Хелоу мај притис Како сте ми денеска? Јас се разбудив денеска насмеана после толку време. Само ако слушнам некоја поплака дека не сте ми расположени денес, ќе имаааааааа.. 2 рибанки ајварче за вас. Убаво слушнавте АЈАВРЧЕ. Добро сега, може ќе посака некоја по 3-4, ама немааа, ашш. Банката не е отворена 24/7. Ај да не го тупам, сакав да кажам имајте убав ден.
Ноември ме потсетува дека немам многу време за да почнам да ги исполнувам желбите и да работам на тоа да нижам успеси на полињата кои ми се важни. Моите секој ден ме потсетуваат колку години имам и дека ништо вредно не сум направила. И навистина е така. Со тек на време полека умре девојчето кое беше активно на секое поле и се гледаше себе во иднина како прилично успешна девојка/ жена де. Сега ми е страв од неуспех, па дури и не преземам нешто за да ги вратам работите во вистинскиот колосек. Се вратив на факултет и вчера додека ги пребарував материјалите се чувствував прилично бедно, затоа што не мислев на тоа дека ќе успеам да го завршам, него повеќе мислев дека нема да успеам. А и те како ми е важна годинава. Ако годинава не ги средам работите, со малата помош која ја имам, никогаш нема ни да ги средам. Воопшто не работам на себе и на својата иднина. Само размислувам и кројам планови, но залудно е ако само тие се на лист или се во мисли. Мора да се работи, мора да се трудиме да ги исполниме нашите планови затоа што никој друг нема тоа да го направи. И да, тоа јас вака во овој мал простор, морам, нема не можам и се тоа додека не се фатам за глава што ме чека и ме фаќа страв. А стравот најчесто ме води кон откажување.
Надвор сонце а студов штипка по образи. Тифко се протнува низ ногавици, низ ракави..низ неколкуте слоја гардероба.... и не ежи... Ама па...тоа по некоја си универзална непишана теорија треба да измамува прегратки, зошто секогаш е потопло кога си поблиску до некој. Тоа е таа убавина што мора да се пронаоѓа во се. Е тоа шо ја сум сама дома и тоа шо четвртиов чај до сеа... не успеа да ми ги стопли дланкиве.. е веќе друга приказна... ************************** Патем... и покрај тоа шо секогаш ми се докажува обратното, ми се чини дека никад нема да престанам да верувам во човештвото!!!! Сакам да верувам во тоа и секогаш ќе верувам. Верувам во хуманоста и добрината. Верувам дека секој не може да помогне на сите, но сите можат да помогнат на некој. Не кокодакам тука со намера некого да разубедам во нешто, колку за некој и да звучи глупаво ја сум таа шо и покрај се, верува и сака да верува дека за овој свет, сеуште има надеж. http://themindunleashed.org/2014/10/one-powerful-videos-will-ever-see.html
Универзумов е чудо бе ејјј..... Функционира толку совршено што никогаш нема да ја разбереме неговата комплицирана едноставност. (Или едноставна комплицираност).
Знаете како е да имате толку емоции во себе што мислите дека ќе експлодирате секој момент? Имате една болка во стомакот што ни апче не може да ја излечи? Ми се плаче, ама не можам да плачам. Барем солзи да имав,можеби ќе ми беше полесно... Само слики ми се врткат во главата , слики од неговиот поглед, како ми се смешка и ме фаќа за носето како малечко дете и така наивно ме гушка... Како ми ја бушави косата, а јас му викам некој ! Не можам да си поверувам дека една личност може само така лесно да влезе во нашиот живот да ни го направи ХАОС и потоа едноставно сè да прекине... Ви се случило ли некогаш инстанто да бидете поврзани со некого? Да можете да разговарате за сè со саати, да се смеете како ненормални и едноставно да уживате. И наеднаш да посакате да не се оддалечи никогаш од вас... Ме боли што мислам дека си ја најдов сродната душа , а не ќе можам никогаш да бидам со него... И не, никогаш не ни верував во сродни души, ниту пак љубов на прв поглед. Ама чувствово што го имам во себе и што не можам да го контролирам, не знам како да го опишам освен како такво... Едноставно знам дека има нешто што ме поврзува со него, само се прашувам дали и тој осети барем дел од тоа или си играше само со мене и си го полнеше егото... Боли што не можам да направам ама баш ништо! Тој со друга, а јас далеку... Само си се лутам на самата себеси што дозволив за секунда некој така наивно да ми влета во животот и за толку кратко време да ми се пикне под кожа. Ме боли како што за никој досега не ме болело и не знам ни зошто. Сакам само да прекине, да заборавам на сè... Да заспијам и сите овие чувства да ги снема... Се мразам себеси бидејќи си дозволив за момент да бидам наивна... Што и да ми крои судбината се надевам дека за ова има причина... Ете тоа сакам само да кажам, можеби и ќе ми биде полесно. Може има и некоја меѓу вас како мене. Се држам за глава и сè уште не ми се верува. Проклет да си, ми фалиш !!! п.с Барем солзиве потекоја, ако ништо друго...
