сакам да кажам ДОБРО УТРОО ДЕВОЈКИ... се надевам дека утрото не ви е како моево нервозно , мајсторите дојдоа ајде lovemme станувај и што да им правам јас сега ... одам во дневна мајка ми пржи кромит тоа арома на сите страни, од 10 h кромит бе да се прже аманнн .... нема 5 мин од кога сум станата уште не измиена лице татко ми ајдее да јадиме ти да јадиш одма кога ќе станиш.. па после јас сум била негативна од сабајлево и непогодена ... се чувствувам некако нервозно, и тоа ми трае уште од вчера се поради таа коса ја растеш ја растеш се и сешто и ставаш да ти порасне, и на крај бе да одиш на фризер, и викаш само малку мн малку скратимија и на крај 10cm да ти ја скрати абе срце да те боли ... па вака на тераса , сама ми е најубаво и најпогодено ,повелете на кафенце и уживајте во денот ќе го направам и јас истото...
Гуд морнинг саншајн Како сте ми? Јас сум си суперишка благодарение на мојата бишка Се шалам,не сум. Ако не знаеше да ја имитира Сабина Ајрула толку добро што се мочам од смеење,ќе го оставев одамна Па што се замарам и јас,на крајот на краиштата. Јоло мај нигас! Туку вчера,по обичај се избрукав пак. Седам на раскрсница,чекам зелено,тоа нејќе да се пушти па нејќе. И друг обичај,каснев Гледам луѓе исто чекаат,а коли никаде нема. И си претрчав на црвено,без да приметам дека има полициска кола карши мене. Добро,ништо не ми направија ама сите попреку ме гледаа И си потонав од срам.
Еден најдругарски апел повеќе да се користат интерпункциски знаци. Без воздух останав во темине за проблеми. Не можам и не можам пауза да фатам кога сѐ е напишано во едно.
Време беше за расчистување сметки сама со себе и правење една генералка. Работиве не сум ги гледала никогаш појасно, а тоа под дифолт значи дека воопшто не ти одат некои од нив во е мило прилог, ниту пак ти е мило што е така. Сепак научив да прифатам дека е како што е, ама не и да се откажам да променам дел-ако не можам тоа, бар себе. Затоа ви се обраќам вам, мајки, жени, девојки, чувајте се и ценете се себе си и секогаш, ама секогаш да си сте бр еден, за после и за вашите најмили да сте бр 1. Ако се потрошиме ние први, отиде се јабана-ете тоа си научив...Иако знаев и претходно, ама како се навикнуваш да угодуваш така се помалку време ...
Кога бев помлада светот ми изгледаше како тегла со шарени бонбони. Кога одев по улица го чувствував сонцето, ветрот, воздухот, ги слушав птиците. Ги гледав убавите нешта. Грдото го игнорирав или едноставно не допираше до мене. Не дека немав грижи и проблеми, но имав верба... Како годините минуваа, така светот ми стануваше сив, мрачен и валкан. Прво што забележувам е ѓубрето расфрлано каде и да погледнам, ја чувствувам нечистотијата на воздугот, мирисот на пот, беда, јад...Лажни насмевки, вештачка љубезност. Знаете, јас сум голем патриот, ја сакам својата земја зошто таа е дел од мене и од мојот идентитет. Но, при здрава памет и чиста свест, одговорно изјавувам дека во оваа земја живее многу прост народ. Не мислам на неедуциран, едноставно прост. Како оној кој ви упаѓа во збор додека веќе разговарате со друго лице сметајќи дека неговото прашање е поважно. Како оние кои влегуваат во лифт пред вие да излезете. Како оние што ги паркираат своите автомобили до самиот влез. Како оние кои одат по улица со запалена цигара, а пепелта лета по нив и се лепи за вашата облека. Едноставно, македонецот нема свест за колективност, нема чувство за нештото што треба да е општа грижа. А на избори токму таа маса ја одредува мојата и вашата судбина....
