Кога ќе почнете да одите по болници за да му помогнете на вашите блиски, е тогаш дур ќе можете да судите зошто човек е насмеан, расеан, плачлив. Дури не ја осетите борбата низ болници, е така да си знаете. Ви благодарам на сите што не се сетивте на мене кога најмногу ми требавте. А, јас секогаш бев тука за вас.
Од коа Луиза Никола сподели во подкастот кај Стивен дека ние шо иаме седентарна работа треба секој саат по 10 чучњеви да праиме за да ја ублажиме штетата што се праи на телото од прекуумерено седење, ете ме на секое одење у веце искачам по 25 направени чучњеви. И така, си праам по 200-300 чучњеви на ден. ¯\_(ツ)_/¯
Шо знам, пијам бајаги течности. Спојлер: Мочкасти муабети Понекад ми се дешава да се изнамочам и после пола саат пак екстремно да се изнамочам.
Јас го имам истиот проблем, и мислев дека е нормално толку често да одиш во вц, сѐ додека некој не ми спомна . Инаку, другарка се секираше за тоа, и беше и на уролог, и на гинеколог, ама ѝ рекоа дека нема никаков проблем, дека е до тоа што матката ѝ е свртена кон мочниот меур, па ѝ прави притисок и затоа почесто ѝ се оди во вц. За мене досега непознат факт дека имало различни позиции на матка . Инаку, можеби непобаран совет, ама ете да споделам пошто гледам дека често го гледаш/слушаш Diary of a CEO: научната заедница многу пати го има критикувано Steven за health "experts" што ги покажува, дека се споделуваат многу сензационалистички невистини, па земи ги тие „факти и совети“ со многу резерва. Не мислам дека сѐ е апсолутно неточно и лошо (како велат, и расипан часовник 2 пати дневно точно го кажува времето) и дека сите се лоши гости (пример, многу го почитувам Layne што зборуваше за фитнес, и е доста верен на науката), ама веројатно работите се questionable more often than not. Дури и BBC имаше статија за него дека споделува штетни дезинформации поврзани со здравје на поткастот. Мене општо многу ми се допаѓа Dr. Mike. Ретко гледам/слушам (само кога ќе ми текне), ама навистина ги предизвикува гостите, т.е. им поставува тешки прашања или контрирачки реплики, и сето тоа на многу културен начин. Последно ја гледав епизодата со Dr. Amen, што генерално се рекламира секаде како светски експерт за мозоци, кој тврди колку сѐ може да се научи за човекот од самиот скен на неговиот мозок, исто многу пати критикуван од научната заедница; Мајк го стави во многу непријатна ситуација, човекот изгледа не знаеше со кој си има работа . Го натера дури и да каже дека не би го сменил своето мислење за работите дури и ако се соочи со докази за спротивното, што е нонсенс кај вистински научници и експерти .
Да бе па и ти, секако дека не земам здраво за готово, и поготово ако некој гостин ми фати око, го гуглам. И секако дека не мора да значи пак, веројатно сè е преувеличено. За ова со чучњевите специфично си реков, ќе ми одземе пола минута плус од мочањето, why not. А Мајк го пратев пред едно 5 години, одамна го неам загледано, дефинитивно е баш реалистичен, без булшит. А за многуто мочање... шо да праам коа ми се моча.
Никогаш не сум мислела дека сме препаметен народ, ама кога гледам како луѓево пишуваат браво за отецот на објава за некој си свештеник што фрлал анатеми за ковид вакцини и вештачка интелигенција, стварно се осеќам депресивно за тоа колку глупи луѓе живеат на волку мала територија...најјако е што ова е истата популација што репостнува прелоши AI видеа и мисли дека се реални.
Најсмешни ми се оние женчиња се сликале и во позадина срцепарајучи песни од типот: Боља сам од сваке што с тобом је била… најбоља сам ти умиреш за мном… Сестро слатка нити си најбоља нити да се облечиш знајш… ниту два збора во живо знајш да склопиш Ах Путине..
Кога нема кој да ве разбуди наутро, кога нема кој да ве пречека навечер, кога немате на кого да се објаснувате, кога правите што сакате и тогаш кога сакате, кога никој не ве чека.. Како тоа го нарекувате, осаменост или достигнување?
Осаменост за жал Социјални битија сме, колку и да мислиме дека можеме сами све, и да сме среќни на тој начин, ама сепак си треба чоек близок кој те разбира и сака, да е до тебе. *** Сдк дека не знам како порано сум функционирала без наочари за Сонце... Све ги избегавав, не знам ни сама зашто, а сеа не можам да се замислам да искочам без нив. И толку јако изгледаат, и го надополнуваат аутфитот
Не би го нарекла достигнување, почесто е осаменост а може да е и лошо опкружување, ако мора да се бира сам или со лоша особа у таа смисла подобро сам.
И јас би рекла дека е слобода. Кога си слободна правиш што сакаш и кога сакаш. Кога нема потреба да се објаснуваш, имаш мир. Џабе личност до тебе ако те кочи за сè и сешто. Ништо не е поважно од внатрешниот мир, верувај ми. Ова ти го кажува некој што е на чекор од таа слобода.