Средуваќи ја собата,разлисуваќи ги книгите,меѓу една од страниците најдов 4 лисна детелина,сум ја пронашла пред 10 години....Ја чував за да ми носи среќа....Среќна сум,незнам дали е тоа поради детелинката,својата самодоверба,Бог.....судбина....среќна сум....нека трае засекогаш!!!!Ќе ја чувам и понатаму.
Јас имам некоја чудна меморија - може да не се сеќавам што се случило неодамна, ама ако некој настан ми оставил впечаток, ми се врежува во главата и ми стои за навек. Најинтересно ми е кога ќе се сретнам со луѓе кои на ист начин ги памтат настаните, па ќе почнат да ми раскажуваат случки поврзани со мене на кои јас не се сеќавам. Пред некое време се среќавам со една другарка со која учевме заедно на курс по англиски пред многу години. Се препознавме, се поздравивме и наеднаш ми вика: Ееееј, абе ти беше девојчето што има биде дома во купатило Ја гледам зачудено, па ми вика: Јас така ги памтам луѓето, ете тебе по тоа сум те запамтила. Само што, тогаш прв пат видов такво нешто, не знаев што е тоа, па во него миев раце. Мислев дека е малечок мијалник каков што имавме во градинка. Леле, не можев да се соземам од смеење Порано иста клупа делевме, сега се немаме видено преку 10 години, и од сите можни теми на разговор, ние за тоа зборувавме. Па ѝ викам: Не се секирај, секој мој роденден како мала беше иста песна, сите другарчиња мислеа дека е мал мијалник. И после си мислам - значи во текот на сите овие години, кога и да ме спомнел некој, во глава ѝ излегувало слика од биде. Леле бе, од толку многу работи, биваше ли по тоа да ме памти? Која Ана? - Ана биде.
Повеќе шетање помалце дремење ва фемина ,помалце виртуелно пренесување на тоа кој сум јас и што знам јас,да не се навреди некој за мене лично си пишам
Кармата е eден голем... идиот и злопамтач! Кој беше бе другиот збор? Злопамтило бе, злопамтило. Злопамтачи ме бапнале по глава. Ама не ме погледна ниту еднаш на криво, за време на предавањата, до сега. Барем така мислам. Еци, пеци, пец. Ти си мали зец. А ја мала пеперуга, љет, љет, љет. Ај нека го вратат времево, за едно 5-6 саати?
И доаѓаш до точка во животот каде.. Не знаеш ни што си, ни што е следно, ни дали имаш време.. Ако почнеш дали ќе завршиш така.. Велат, оформи семејство, време ти е. Јас се чувствувам толку младо а толку старо.. Немоќно. Како за се да имам време а немам..
Помина и овој бурен викенд! Сестра му на дечко имаше забава по повод нејзината веридба, и 2 дена спремавме, славевме, се радувавме За вакви убави и весели моменти вреди да се живее, и се исплаќаат сите тешкотии и маки низ кои човек поминал. Кога душата е среќна, а срцето чука побрзо од возбуда и прекрасни емоции. Сега, back to reality Сакам да мислам дека утре не е понеделник, не е понеделник, не е.....
Јас го немам онај депре-синдром што се интензивира во недела. Од утре ќе се окозам од работни обавези, ама па што? 5 дена се, ќе дојде викенд пак, нема кај да бега... Него морам да споделам ова мовембер месецов ме прави многу среќна...ќе се изнагледаме забрадени маженца!