Кој рано рани, две среќи граби Да ме серат кокошките, ама денес многу сум вредна, уште од рано, рано Помагав околу зимницата, го изметов цел двор, исчистив со правосмукалката низ цела куќа, измив 350 садови, направив доручек .. Абе, алал да му е на тој што ќе ме земе, јас да си кажам уште сега Доста си се изнафалив, имајте убав ден Ајт ќао
Ги гледам личностите ,од кои ми се заледуваа коските од страв и за чудо не им се плашам повеќе. Напротив, благодарна сум и за сите навредливи зборови,за секој неправеден коментар,за солзите кои сум ги пролевала скришум. Без нив немаше да бидам она што сум денес.
Има денови кога ќе станеш разочаран и едноставно не ти доаѓа да го тргнеш јорганот од глава , Се прашуваш што понатака во животот , а депресијата која веќе си го направила своето секако дека го поставува неизбежното прашање - До кога ќе живеам,што ако можеби умрам млада? - "Не другар, како можеш да мислиш на тоа .. Ние допрва треба да створиме фамилија,да ми родиш детенце , да го научиме да оди, да зборува .. Да го дочекаме неговиот прв училишен ден и најмилата прегратка кога ќе го пречекуваме од школо .. да го учиме да пишува, да чита , да пишуваме домашни и секако да го упатиме на прав пат да стане човек во права смисла на зборот и да осети љубов вистинска како оваа на мама и тато .. " Да , ова е од утрово... а сега , ... Сега седам пред лаптоп со огромна насмевка на лицето од шеска до шеска , посамоуверена и полна со надеж .. колку само една прегратка и позитивна мисла може да ти го направи денот поубав ... Ве поздравувам .. Имајте убав ден
Сдк после толку време конечно пак на форумов. Компјутерите ми беа расипани и не ве посетив скоро 1 месец ама сега сум тука. Туку гледам имаме нова платформа, убава е само не ми се допаѓа тоа што по малку наликува на фејсбук, ама ќе се навикнеме. Ми недостигавте сите.
Недела е мојот омилен ден затоа што мамита е најсреќна што може да ни посвети повеќе внимание на сите дома а кога таа е среќна јас сум уште посреќна затоа што се што сакам е да ја гледам насмеана и весела. Недела е ден кога со задоволство пола ден го поминува во кујна и ги исполнува нашите желби. Јас никогаш не сум наредила што да зготви или што да направи за јадење но затоа пак сестра ми дава наредби и за мене Ова сакала,она сакала ма што и да е би јадела само да е зготвено од мамичка се е вкусно. Денеска сонцето грее и денот е прекрасен го сакам Ноември затоа што започна преубаво и се надевам дека цел месец ќе биде така прекрасен ,позитивен иако малку повеќе студен сепак сонцето во Ноември е преубаво Сакам на сите да ви посакам пријатно неделно попладне и уживајте најдобро што можете, а ако веќе сте со вашето семејство многу добро ве разбирам колку големо задоволство доживувате во нивна близина Ве сакам многу
Добро ај што немаш попаметна работа од гледање турски серии ама зашто не труеш сите на фб пишувајки статус и кукајки Значи озбилно, имам една пријателка на фб и статусите и се следни - КАКО ДА МУ ОБЈАСНИШ НА ДЕТЕТО КОГА НИ ТИ НЕ СВАЌАШ? 1 ЛАЈК, ВО 9:56 -ОВА Е ДЕФИНИТИВНО ПОСЛЕДЕН ПАТ ФЕРИДЕ!!!! 1 ЛАЈК, 9:58 -СТВАРНО Е ГОВЕДО ОВОЈ БУЛЕНТ!!! 1 ЛАЈК, 9:59 Само бокс и блок за вакви луѓе
Girls night out не е girls night out ако цела вечер ја поминеш зјапајќи во телефонот допишувајќи се со дечкото, ако на секој пола саат излетуваш од диското надвор за да направиш муабет или ако го правиш сето тоа излегување колку да му вратиш на дечкото за неговото Men`s night out! Мене не ми пречи воопшто ама зошто се бламирате со сила. На возраст сме кога тоа само женско излегување одамна престана да биде интересно, барем мене не ми е. Супер ми е кога е се тоа спонтано, сме се договориле сите другарки на куп на кафенце или ручече, ама кога една од нив ќе почне да напнува и да потенцира „Да искочиме САМО жени„ одма знам што е работата. Или се скарала со дечкото, или тој ќе излегува викендов само со другарите, па чекај сеа да му врати. Потоа цела вечер ја поминува на телефон разменувајќи пораки, прави намуртени фаци и на крај ќе исчезне. Друга група на овие женски собиранки се сингл девојки кои очајно сакаат да фатат момче, а изгледаат толку многу нападно дури и хестерично. Агресивни се, сликаат селфиња на секоја минута, пијат ко да им е последен ден на планетава и кога некој ќе им пријде (ако се осуди некој) одма вклучуваат bitch mode. На крајот на „лудата„ вечер пак си одат сами дома. Сакам да ви кажам дека не е ни малку природно тоа што се прави. Толку нападно и извештачено изгледа вака гледано од страна да се запрашувам зошто тоа го прават? Најтрагично е што ни на нив самите не им е интересно ни толку лудо и забавно. Се кладам дека секоја од нив повеќе би сакала да седи дома со некое момче и да гледаат филмчиња, а со таквото однесување се сомневам дека ќе фатат некое озбилно момче. Сончево време, animal planet on, и на тв и во двор. Воодушевена сум од тоа колку прекрасни птици живеат на земјава .
