Браво, рекорд си е рекорд, без разлика како стекнат. Мене ми е околу 28 илјади чекори рекордот, од овој викенд мислев на заедно од двата дена, значи по околу 15 илјади чекори имав дневно. Што пак не е лошо бидејќи скоро цел јануари и февруари ми помина во многу седење, и работата ми е таква. Ама сакам да се движам повеќе, сега како се затоплува викендите за тоа сакам да ги користам. А кога сум во друга држава, нема под 20 илјади чекори дневно. Не одам таму да седам, одам за нозе да ми паднат од шетање.
И јас сметам дека ќотекот не е ниту здрава, ниту ефикасна метода за воспитување на децата. Ќотекот учи на страв а не на почитување. Можеби кога ќе го натепате за одредена работа детето ќе престане да ја прави таа работа, но, не поради тоа што разбрало зошто сте го натепале, туку поради стравот од болка. Токму овие деца после имаат проблем со контролирање на сопствениот бес, бидејќи дома научиле дека со ќотек сè се решава.. Оттука доаѓа и булингот, бидејќи не можи дома ништо да направи на родителите, тоа дете ќе си најде послаби деца на училиште па ќе си ги лече таму фрустрациите.
Aко имаат дете ќе го тепаат, а како бебе уште малку ако ги "изнервира" ќе предизвикаат shaken baby syndrome и после олеле. Мрш на сите насилници. И кон луге и кон животни. Ако ракот е болест на човекот, насилниците се ракот на светот. Ко бактерии во петриева шоља се множат гадинките. Бљак.
Не, и не е нормално Прекинувај, лесно се забегува. Прекинете со АИ бре аман Не е здраво да се злоупотребува. Бидете нормални, бидете луѓе! Еден ден ќе ти текне и тебе да сакаш да се омажиш со 'него', затоа прекини си со време. Лимитирано користи го.
Safe city ги направи мисирите да возат со 30км/ч.. Мора да има казни кој вози испод 40 на дозволена зона со 50. Преку такво ми се сите влечуги.
Не ми е за парите реално толку колку шо сакат да се "мажи" отпосле. Па немој вака, немој ова, немој она. Поарно Германија двајцата имат добри плати нека плаќаат пола пола ама отпосле никој да не те дупи во здрав ум.
Мислам дека и претходно е споменувано тука, ама не е на одмет да се потсетуваме одвреме-навреме на различните начини на кои можеме да помогнеме некому: Плати сметка на социјално загрозено семејство тука.
Ако мислиш така,и ќе правиш и тебе така ти правеле твоите затоа ти е нормално ,она со рачето.Еве да кажам струја ми беше ноќна мора ,штекери.Изнакупив капачиња што не се вадат за деца потешко да ставаат прсти и цел стан го изнаредив.Кога одев на гости имав плус капачиња и одма ја редев цела соба,едно кафе на раат да пијам .После си ги собирав.Инаку те разбирам јас и вака мислев дека е правилно ко мома,ама не било ,имало начин.
Дур едниот пржи јајца, другиот мести чинии, сирење, маслинки, све што треба. Па ако на едниот му се примоча, другиот ќе ги пази јајцата. Па ајде реков пудинг ќе варам. Дур го варам он веќе измил садовите сосе мрсната тавка од јајцата. Бев со менструални болки, го пратив по аптека по апчиња и влошки дур јас лежев. Ми стаса онлајн пратка, полици, 20 кила тешко, ги качи он оти курирот до пред зграда ми ги донесе. Башка беа гломазни за носење, долг пакет, не беше толку до тежината. А тек да бев сама тој момент, ќе се ебавав со пакетот 2 саати. И ќе стругав мрсна тава па ќе ми загореше пудингот за тоа време сигурно. Тек да ме стрефи некое јако мочање.... И сево ова е основното, не треба ни да биде за пофалба. И затоа нема никогаш да ги сфатам муабетите дека многу е тешко кога ќе живеете заедно или во брак, знаеш жена домаќинлук да води не е лесно. Па другарка ми се жали изморена, сѐ на неа паѓало, не е лесно да си женско, да переш и чистиш и готвиш и све со ред. И не е. Ама ако живеете ЗАЕДНО и ти е потешко или исто, ако он не ти олеснува, епа сестро грешен маж си одбрала у животот. Па пред да им ќењате на млади девојки оти они многу барале у животот, то ест идниот дечко и маж нормален да биде и да знае газот од тросед да го одлепи, идете на вашиот паразит дома да му вадите фрустрации.
Ја се мислам меѓу Малдиви и Палма де Мајорка... Иначе, дијагнозата ти е нормална жена што живее у ненормален свет. Не е у тебе проблемот, у другите е.
Покрај сериозноста на ситуацијата, интересно ми е да гледам како излегуваат мемиња/рилс за трета светска во овие моменти. Но едно од нив беше така малку посериозно сепак: Додека нас ни велат дека подобро е да пиеме течност со хартиени цевки кои се распаѓаат за да ја "спасиме планетата", светскиве лидери се пукаат со ракети и убиваат сѐ што им се наоѓа на патот.
Читам не сум единствена што се мисли кај на одмор годинава, Парос, Нахсос, Палма де Мајорка, Сицилија... Ако преживеам до летово ќе раскажувам. Ако не лупне некоја ракета наваму, како што е оди ова.
Абе убаво рекол Ајнштајн "Не сум сигурен со што ќе се води Третата Светска војна, ама четвртата ќе се води со камења и стапови" Во 21ви век да се фалиш дека најголемото достигнување ти е оружје за факинг убивање... И не само овие, оноа гудено корејско, луѓето му немаат леб да јадат, тој се фали со нуклеарка. И никогаш не сфатив како здраворазумен човек зазема страна на војна... "Ама уживај, не напаѓаат цивилно население". Абе qrов мој. Богати говеда си играат board games, само ние сме фигурите.
Баш праам муабет со еден другар за војната во Дубаи. Де, ми вика па ти. Нема војна штотуку се напинаш. Има ама во Иран и Израел. Е како нема му велам? Боже, Господе луѓе гинат онде алоооооо. Може не секој дел од Дубаи е фатен, ама има ВОЈНА. Нз во кој свет живеат луѓево.