Значи мајка ми е таков контрол фрик што ќе ти виси над глава и ќе труја додека не направиш како што таа ќе ти каже. Не и се здосадува ни 3000 пати на ден да ти повторува те исто нешто и така секој ден додека не направиш како што ти е кажано. Ми се бега од куќава веќе долго време, да имав каде без да трепнам би ја здувала, од градот, од државава дури, ама ај. СДК 2 Конечно малку одмор од сите и конечно ќе безделничам и ќе гледам телевизија додека не заспијам.
Уфффф аман веќе... ми се здосади од се. Еве на пример денеска надвор пукаше , а јас, јас дома сум се затворила да учам, абе раат да не си, па и ова прфесориве само предаваат и предаваат и предаваат и сега ова недела наставнички совет и одма сите сакаат да не испрашаат во 1 недела.... Е па не можи така аааа кај беа до сега да ни издвојат еден час за скоривање, што си мислат тие дека ние сме машини и дека во сабота и недела можиме да научиме се ??!?! О.О и дека се ќе знеме, е па не можи така, ама ајде де на кој ќе кажиш ти му велиш ај да прајме тест да ни се намалуваат темите, тие се запнале усно на сите теми, е па кога било вакаа и до кога ќе биди вака?!!?!? О.о И јас незнам искрено.. самата се прашувам како можат да ни го прават ова или се дојдени само за плата па гајле му е за учениците, шо... нека се тупа тие... Па и уште екстерново сега во декември на матурантите , па и на крај за државна матура 4 предмети морало да се полагаат (додека пак во гимназија и математиката се полага и е дел од државната матура, а од в година во сите средни училишта ќе го има како предмет кој мора да се полага за државна матура) , башка што треба проектна да прајме со 12 страни и пред 4ца професори да ја објасниме и + на истио проект да прајме проект во електронска форма и незнам што уште не. Е па мили, драги професори, министри за образование итн. итн. итн. ние не сме машини што можите да ги користите само за учење и нашите глави еден ден ќе пукнат од премногу обврски, учење, напорна работа и по цели денови и ноќи со главата над книга (спиење амин (прости се))... Тортурааа!!! Ова е ТОРТУРА!!! КРАЈ. :3
Ме боли тоа што пробувам со сите да бидам океј и фина, а со самата себеси се однесувам како со ѓубре. А и ѓубре сум. Смрдам на лаги, неискреност и патетика. Смрдам на зглибосана доброта. Мислите ми смрдат. Ми смрдат навиките кобни. Ми смрди под носот, а јас упорно вдишувам од миризбата наместо да се помрднам и да продолжам понатака. Продолжувам, ама слепо ја следам миризбата како гладно куче скитник, во сува зимска ноќ....
Денес пак тркнав до Скопјето, пак за исти работи.... но , ќе поминат, знам, уверена сум дека се ќе биде добро,и среќата и смеата ќе се вратат во нашиот дом. Сакав да кажам, а да не ми замерите сите вие што сте од главниот ни град, пак ја осетив тежината на воздухот .... ми го отежна дишењето, јас и онака си имам маки, ама во моментот посакав да се вратам во кола и да чекам. Да не ја тупам многу, што е тука е. Ви посакувам пријатна ноќ ииии то.
Се‘ тече, се‘ се менува- на подобро, на полошо, на индиферентно, се менува. А ова моево заглавило во време и простор, а јас не пуштам да стане навика. Умора.
Мразам кога е недела навечер бидејќи утре сум на училиште, понеделник е. Сакам постојано да си седам дома, да се излежавам по цели денови, да си гледам филмчиња и ништо друго да не правам. Сега се лакирам и ќе се обидам да се опуштам, следува недела полна со стресови и нови предизвици. Не сакам кога е ладно, не сакам снег. Сакам летни и пролетни дождови. ___ Многу сакам да имам долга коса, ама по 2 часа ми требаат за да ја исушам, а ја мијам повеќе пати во неделата бидејќи брзо се мрси. Денес не ми е денот, добро де, веќе е ноќ. Добра ви ноќ.