се осеќам ко само моите чувства да доаѓаат брзо исто колку што брзо си одат. Премногу сум променлива што ни самата не можам да се поднесам. Прв пат ми се случува ова. Обично секогаш сум била сигурна во себе, знаев што сакам... и така. Потребно ми е едно патување било каде, сама, да се одморам од се, од познати луѓе, од секојдневни работи. Е, тоа ми е потребно.
Откога сум жител на планетава Земјава водам битка со сончевите зраци. Не дека сакам да извојувам некоја придобивка што јас би ја уживала,а другите би ја немале,туку сакам да бидам како сите останати за да можам да функционирам нормално.Па, кој би успеал да победи нешто што се карактеризира како глобална ситуација Затоплувњето е глобална појава.А победничкото место секогаш и секаде е наменето за еден.Во овој случај,јас или Сонцето... Победа можам да славам ако некогаш настапи глобално заладување.До тогаш ќе бидам во подредена положба и ќе се помирам со алергијата од сонце
Отиде во неповрат македонскиот стандарден јазик. Врв ми беа сега вестите на Телма. Даваат некој си магистер по македонски јазик што плука дека некоја што збори на дијалект ја примиле да биде наставничка по македонски а на истиот тип акцентирањето му е катастрофално. Ма ај одете фрлете си ги дипломите неписмении едни, ги изнарасипаа децата. Па и водителите на ТВ сите до еден би ги пратила на школо кај старите спикери на МТВ да научат што е литературно што е дијалект што е стандардно па после да излезат на ТВ. Не само направи фризура, облечи се од Манго и фати се за микрофонот.
Грешка бев пред еден месец кога реков дека ние, учениците живееме од распуст до распуст... Сега повеќе не е така, сега живееме од вторник до вторник, односно од Икс Фактор до Икс Фактор. Интересно, но за прв пат во животот посакав да заврши викендот за да гледам Икс Фактор. Па тоа всушност е некакво подобрување...мислам. Веќе почнав да се сомневам во тоа дека сепак луѓето имаат некоја чест. Барем луѓето кои јас ги познавам, За оние кои не ги познавам немам право да зборувам. Па, сака да прави проекти со мене, па сакала да и цртам цртеж за таа да оди на натпревар, па да сум ја учела физика за на крај да ме третира како ретардирана и да ме лаже и избегнува. А таман малку почнав да ја враќам вербата во другарството. Туку ајде, и не беше некоја другарка со која јас би можела да се дружам. А и не е еден мал клас цел свет. Во врска со онаа со компјутерот полн со грицки, наставниците решија да користат полицајска логика така што ќе следеле кој што прави на информатика. Сепак, полицајската логика е добра само за губење време. Сеедно, тоа и онака нема врска со мене. Решив да направам re-watch на една од моите омилени аниме серии. Ме потсети колку сакав/м аниме и колку ја сакав/м таа серија, Claymore. Си најдов и нова серија за гледање. Конечно. После толку месеци. Повторно сум закоравена аниме-отаку. Под влијание на SweetChild во голем дел го променив видот на музика кој го слушам. Така всушност ми започна новата година. Со The show must go on од Квин. Ако се сеќавате, SweetChild не поздрави со неа на последниот ден од 2013. Потоа не можев да се откачам од неа и така започна се. Фала, SweetChild. Некако, убаво е времето последниве денови. Сепак доаѓа пролет. Ја сакам и зимата, но јас за зима ги сметам декември и јануари. Оваа не е некоја зима, туку само дождлива преодна сезона од зима кон пролет. А веројатно знаете дека ништо не ме убива повеќе од мирен, тмурен, дождлив ден. Снег или сонце. Ништо меѓу тоа. Ме боли носот. Не знам од каде сум си го треснала, но веќе неколку дена ме боли. Можеби затоа што во последно време многу си го кревам носот, па сум си го треснала од некоја улична светилка или кров на куќа. Во тежок нарцис се претворив. А не е убаво чувството. Морам да работам на себе. Уф, па колкаво мислење напишав. Доста толку. Ај чао.
