Јас не се каам што се боцнав. Не за шетање, туку да се заштитам и себе си и мајка ми. Двете се вакциниравме, а ковид фативме на крај на пандемија буквално 3 дена откаконпрогласија крај ( зашто една гуска на работа идеше болна) ама поминавме лесно. Така да, да. Има влијание. А за последици... па имам во околина лица кои не се вакцинираа, поминаа ковид тако речи асиптоматски или со слаби симптоми и си влечат компликации.. Сакам да кажам, не е секогаш црно и бело.
Многу сакам рандом вести, на пример И тука имаш мудоплачачка. Ги обожавам ваквите вести оти некогаш наоѓам мажиња што ги познавам и експресно ми е јасно колку им е паметот, пошто чим ги имам у следачи не сум знаела до тој момент. И така одма идат на блок без да треба било што да се каже понатаму. Неам поима кои се овие, рандом ги одбрав, ама секогаш е забавно
Тоа е од недоволно познавање како функционира природата и желба да се покаже кој е по добар.. И двајцата се битни во репродукција и машко и женско, не може едното да опстане ако другото воопшто го нема, ама ако поголем број од машката популација изумре многу се по големи шансите да се спаси популацијата и да се размножи.. Само кај желките дури и женките да се во плус сами од себе да ја зголемат популацијата би им требале многу години, ама сепак многу поголеми од кога машката доминира.. Плус освен насловот се чита и напишаното, насловот е напишан така за да е вистинит ама напишан на начин да привлече внимание. Не изумираат поради тоа што ги мразат мажите па скокаат од карпи, најголем проблем е малиот број на женки..
Читам некој пост од некоја жена која раскажува за искуството на другарка и во индиски храм, во кој заминала пред 20 години. Со детали. Со импресија. Суштината е многу смешна - ориз. Односно епифани дека може да се затруеш од ориз. Го учевме некаде во 6то одделение по биологија. Заедно со компирот де. И со ботулизмот и со бери-берито. И ова е контент. Со благодарности. Не сум религиозен фанактик, ама ако знаат што е практиката во нашите манастири и дека убавината е слична. И дека повеќе ќе научат. Ама... вести за широките маси.
Многу ме нервираат објави кои се во стилот имаш проблем со ова и ова, ние се грижиме за тебе, сакаш ли да решиш, направи ова и ова…. И на крај пријави се на курсов. Значиии као океј е, знаеме дека е реклама ама ако ја почнеш така ептен е одбивно. Подобро пиши курс за тоа и тоа и ајт
Брат што е во брак немало што да ја издржува сестра му или мајка му, си има тој фамилија. Океј, точно И истиот тој брат нема што мајка му и сестра му да му даваат покрив над глава, нели посебно семејство се, нека си се одвојат сами. Само со тој покрив над глава не се гледа како на пари, не се гледа дека заштедуваш едно добри 10000 месечно. Ама да, за вашата финансиска ситуација увек треба да се има разбирање, скапи се кириите, за туѓата ич не мора да имате.
Се срами да каже дека е од село, лаже дека е од град демек големиот ташак, ме сретнува сам со детето на улица, јадниот македонец е и ми збори на факинг ГЕРМАНСКИ и после се чудел по луѓе оти сум го глеала ко теле у шарена врата?! Оти си дебил искомлексиран, ете затоа.
Само ако е од Аеродром ова ми има логика )) Edit: Треба да се спремам за финално интервју, за работи што ги знам напамет и ме мрзи ... пошо сум глуп!
Токму така. Личностите што не те сакаат што год и да правиш успешно или неуспешно пак нема да те сакаат. Макар ти и умрела. Се е тоа глумење лудило. Затоа најдобро живеј си најквалитетно што можеш и знаеш подалеку од зли јазици и урокливи очи. Живеј си по свое.
Абе сеа Русија коа ја банираа на Олимписки игри и ја можам да тепам на уметничко клизање, мисламммм...
Порано, пред интернетот, вестите патуваа поспоро и беше поубаво. Пример - руски дрон нападнал цивили во Украина - ти дознаваш по 2 дена и тоа ако дедо ти го пушти погласно телевизорот. Сега, ти се појавува директно видео од настанот, непобарано, на Инстаграм, кој го отвараш воглавно да гледаш торти, мачки, кучиња и природа. И од каде народов анксиозен, депресивен.
Исто искуство имам како твоето. Се вакцинирав и ревакцинирав. Маж ми и син ми двапати ги чував кога беа болни од ковид, не ме префати. Се разболев на крај од пандемија од колегите што идеа видно затнати и викаа дека имаат „алергија“. Фала Богу јас лесно поминав. Ќерка ми (тогаш тинејџерка), ја прими првата доза веднаш штом дозволија за под 18г. и отиде на Охрид колинг. Се разболе ден после тоа ама не беше ковид, трипати се тестираше на нејзино инсистирање зошто беше уплашена. Наеднаш сите другарки што биле на концертот или со кои таму се нашле и беа со ковид, само и јавуваа една по една.. На ЕНТ специјалист кога бев со неа докторот ми рече остави муабетите чаршиски, си ја спасила со вакцината иако била само една доза ама била баш пред тој масовен собир и створила имунитет и после додаде дека има еден куп млади пациенти со ковид што пред тоа биле на фестивалот.
"Ако те сака и карпи ќе помести за тебе".... буквално Човеков останал вдовец откако жена му починала зашто касно ја однел у болница. Патот од селото до болницата заобиколувал доолга карпа и бил преку 50 километри. И за да не го снајде истото некој друг, земал со чекан 22 години ја длабел карпата за да пробие пат. Денес патот е именуван по него. А вие тука се палите оти не одел по швалерки и не се коцкал