Одам на пазарче, да купам цвеќиња. Испоседнати ко на комшиски муабет (тотално незаинтересирано), ама битно +100, +150 ден., од редовната цена. Сите жени. По повод претстојниот празник. И во ред, грото ова го гледаат како можност нешто да „ќарат“. Мене ми е скроз мизерно, оти наместо на жена може на пример маж да го одере. +500 од редовната цена ако маж купува, зошто па да не? Еее, мизерии од жени.
Мајка ми денес го гледала ваљда оној германецон Фин, еден од тие петмина кои у последните 30 години дошле да живеат овде, наспрема 500 000 кои мигрирале, оној што е атракција пошто е ендемски вид, што снима и препаѓа на стари цркви, манастири и попови, а не ги снима гомната сред Скопје, кадине у Вардар или дивоградбите, не зборува за црниве хроники, пукањата у Чаир, корупцијата и непотизмот у секоја пора. Е па мајка ми, како типичен претставник на движењето Бумеризам и Ренесанса е исто воодушевена од него како и илјадниците други баби кои го благословуваат на фб под неговите видеа. Дури мајка ми има перцепција дека сите почнале масовно да се враќаат овде (ради овој и оној од Белгија, готвачот, значи двајца видела и готово, дури и овие од ЕУ плачат по нас). - Мама овој дури и мајка му си ја донел, многу ѝ се свиѓало овде, ти викам, ќе почнат да се враќаат луѓево. Јас: За лечење се и он и мајка му. Фин е уствари ,,фин" пошто им го пласира она што повеќето наши сакаат да го слушаат и гледаат, најпопуларните мислења. Топли сте, најдобри, леле колку ви се стари црквите, манастирите, хранава ви е сврш сврш. Оди у Кочани - Кочани Бр.1 сте, оди у Штип - аууу, најдобрата пастрмајлија, у Струга - кАкО СтУгА нЕмА дРуГа, а И дА иМа - ШоЌеТиЕ (аааахаха, јако, ова го немам чуено до сега). Финиот Фин нека заврши државен и нека проба да се вработи според квалификации. Или нека пријави кражба, да видиме дали некој ќе одговара и дали ќе го најдат тој што го истресол сосе гаќи. Или нека му согазат близок на улица па нека стиска палци тој што возел да не е плавокрвен жител. Или само нека излезе јавно од плакар па да видам дали ќе лапа по 10 000 лајкови на пост, лесно е да воодушевиш оваква раја со кутлешот у Бигорски. За крај, еден коментар од фан базата на финиот Фин: Фин уствари не е крив за ништо, си нашол начин на заработка и си плива добро у море отепана и лицемерна iq70 раја.
За Фин и полицијата ќе се префркне и новчаникот украден ќе му го вратат, сосе пари. Кога се сака, се може, а Фин е фин И мене ми го вратија новчаникот еднаш, у рани 90ти, без пари до душа. Не дека отсекогаш било расуло. Али у рани 90ти па ни Киро не го продавал името за многу милиони. Ендемски времиња и ликови, јбг.
Нас ни провалија во колиба на бавча, ни украдоа казан, сите алати на татко ми, топлиот народ ни го запали лозјето и пчелите, на крај у подрум два пати ни влегоа и не ограбија, вториот пат не ни дојде полиција, татко ми батали земја скроз пред неколку години. Нормално дека никој не беше ни уапсен, ни осомничен, ни па некој се испозамара со нас, така си остана тоа. #МалаЗемјоделскаИсповедОдТоплиотФиром Така да финиот Фин нека не сере многу.
Со Фин имав личен контакт од работа небитно уште пред да знам дека имал инста ,ама убаво е уходан во (не) функцијата на институциите кај нас баш шо вика @Biljarkata и полиција ќе проработи.
Никогаш во живот не сум се почувствувала по мизерно, затоа сакам и тука да заврши! До некои подобри времиња!
Изгледа мајка ти не знае за оваа исповед, друго објаснување немам. Добро, можда е заменета за клон Фамозниот комплекс ,,јајце ќе снесам,, за ,,цивилизиран, , странец, отсекогаш работел во мк. За некој од Индија, тоа нормално не важи, ама за германци, французи, слични. Фин стварно не знае како е да си македонец. Ете ми идеја, следно ко ќе дојдам у мк, не зборам македонски, може и ќе завршам некоја работа Ама па на пасошот странски ми пишува родена во северна (фалсификат, не сум можела да се родам во северна), џабе ми е
Скапо е, криза е. Не е све у поклонот иначе. Вниманието, грижата и искрената почит ги ценам највише од се'.
Ами турист како турист бе Биљо си снима убај работи и тоа шо му остава впечаток, Фин не е Александар Видиновски па да снима разни жалопојки, од друга страна можи е исполнети и задоволен во животот па не му е до ширење негатива и си снима само позитивни моменти, кој го знае, негова работа
Цвеќето сега уште млку и без пари ќе биде, ама некои може и кичмата си ја чуваат. Инаку се согласувам многу по важно е се од наведеното од поклон.
Немојте така да го плукате изгубениот германец, па не дека он дошол у вукојебинава само оти да не плаќа данок на парите од Инста што ги праи со глупи клипња за 5 минути... А да, и оти биле евтини картите и се заљубил одма у дупките, ѓубрето, мочките, мрсулите, џукелите по улица исто ко у родниот Фрајбург лол.
Прејаки ми се Скопјаниве со становите што ги издаваат, ќе купат еден предмет што личи мега модерно и футуристички (пр. лустер или фотеља whatever) и ради тој еден предмет +100-150 € им скока вредноста на станот. Во описот ставено скандинавски стил ултра модерен лукс апартман.