Сите го знаеме оној момент кога во кежуал пригода ќе се случи некој онака рандом да те пофали дека си убаво облечена, и ти сва пријатно изненаџена заблагодарувајќи се дискретно се наведнуваш да се потсетиш што уствари носиш...
Каква вечера сум направила. И тоа ептен со мерак. Дома прво ме зафркаваа дека не чинела. А,сега сите се наредиле за репете,а не помина повеќе од час ипол. Најважна состојка при готвењето е меракот. Тоа е најдобар зачин што може да го ставиме во храната. Меракот и љубовта кон тие за кои е наменето јадењето. Иначе,убав форумов,со повеќе опции,малце натрупан,ама фино е за промена.
Требаше со реновирањево покрај опцијата "ми се допаѓа" да се воведе копче "facepalm" Би било идеално во функција на "неважечко" алудирање на нечиј пост посебно за време на препукување меѓу членови.
Сакам да те сакам најдобро што знам, се надевам дека и ти ме сакаш така. Како се борам, само јас знам. Се надевам не сум на погрешната страна. Одам толку упорно, се надевам не во неповрат. Она што ми беше важно, не е важно повеќе. Се восхитувам на силата со која ги примаш моите удари кои веќе не знам колку болка имаат нанесено и ги претвораш во пепел, и секој нареден пат ми го нудиш својот најнежен допир кој јас го отфрлам почнувајќи со старите приказни за гордоста и идеалите, а ти ми возвраќаш со тој твој идеал за љубов и простување... знаеш дека ти никогаш нема да бидеш толку идеален и голем како што јас можам да те направам и се надевам дека некогаш, повторно ќе ми бидеш бесплатна тоалетна хартија.
Има луѓе кои веќе ни мозокот не ви ги препознава. Очите догледуваат, ама не гледаат ништо. Биле некогаш и нешто, дел од мене, а сега морам да замижам и низ мракот да се осигурам дали е тоа некој што го знам. Го гледам и си викам дај бе Боже, нека не биде, не беше таков кога беше со мене. Мижуркам да видам тој ли е не ли е, гледам 25-6 годишно магаре ме зјапа, заглавено и со паметот,и во времето и во животот, ни нагоре, ни надоле тера. Сакал тој еднаш, една, на буквата Д, не можел после тоа пак да засака..... Море брат, опрај се сам, друг не те оправа, јас па уште помалце ќе те оправам. Уште да ми рипне од некоја страна со прстен оти он сфатил по сто години дека ја сум љубовта на неговиот живот. Ми иде едно тепалче за муви, и да шлапам со тоа наоколу, мајмуни и циркузанти, маскоти и петлиња. Созревајте посовреме, од некои патишта за жал нема назад. А со паметот кога ќе тргнеш, ретко со него и да се вратиш. Се мислам дали Новата година да си ја прославам во домашен амбиент. Затоа што Новата 2016 што иде по една година, веќе не сум сигурна на која страна од светот ќе ја дочекам. Некако, колку и да сакам да ми биде убавко со мајчичка, по домичка, како амебичка, на топличко, со платиче и животче, факт е дека колку повеќе време мине, толку подобро сфаќам која ќе биде мојата одлука. Не можам да објаснам зошто и не можам да објаснам како, ама ќе се бапнам таму каде што нешто ме влече, и каде што нешто ме заинтересира уште пред две години. Абе будала ме прават ако пробам да објаснам, и на крај не објаснувам, си ќутам. Подалеку од далекото, и ако здравје, биде се' како што треба, и посреќно од среќното.
Значи толку многу лоши работи ми се насобраа овие два месеци што едвај чекам да почне другата година и се што е лошо да си остане во старава. Барем имам храброст да ги поставам вистинските прашања во лице, а тоа што не одговарате на нив вам нека ви служи на чест. Мојата совест е чиста и јас мирно ќе спијам.
Уште те чекам да дојдеш со сватовите мор СДК Во ред е да имаш минлива љубомора понекогаш, се додека не правиш ништо лошо на личноста кон која е насочена. Еве јас на пример им љубоморам на тие што си спијат сега, мене ме мрзи да си легнам
Кимке, ти ме зезаш малце изгледа, ами и сватовите ти ги пратив и ништо од бизнисот, не помогнаа ич, џабе ги мачев луѓето Кимке љубомората е опасна работа, поарно е да ја немаш
Не ставија доволно пари во капачето, не ја давав теглата А во врска со љубоморава, не сум инспирирана од никаква случка па да ми текне да пишам, туку онака, колку и да е „опасна работа“ не постои човек што ја нема никогаш, колку и да го трвди спротивното. А, и СДК дека несфатливо ми е знакчево и неговата намена
Бум чики чики, две три кикирики (уф, ми се пријадоа сеа), у последно време сум као трудна жена (а можда и сум)... не бее, не ми касни вештерката, тука е ме дружи, не ме остава таа мене! Иначе, људи ја се заљубив да ви се пофалам вака јавно!!! Иии да ви кажам дека ве сакам сите до еднааа!!! ... Ај одох јас да си ја средам зоолошкава у стомаков, а вие останете ми поздравени и така срцкасти! Љубим вас!
Ај добро утро. СДК Станувајтеееееееееее брееееееееееее сите спиете, а надвор сонце пука. Половина живот во спиење ви помина. Зграпчете го денот со полна пареа, зоолошки, крстови, Матки, затки оти мислам дека ретко ќе има веќе вакви сончеви денови. Ах си се изназборев сама, додека да се разбудите и дожд ќе заврне. Убав неделен ден ви посакувам
Додека на тропнеш на онаа врата која тешко се отвара,никогаш нема да ја цениш онаа која ти е ширум отворена !!!
Ваквите кратки сончеви периоди , во рана Пролет (читај февруари )или касна Есен секогаш сум ги користела максимално, ако има сонце ,кафето во рака и на тераса,топлејќи си го грбот собирајќи куп инфо од интернет страните и уживајќи во кафето. А сонцето во есен е магично, одблесокот што им го дава на дрвјата е рај за очи, сите нијанси на кафено, на црвено на жолто.....асоцирајќи на зимски спокој, на чај на прегратки , на долги седенки....