Мое скромно мислење, ама баш ништо нема смешно во мемиња за војна. Исто како што се тотално несензитивни сите заебанции за Епстин, за Диди итн...Многу ми е чудно како денешниов хумор веќе се сведува на целосно отрпнување на сериозни ситуации.
Денес е денот кога одлучив да ги изгаснам социјалните мрежи. Премногу негативни вести кои премногу емотивно ми влијаеа вчера. Едвај заспав вчера од што душата ме болеше! Потребна ми е пауза од сите вести
Сосема разбирливо да не ти е смешно. Тој хумор се користи како некој начин на coping mechanism, смеење на сериозни ситуации за намалување анксиозноста во врска со реалноста. Психолошки кај многу помага, не дека е оправдување за тоа што е предмет на таков црн хумор. Пораснав на секакви мемиња и broken хумор имам, но некогаш и јас знам да застанам и да се замислам како за тоа што спомнав погоре.
Дај боже девојко НИКОГАШ ДА НЕ ГИ СФАТИШ.Само да знаеш после деца многу нешта се различни.Плус на почеток си кога е медот и млекото.Немој ни да помислиш овие другиве сестри глупи се,или наивни.Поплукај си под пазуви како што викаат,животот носи многу предизвици и со партнер и без.БОГ да те чува од зло.
Не знам што ме плаши повеќе, монструозните дела на кои сведочиме периодот или уште помонструозните коментари на социјалните мрежи под написите за истите. Не знам како си подобар од насилникот, ако му посакуваш да го бесиш, мачиш, дереш на плоштад, жив во оган да се фрли, во затвор даму се редат 10 луѓе, да се убие и сецка на милион парчиња, да... Што ви е бе луѓе? Од каде ви доаѓаат тие пориви? Дали тоа би го направиле ако ви се даде можност и шанса?
Од изреволтираност ни доаѓа тоа, од несигурност, од страв. Пошо знаеме дека со овие моменталните закони немаме никаква заштита и никаква правда. Насилниците не се плашат од овие закони, пошо не се спроведуваат. Страв треба да им се влее во коските на таквите. За да се плашат и шамар да удрат, а не па секојдневно да малтретираат, убиваат и силуваат. Редно е некој да го окрка, и да биде пример и за другите.
Ако маж ти не знае чинијата да си ја крене, оди него да му мелеш вака. На почетокот било вака... Па ако утре стане паразит, ич не го ебавам, пут под ноге и ајт.
А шо треба бе, да земат да се галат НАСИЛНИЦИ еј НАСИЛНИЦИ и ПСИХОПАТИ!!!!! Нема соодветни зборови со кои револтот може да се искаже, и тие зборови дури се премеки за она што го заслужуваат. Дур не се воведе смртна казна и кастрација и се има нула толеранција за нив, ништо не правиме..
Интересен пристап, со ќотек да превенираш ќотек. Јас го разбирам револтот и апсолутно и јас го имам, ама изјавите во кои се влегува во најмали детали за начинот на измачување... извини ама се загрижувачки. Точно, нула толеранција при доделување на соодветна казна! А не коментари на социјални мрежи со лепеза на методи за мачење.
Многу погрешно мислење. Не треба да го тепа некој насилникот, туку треба да проработат законите, да се додадат нови и да профункционира полицијата, за насилникот да се плаши од нив, а не од други насилници. Што од кога ќе го истепаш? Ќе станеш како него? Каков пример ќе даваш со тоа? Со тоа (не)свесно створуваш нови насилници.
Мене па повеќе ме загрижува индиферентноста кај некои што кур ги боли пошо нели не се лично засегнати и не буди никаков бес и реакција случкава. Тие се за помастрање.
Па нели прочита зошто го пишав тоа. Затоа шо законот не се замара, не се спроведува. А додека нема закон, ќе владее законот на џунглата. Нема закон, нема полиција, нема заштита.... и шо треба? Да ќутиме само, за да не бидеме како насилникот? И јас така размислував порано, ама веќе не. Ако ќутиме, ќе завршиме ко тие убиените жени. Треба ко Пале и таа другата, убиј го бе, не го жали. И оваа требаше него да го фрли низ џамот. Остајте тие причи, за мали деца. Во Мк друг закон има.
Како да работи законот кога пријавува, он ја присилува, па изјавува дека недоразбирање е, ќе си решат они? По кој основ да постапи? Знаеш кога жртва постапува вака? Кога е САМА. Ако семејството не ускочи, ако комшиите не се заложат - да се осеќа дека има добар систем на поддршка, жртвата ќе се повлекува. Знаеш во просек колку пати една жртва на семејно насилство се враќа кај насилникот пред финален исход? Дури пет пати!!! Затоа треба не само системска, туку и групна поддршка. Абе имам стоено на врата со полиција бре. Она вика не, јас викам да! На третиот пат бидна! Се охрабри! Не си ја сфаќаме улогата на бидување на добри луѓе! Сфаќам дека сме нација која стварно е целата едно големо дисфункционално семејство.
Можеш да излезеш на протест. Што фајде ако го истепаш или му пресудиш? Спремна си да го носиш тој товар целиот живот? Сите сме шокирани, ама никако постапување по законот на џунглата. Верувај ми, ништо нема да постапиш, а ќе станеш славна (во негативна смисла). Подобро организирај се со некој за да протестираш против системот, наместо да изиграваш шериф во градот. Најлесно е да излезеш и да го претепаш, а знаеш со тоа што ќе постигнеш? - ништо. Само лична сатисфакција, а монструмите и понатаму ќе се појавуваат. Знам дека на тебе и на многумина им е ,,жешка" главата, ама треба подобро да се размислува. Ако настане џунгла во државава, ќе станеме како Сирија, Авганистан и сл. вукојебини (а не дека сме многу далеку од нив). Знам и зошто се плашат да излезат на протест луѓево и зошто никогаш нема да имаме протест што ќе смени нешто на подобро, ама за тоа отом потом.