Цитирам коментар под едно од инвазијава на видеа генерирани преку вештачка интелигенција : “Can someone stop this AI nonsense?!”
Ќерле наполни 7 години пред месец. Уште ја гледам како бебе, како малечко душиче што заспива до мене и се мази. За некој ден ќе се роди ќерле број 2 и знам дека кога ќе дојдам дома ќе сватам дека првото дете ми пораснало. Ми доаѓаат солзи од оваа мисла
Јас сум да се врати и уште еден бивши директор шо е подзабеган во Австралија, ама пак оттаму кој наш се вратил
Почнува постот со храна, или јас го викам велигденска диета. Пост на јазикот и мислите ретко кој применува. Посен мајонез и кашкавал у комбинација со непосни мисли и зборови, особено у фб комент секции, од бумери со иконки на профил и бибилиски цитати. Спојлер Јас ако постев:
Не знам од кога бербериве побудалеа и кај нас. 300 денари за 5мин работа (тримање на брада/кратење. И така решив да си купам машинка ..
Околу муабетот од пред некој ден за вежбање; еве одличен разговор на таа тема меѓу другото, со Луиза Никола која е неврофизиолог и зборува дека конгнитивниот пат со текот на годините може да се спречи, пред сè со редовен тежински тренинг. Има многу совети, специфично е свртена кон здравјето и болестите на жените, со акцент на деменција. Намерно го споделувам во оваа тема, гледајте го, верувам ќе ве мотивира.
Не го менувај. Лани Лидл 5м евра извоз на овошје направи од Македонија така да многу поверојатно е да најдеш Македонско овошје/зеленчук во Лидл него ли на нашето пазарче.
Не е ист тој зеленчук од масовно производство (од пластеници во кои влегуваат со гас маски) со тој од некоја бабичка од село што произведува. Не знам за Скопје но во нашиот град се уште може да се најдат домашни зеленчук и овошје, млечни производи и јајца. А во Лидл го гледаш означено "био" а од далеку труе на отрови.
Некои луѓе вечно ќе останат заглавени во минатото, како времето за нив да запрело во моментот кога последен пат испрале алишта на рака. Постојано префрлаат како денес сè било лесно – „машина за ова, машина за она“. Во нивно време сè било рачно. Биле ептен измачени, а ние сега „раат сме биле“. Кога земав робот-правосмукалка веднаш муабет дека е „вредна и модерна снаа“(роботот, јас значи мрзелива сум ) Имам сушара, цело зимо ниту еднаш не ја пуштив бидејќи по 4h вртела, па облеката ќе се смалела.. Разбирам дека во „нивното време“ ги немало овие луксузи, ама ние не живееме во 1950 година. Тие ако се мачеле, зошто треба и ние? Навикнати на метла цел живот, за нив најголем успех е ако си легнат со болки во грбот и со отечени нозе – тоа им е доказ дека „нешто сработиле“. Ако не те боли ништо на крајот од денот, значи мрзелив си, само седиш. Тие на училиште оделе боси преку ридови и реки, па ајде сега и денешниве деца нека одат пешки, што ќе им е превоз? Аман веќе, престанете со тие ваши жални приказни како сте поминале сито и решето. Никој не сака да ве слуша како истото по 10 пати го повторувате. Најјако е што се многу суеверни и се што ќе прочитат на нет, за адети, сите се вистинити... Најлошо од сè е што овие луѓе ти се дома. Не ти се соседи кои ќе ги ислушаш еднаш на кафе и ќе си заминеш. Да бе беше тажно, ќе беше смешно.
Јас не мислам така. За да продадеш нешто во ЕУ треба да исполниш многу критериуми. Гарант се е поминато низ повеќе проверки пред да го изнесат од овде. Оној дел со бабичето за мене одамна не постои. Денеска се повеќе ќе сретнеш преваранти што зборат едно а всушност реалноста е сосема друго. Само за потсетување пред некоја година се збореше дека доматите се наводнуваат од водата од фекалии затоа што некои села сеуште немаат канализација. Не верувам дека нешто е променето. Во исто време имаше шпекулација дека на пазарите се продаваат производи од Србија и Албанија поради недостиг на наши производи кои како поквалитетни биле извезени. Знаејќи дека како народ ние редовно се себеуништувме, верувам дека во Лидл во ЕУ има подобри производи отколку кај нас на пазарче.
Не знам, си пробала јаболки и круши од Лидл на пример? Од најефтините до најскапите сите се без вкус и мирис, т.е единствено имаат мирис на подрум. За доматите да не зборам. Купи ги најскапите, колку и да ги миеш, мирисаат на препарати, не можеш после рацете да си ги одмирисаш. Тука кај нас им е скоро сè увоз од Шпанија. Според мене, масовно производство, во огромни количини не може да биде квалитетно како домашното. На изглед може да свети ама на вкус нема врска. Диња или дуња порано да ставиш во соба, не собата цела куќа ќе ти мириса. А овие вештачките, абе носот да го залепиш до нив не можеш да осетиш мирис на диња или дуња. А да не зборам за овошјето што е без семки, како грозје, лубеница и сл. тоа е се гмо. Иначе, точно е дека и нашите земјоделци не се цвеќе за мирисање. Многупати им враќаат цели камиони поради тоа што не се придржуваат кон правилата. Затоа велам, за мене вредно е само тоа од дома. Јаболките од наша македонска бавча под сонце во изобилие не се споредуваат со тие од Лидл па по кои стандарди сака нека се водат.
Дали има фокача леб со домат, па со маслинки, па со пиперче или халапењос? Да, има. Дали има малечки лепчиња како перек со малце рендан кашкавал одозгора? Да има. Али коа ќе ги видам американциве како успеаа и еден ЛЕБ да го у*ерат, да ми прости лебов, епа не ги можам веќе! Па уште и sour dough и тоа, сори не знам како е на нашки. Кој qr тураш макарони со кашакавал У лебот?! Па и шунка и кашкавал У него, па не и се испекол па глупости. Абре напрај леб, исечи кришки напрај си сендвич ко нормален чоек, значи не мора све да вулгаризирате и да убивате у поим.