Кој main character момент го имав на денешната вожња. Омилените песни пуштени на најјако, и баш ко почна да врни на ред дојде песната Umbrella од Ријана.
Интересно и јако звучи, ама сепак колата не е дискотека. Мало невнимание и дефокус... Кола е сепак, не би си играла така опуштено.
Никаква лоша намера немав веруј. Иначе ако така, зашо тогаш зборевме дека не било у ред пешаците занесени со слушалките да се движат.. Ок, како и да е, биди внимателна.
Зошто се очекува дете на 6 години пред да тргне на школо да знае да брои, да ги препознава бројките и буквите, да знае да си го напише името и слично... Нели за тоа ќе оди на школо
И вие неверниците велите дека не се замарате со ништо ама најсензитивни сте и скоро секогаш имате да кажете нешто на теми поврзани со религии и слични муабети. Или само колку да ве има секаде е работата, дека сте најпаметни де, не за друго.
СДК: Мајка ми гледа Heated Rilvary. Го обожавам позитивното секси влијание што го имам врз луѓето околу мене
Зошо јавното здравство не е во ред и че умреш дур отидеш на доктор? Затоа што не може да има само прва смена и да се понашаат како јавна администрација. Сервис се. Како да искачаш од работа цело време? 2 недели пропуштам те одложувам контроли на кои морам да сум редовна!
Не знам кој го избришал постот од @LiliBoz ама стварно треба I am not robot да се тури на форумов. Кој не помине, тоа е.
Само добар кашкавал у фрижидер е доволен да ми го разниша веганството кое го практикував неколку недели. Јас сум кашкавалофил, на гости од цела маса, обавезно по кашкавал и сирење посегнувам. Моите го земале од некој човек што го произведува дома, стоеше на повидок. Секогаш кога ќе го отворев фрижидерот го гледав тажно, како да ме повикуваше. Ноќеска кризата кулминираше. Станав у четири наутро, пошто мислев само на јадење. 10 пати отворив и затворив фрижидер. На крај пресеков огромно парче и го изедов со половина леб (инаку и леб не јадев со недели). Анксиозноста ми се смири, мислите ми се средија, стомакот презадоволен. Али затоа сабајле станав со огромна грижа на совест. И сега јадев исто, веќе сум у фазон - штом вчера пресеков, зошто да не и денес. Дисциплината е претешка работа.
Можда жените во државата ќе беа малце посамоуверени да пријават насилник ако не учевме и девојки и жени дека врска, заедничко живеење и бракот се нешто тешко. Ако не им викавме дека "ќе видат кога ќе се омажат" кога бараат од идниот партнер да знае да готви и да пере. Дека заедништвото со партнер е и проблеми кои наводно подразбираат финансиска, психичка и физичка злоупотреба, наместо уствари заедничко решавање на проблемите во животот и дека сте вие двајца против проблемот, а не еден против друг. Покрај сакан човек не се препотуваш, не ти лупа срце, не ти се тресе телото, не осеќаш пеперутки во стомак. Туку ти се спие. Ама буквално. Мозокот оди максимално у рилакс, пулсот опаѓа, телото омлитавува. Оти знаеш дека си безбеден, оти и да заспиеш, знаеш дека си на сигурно, не си во alert состојба. И знам дека најголем дел од овие не си го покажуваат вистинското лице дур не биде касно ама ако едно нешто покажува дека он е сељак е типично патријархално размислување. По дома готви и чисти? Не? Ондак клоците и ајт. Од таков асален маж не излегува. Оти според мене не постои маж кој станал насилен одеднаш ама претходно бил асален партнер кој не е патријархално воспитан. Секогаш има некој патерн на однесување ама кутри жени ги учиме да не ставаат одма крај. Или истото го гледале и тие дома и така ги учеле дека е нормално.
Така е срцка, еднаш се живее, рековме и изедовме цел калап кашкавал и сирење, холестеролот до облаците.
@FriendOfDorothy Веганите кои ги гледам и сакам на YT зборат за "vegan but..." во последно време. Во смисла, то шо решаваш да касниш кашкавал да не ти створа вина, ти си веган ама понекогаш јадиш кашлавал. Некогаш можи ќе имаш switch и ќе преќиниш, можи ќе ограничиш само ко ќе имаш од тој од чоек земено кашкавал да јадиш, можи ќе продолжиш да јадиш кашкавал - who cares. Важно прајш многу работи добро, па за кашкавал никому ништо. И то е нова перспектива и флексибилност шо ја нудат веганските заедници зошто перфекционизам е тежок за одржување кај најобичнот чоек. Не се осеќај лошо. После дијагнозава оти почнав да јадам риба пак се осеќав гнасно, а нема зошто. Ако ти треба поддршка или ресурси - пиши ми. Не знам зошто реши да се храниш plant based, ама имам голема листа на јутубери, кој од кој поразличен, па некој сигурно ќе ти се погоди. edit.
Имам по неколку овакви испади годишно. Рекордот ми беше три месеци како веган. Вегетаријанец можам скроз, а за веган само си лажам себеси. Кога ќе стекнам поголема независност од моите, ќе ми биде полесно ова да го практикувам. Сега добивам коментари - „омг, како без месо, ќе умреш. Добро де, остави го месото, само оризот изеди го“, а месото се цедело врз него. А ако си готвам скроз само за себе, мои рецепти, тогаш мајка ми ќе ми се скара засекогаш (засега ова ми трае само неколку недели). Ме праша зошто, па сакам да станам вегетаријанец поради социолошки причини, а и здравствени, хипохондра сум малку повеќе. Ќе ми кажуваш рецепти кога ќе влезам посериозно у овие води, на добар пат сум.
Што е со учителкиве што секое второ дете го праќаат на психолог и потресуваат родители? Што ви е бе луѓе. Завршивте педагогија? Работи со детето. За се едно две психолог. Аман!
Како беше онаа поговорката - волкот влакното го менува ама карактерот не, се покажала прилично точна. Досадни се со приказните дека се нови личности, не давам втора шанса па што сака нека е