Добро кажете ми дали е нормално ние женскиве да имаме толку многу потребни работи за да купиме дали само јас трошам или незнам шо е работава(или па живееме во голема скапија) излези денес од 12 до вечер 500ката или 1000ката отишла ова не е нормално
Денес некако имам сила да пишувам на феминава...после колку време се почуствував добро... Пред да ми се случат страшните здраствени проблеми толку се чуствував моќно,а се се случи во еден миг силната ричи.ааааа за час ја снема...стана плачка,лута на себе и на сите... Но барем си ги согледав моите грешки,моите слабости и не се предавам...за да опстои човек морало сам со себе да се бори,бидејки сите околу него неможат да му помогнат како што може тој да си помогне самиот себе. Имајте убава вечер феминки
СДК дека обожавам тивки вечери како оваа. по дома со Балашевиќ у позадина... Шоља чајче, свеќа и време само за мене!
Навистина неможам да ја разберам поделбава на моите родители Ајде сега брат ми почна на факултет, му требаше нов лап топ, па му купивме нов бидејќи стариот лом го направи. Сега пак нов ќе се купува, и пак тој за него. Поголем бил. Е да бе мајката, сега кај него во соба три лаптопа (сегашниот, стариот и новиот), а јас овде на старудијава да работам, која секој миг може да цркне. Знам дека ова кое што јас го имам некој го нема, и сето тоа го сфаќам, ама и така кога ќе се купува, зошто на него пак да му се даде ? Се што се купува ново на него, а за мене старото што било. Јас за моите деца нема да правам така. Сега сигурно си мислите додека да имам јас деца ќе ми се смени мислењево Што ќе му се купи на едното, и на другото. Добро сега во случајов со новата кола на брат ми, неможе и за мене уште сега да ми купат Татко ми вика, новиов лап топ за него, а нов компјутер за мене. Кога веќе барем има нешто „обезбедено“ за мене, сега за инат ќе го цркнам компјутеров, па и јас да видам живот. А не овој, старудија
Оди мор Џули.Чим имаш можност за патување, искористи си шанса, не за друго, којзнае кога пак ќе ти се појави.Вака ко се појавила, фати со време и ич не се мисли.Зш секој ден, не е Велигден Пропатувај ја земјава, напрај си мерак на душа, што толку се мислиш. Оди, па ако сакаш после кажи импресии Море да не можам да го прата мислењето, ред се чекат тука изгледа, прво summer - lover пред мене, па Мах, ричи.ааааа, пред Махи, тодос, кроце, кроце, дека преку ред? :geek:
Сдк дека се чуствувам убаво, чуствувам некој мир и спокој во самата мене . Додека бев мала имав само една желба , и јас како сите девојчиња да живеам во странство, да имам убав живот и све тоа. Мојата желба сепак стана реалност се преселив и овде го најдов тоа што го барав . Најважно од се ми е тоа што и дечкоми е овде, близу до мене живее, комшија ми е хаха , но планираме штом јас почнам да работам да живееме заедно . Толку сум срекна , планираме веке заеднички живот, здравје до летото планираме да се вериме , ... незнaм се осеќам убаво ... и сакам моите планови да станат реалност . Дознав дека јас овде припаѓам и тој мој нов дом бил створен само за мене .. да ми ги отвори очите, да ми даде нови пријателства.... среќна сум за се што ми се случи ... што да кажам освен Фала ти Боже, фала ти животе мој , уживам во тебе
Џенифер и мене ми треба авионска карта,и тоа не само во заборав ,прекуокеанска карта ќе си купам . Туку ,да се навратам и јас на себеси,оти сум расеана нешто.Бев нешто напната и под стрес,ама полека полека се враќам во форма,со позитивен став за животот. Не е цело кога се нема се,ама и на царот нешто му фалело,значи на никој не му е идеално.Tреба да се живее со околностите какви што се,и подобрување на реалноста. Најпозитивната енергија освен од луѓето кои ги сакам,ја црпам и од форумот ,од моите посебни драги пријателки и пријатели овде. Ве обожавам ,имајте прекрасна ноќ
За разлика од другите, јас го сакам понеделник и се радувам на почетокот на нова работна и продуктивна недела. Без разлика дали се работи за одење во школо, на факултет или на работа. Го сакам денов, посебно после последните неколку викенди кои беа толку досадни што посакав да работам и сабота и недела. Не се чудете...нормална сум. Сеуште. Немам нешто посебно да кажам. Последниве две недели се препородив, во буквална смисла на зборот. Се чувствувам исполнето, иако фалат многу работи. Всушност, секогаш нешто ќе недостига, колку и да изгледаат совршени работите. Во последно време преферирам собирање со друштво кај некој дома, со вино, мезе и тивка музика, или пак денски собиранки со кафе и трач муабет, отколку лудување по дискотеки со пијани малолетници, чад од цигари и гласна музика. Сакам мирни места. Не знам дали е до годините или од секогаш сум била таков тип на човек. Сонцево го обожавам. Ми влева позитивна енергија. Ве гушкам. Имајте убава вечер.
