија и ја нема титулата. Кога ќе те загребе "егото" зошто потенцијалот станал зависник од коцка, математичарот на 40 не сака да работи итн итн... или немаш внуци зошто синот/ќерката не сакаат, сакаат кутре, или не можат за жал со "леле се измачија". И на крајот остануваш само ти, самиот каков што си... Без титулата, без сите лоши нешта, полн со каења... самиот ти.
Денес гледав опера на телевизија чија музика ја напишал францускиот композитор Жан Филип Рамо - Jean-Philippe Rameau (1683 - 1764). Операта се вика Les Indes Galantes. Прв пат била изведена 1735 година во Париз. Значи, операта е стара 290 години и до денес се уште се изведува. Жан Филип Рамо бил француски композитор на барокна музика. Историски периодот на барокната класична музика е од околу 1600 до 1750 година. Пред неколку години и во Скопје во операта имаше концерт со негова музика.
Колку се ненормални доставувачиве. Ми се јавува. - Здраво Твистед Систер имате пратка. - Здраво, јас сум на адреса кога доаѓате? -Јас сум тука пред зграда ајде излегувај! -Ок за пет минути сум долу. -Аааа немам јас 5 минути време да чекам, убрзај! Значи само што се избањав, по бањарка требаше да слезам? Па ако не може да чека нека најави 5/10 минути унапред дека иде, а не кога ќе се паркира пред зграда ми се јавува.
Модераторите на форумот се станати како партиите во државата. Се додека пишуваш работи кои ја шират дискусијата нема проблем. Ма слободно измислувај, навредувај, биди празна воденица, има ли други мислења предизвикани од твоето, топ си. Напишеш нешто што е спротивно, автоматски си офтопик.
Вакцината не спречува да фатиш корона. Туку друга ми беше поентата, не е доблест како што членката кажа, ако си примил вакцина за да шеташ, а си сметал дека вакцината е лоша по твоето здравје.
Мм прими вакцина за мене да ме заштити пошо трудна, на крај се породив и после 2м истиот тој маж ја помина короната со 37.9° тт, а јас со 41° и халуцинации. Е искрено да кажам, има(в)ме проблеми со зачнување и секој шо слушна дека е вакциниран кажа Од ТОа Е. А ние пред 4 години исто имавме проблем со зачнување. Сметам дека е прерано за да се каже дали е нешто последица од вакцина. Еве не знам, може и јас грешам.
Мислам се вчудоневидив. Чудесно. Сум слушнала со вакцина за туберколоза дека успешно лечат рак на мочен меур. Ама ова со коронава ми е откритие.
Епа коа можела мајката на Исус да забремени така, зошто да неможеме и ние. Мажите кои не ни веруваат, се неверници и ќе горат во пеколот!!!
Ваљда зависи што модел си. Некад антивирус ќе те поправи, некад ќе те затрокира. Нешто компатибилност, интероперабилност ваљда се викаше
Членката забременила брзо од кога ја примила вакцината, ама не од вакцината, си забременила најнормално без разлика што примила вакцина.. Мислам дека тоа сакаше да каже.