Тоа не се постигнува со ќотек.. На работа ве тепаат за да ви покажат кој е на поголема функција од вас?
Па гледаш дека не мора со насилство да се покаже кој е главен... Едноставно е "не" значи "не", штом еднаш си кажал дека нешто не смее, значи не смее, нека плаче колку сака. Ќе се обиде неколку пати и ќе научи да слуша.. Може и цивилизирано да се работи со дете..
Најсмешно ми е што сите 30+ тука се мавани ко магариња кога заслужиле (ја си кажуем, 2-3 пати ме имаат мавано јако моиве, ден денес викам дека МАЛЦЕ ми било за работите што сум ги направил тогаш ) ) Крај краева, секој по свое, па ќе каже времето...
Епа глеаш дека нема аир од тоа gentle parenting што го форсираат? Или не знаат да го практикуваат како што треба, може не го сфаќаат. Инаку супер викаш, требаше да фати да и' укаже вистински дека воопшто не чини тоа шо го напраи, и да ја натера да се извини лично, да се засрами, а не завршуваат со 'не така мамичка, не е добро' притоа весели, насмеани, со пријатен опуштен тон. Не иде така тоа. Па ќе ми кажуваат како лесно било да се осудува ако не си родител, па да не коментираме и наоѓаме забелешки ние без деца.
Факултетот ми ја бараше креативноста, критериумите за вработување - не. Сепак, најдов простор каде можам да ја искористам, да се изразам и да заработувам од истата. Некреативните ја срушија професијата, а денес кукаат што нема кадар. Јас пак, си создадов простор каде се создава. И искрено, убаво ми е додека го следам крахот.
Него дали и милениците си ги тепате кога ќе направат беља? Не. Да ви кажам зашто? Зашто куче или маче ако го удриш, ќе ти ебе матер, на шиење ќе те прати. Детето ништо.
Скоро 30 илјади чекори овој викенд. Обожавам кога ми се враќа желбата за живот со затоплувањето на времето. Плус и кога друштвото е погодено.
Не оправдувам ќотек како воспитна мерка. Ама не може да го пуштиш да прави што сака, згрешило нешто удрило човек/другарче, ќе се извини, ќе почуствува вина, ќе се засрами и нема пак да му се повтори..
А детето утре шо ќе биди насилник никому ништо? Не знаеше дека песојте само ако покажиш страв се силат?
Децата што тепаат други деца, се или тепани од дома или скрос запоставени и немаат здраво изразување емоции па се празнат на послаби. Дете не тепа од што е сакано.
Само вие тешете се дека сте нормални пошто вашите знаеле да ве замаваат. Ретко кој од нас е без дијагноза и последици, тоа е барем видливо на форумов.
НЕ е нормално да се замавнува никој. Ама исто толку НЕ е нормално ниту твоето мало да замавнува некого, треба да си поведиш рачун каков што мислиш дека е ефикасен. Толку
It’s that time of the year again, кога дискусија на форумов станува - “Ќотекот е од рајот излезен”. Мене искрено дури ми е смешно како се толкува поимот “gentle parenting”, оти врска нема со тоа што се пласира како инфо тука. Значи, едно е што навистина значи, а сосема друго овде како се претставува од страна на луѓе шо не го “поддржуваат”. Воедно, морам да напоменам какви страшни генерализации се прават, во сите насоки и теми, иако знаеме дека работите не стојат така. Еве пр. она општопознато дека постарите генерации изеле солидно ќотек, но “ништо не им фали”. Значи за таква констатација да направиш, после сѐ шо се случува на денешницава, не знам… Меѓудругото, секој можи да си збора за себе, инидвидуално, дека не бил афектиран од ќотекот, иако тоа е екстремна реткост, оти ако се раскопа во личноста ќе излезе некакво причинско-последично однесување. Ама вака да се генерализира е апсурдно.
Не треба вакви дефиниции да се даваат дека или биле тепани или запоставени, има и многу други варијации, јас познавам дете не е ни тепано а ни запоставено, родителите се му дозволуваат и оправдувваат и тоа е були, има и таква категорија..