Рано утрово ме разбуди сонцето, и ме исполни со позитивна енергија.Мислам дека најубави ми се оние есенски денови исполнети со зраци сонце.И така решивме со пошироката ми фамилија да го искористиме денов и да се прошетаме на Водно Инаку, често добивам чудни погледи кога ќе кажам дека убаво ми е да поминувам време со фамилијата, со тетки, чичковци, вујни, стрини, братучеди... , едноставно знаеш дека тие ти се најголема подршка и секогаш ќе бидат тука за тебе во животот, и лично не гледам ништо чудно тука, доколку поминеш еден ден од неделата фамилијарно. Долг период немав излезено нагоре на Водно, едноставно се наоаѓам себеси во трка со времето и не можам да постигнам се, а ко за чудо на долгава прошетка ниту еднаш не ми забега погледот кон часовникот, едноставно уживав во природата, сонцето и зеленилото и си ги наполнив градиве со чист воздух.Си собрав прекрасно шумско цвеќенце, и сега ми мириса собава на природа, милина. Се надевам феминки дека го искористивте убавиов ден, и имајте убаво попладне
СДК свари си кафе, пушти си добра музика и прави се дека немаш никакви проблеми.. Барем за кратко да се релаксираме... И да уште овие 5 дена се тешки за мене, после почнува живот. Доколку има живот после родителска.
Ноември ми е љубов!!! Ноември ќе биде убав месец. Ноември ќе љубам повеќе од било кој друг месец оваа година. Поставувајте временски рамки за вашите желби и се е возможно. Октромври ме уништи, ама прекрасно ме испрати. Оваа година во еден период се почувствував како да изумрело се во мене, како да сум жива, а скапувам, се случуваат работи, а јас како само да набљудувам. Се плашев зошто веќе не се радувам, а не сум ни тажна, туку индиферентна, чувствував само страв зошто е тоа така. Многу работи се научени, многу работи отклучени, си го познавам животот и се она кое што го криеле од мене за да ме заштитат.
Дали луѓето се менуваат или пак едноставно ние не сме ги имале доволно добро запознаено? Боли, боли кога гледаш како некои личности полека ги губиш заради Х-причини, а ти не можеш ништо да сториш за да го спречиш тоа. Тие избраа...
Животов е толку чуден. Денес си тука а утре не знаеш кај ќе бидеш. Одеднаш се може да се смени. Една човечка постапка, еден миг се може поинаку да биде. А времето оди и си оди... во неповрат. Изминатото време за жал никогаш не можеме да го вратиме. Како времето се менува така и човекот. Некои велат дека човекот никогаш не може да се смени. Но поради одредени случки во животов, поради одредени личности... се менува... живот... тоа е..
Она кога со мерак ќе си се најадеш како свињче, па добра музика, па едно филмче и сваќаш дека имаш едно 15 лекции за учење.
Се возат дечко и девојка во автомобил и дечкото ја прашува девојката: - Може да те прашам нешто, ама да не се налутиш? Девојката: Секако прашај слободно?! -Ќе дадеш ли некој денар за бензин? Ви пожелувам убав и весел ден, сонцето да зрачи во вашите руси коси каде и да сте. Ooh, best of all I've got my baby!