Уште еден прекрасен ден,уживав во сонцето. Кафе со пријателката,муабети,мала прошетка,долги зборувања со љубениот и помина и овој ден.Сега конечно ќе седам само и ќе разгледувам се што ме интересира. Утре денот ќе го поминам со саканиот,ќе шетаме цеееелл ден заедно и ручек со моите ќе имаме одвај чекам.Полна сум со енергија,сонцето ме прави пресреќна. Пријатна вечер p.s. Да знаете колку tabs имам отворено сега...ги нападнав страните...
Каква недела на повидок, пу, пу, да не на урочам Какво може да ти биде утрото кога одејќи накај работа чичкото што свири на хармоника ти ја свири Подмосковние Вечера! Цел ден си ја потпевнувам. Ме потсетува на... детство! На времето кога цела населба секоја вечер се собираше пред нашата викендичка и се пееја песни, а татко ми свиреше на гитара. Комшиите беа од сите републики на една некогашна држава која постои само во спомените и референцата на нашата држава. Се пееја песни од сечиј крај, а една од комшиките беше Русинка и оваа песна и беше омилена. Жената пееше поубаво од славеј. И потоа се' се смени. Некои од нив повеќе никогаш не ги видов. Следниот пат кога отидов таму најдов туристичко место со големи куќи. Навечер тивко, никој никаде не пее. Само татко ми понекогаш тивко си свирка на гитарата. За мене тоа се' уште е најубавото место на светот, ама спомените од детството никогаш нема да ги заборавам. А тие особено ми надоаѓаат кога ја слушам Подмосковние Вечера. Мора еден ден да одам во Москва! Ех, светот е толку голем, за жал невозможно е да се пропатува цел. А има толку многу места што сакам да ги видам! И така исполнета со позитивна енергија стигнувам на работа и сфаќам дека оваа недела речиси и немам обврски. Минатата недела бев хиперпродуктивна, завршив се живо. Цел јануари и половина февруари не можев воздух да земам, а денес речиси и да немав обрски. А надвор сончево време, па уште и раководството не е тука. Пу, пу, пу... http://www.youtube.com/watch?v=KairmsARpyo
Нешто што прочитав по интернетов, а многу е точно: Понекогаш мора да се правиш глуп за да видиш до каде може да одат оние кои се прават паметни.
Се вратив да негодувам за светот. Со какви психо мозоци сме опкружени не ни забележуваме. Која е поентата и целта, или егото кое го хранат од онлајн восхитување ? Мислам на оние на кои нивната болна психа им налага секојдневието да им се состои од неуморно пребарување на фетиш фотографии од разболени луѓе на кои им се бројат деновите за сето тоа да го закачат по социјалните мрежи, 1 лајк 1 цент сподели рак ? Има дефицит на установи за вакви случаи. Мислам дека треба да се прави задолжителен психо тест на републичко ниво, годишно, за да се установи со точна бројка колку луѓе патат од ваков тип пореметување. Неизлечиви социопати. Кастрација е закон. Луѓе кои се "палат" на пофалби адресирани на непостоечка адреса по повод емпатија треба да се елиминираат со строга опомена. Трајно да им се забрани пристап до медиум како интернетот. Разбирам, ја разбирам целата слобода на модерното време, секој има да прикачи што и кога сака. Ама вака активно и масивно поддржано дело на мазохизам левел идиот треба да се бојкотира. Редовно коментирам, дај боже "собраните средства (лајкови) " да ги користат за сопствен третман. Пообјективно, се прашувам која е поентата навистина ? Го има во најразлични форми, оваа горнонаведената е најгрозоморен пример. Колку да споменам, инсистираат дека нивни слики се туѓи поставени во теми како Модни критики, за форумов поконкретно. Не ја разбирам потребата да земаш пофалби во име на твојот идол. Не ја разбирам.