Помислив, којзнае што ќе помислат кога ќе ја дознаат сета вистина за мене. Но, еј, ништо страшно не се случи. Дознав дека секој има проблеми. Ничиј живот не е перфектен, и не може да биде.
Последниот месец од прва година имавме анкетен лист за да си одбериме што сакаме да учиме во втора. Се сеќавам имаше големо притискање од страна на некои професори за изборните предмети, но сепак тоа е наше право. Сакав јазици да учам, но немаше доволно ученици за Латински и се преместив во етика. И сега сум благодарна на самата себе шо се насочив во добра насока. Еднаш имам кажано дека си пишувам дневник, и денеска ми текна да го разлистам малце, и гледам само колку сум била гневна спрема светот, себе си, луѓето, спрема сите, сега го согледав тој добар ефект на етиката! Баш добро би било кога во секое училиште би го вметнале како задолжителен предмет, не како изборен! Каква неверојатна трансформација за 2 месеци, т.е 2-3 часа неделно слушање... Не можам да ви опишам само колку подобро се чуствувам, и колку сум полна со позитивна енергија. Малце заљубенко, среќно, конечно со некоја цел, што понатаму во животот, со повеќе мотивација за учење и успеси во балет и во училиште. Подобро во живот не се имам чуствувано! Среќна сум! Сакам сите да се среќни како шо сум сега јас!
Денес цел ден ме боли глава, воздухов ми е некако тмурен и многу работи ми тргнаа наопаку. Но, и покрај тоа се изненадувам самата себеси со мојот став кон проблемите. Имаше време кога ќе се нервирав, уште толку зголемувајќи ја главоболката, но сега успевам да останам смирена. Некои промени се на подобро.
Не могуу да те не волим,не волим! Си седам,ме боли глава,мрсули ми течат,утре имам напорен ден на пракса,а јас си се возам со столчето и си правам посебен „Стршленка денс’’ кој содржи специфични движења на веѓите Кошаавааа јас сум рошаваа (ептен бубулици ми никнуваат у последно време) Туку,Кеба со перикава ми дава огромна желба да се офарбам розева. Не знам зошто,ама се молам да не ме фатат лудиве периодов затоа што ќе го направам тоа И да,во последно време многу ми се јаде. Колку и да се срамам од ова,сабајлево напраив три сендвича за мене,мајка ми и сестра ми и сите сама ги изедов Ако вака тргне работава,ќе морам да си сменам корисничко во Азиски Бумбар Ајде утре руска салата ќе си направам со селско месо,и секако стоби флипс со јогуртче,ќе се налапам ко див вепар и се враќам во нормала,ветувам
Моментот кој долго го чекав мајка ми татко ми сестра ми и јас вечеравме она што најмногу го сакам фимилијарен вечера/ручек цела фамилија овој пат плус чичко ми моментите беа најубави оваа вечер смеа го слушавме КЕБА хаха е сега малце кафе мафе поздрав феминки имајте убави соништа јас уште малце да се позабавувам со мајка ми татко ми сестра ми и чичко ми и право во кревет.Си научив уште од сабајле помагав на мајка ми денот беше прекрасен ако сме недела не е крај на свет УБАВИ СОНИШТА УШТЕ ЕДНАШ
Понекогаш жал ми е кога гледам какви згодни убави момци и девојки се сами само заради некоја лажна гордост, или премала самодоверба што мислат дека никој нив баш нема да ги примети. Многу малку е потребно да привлечеш внимание, доволно е комплимент да се каже, мал гест, или смисла за хумор да поседувате за да бидете приметени. Па понатаму подруго е муабет ќе видите дали сте на иста фрекфенција. Само што никој несака да излезе од комфорната зона... Ајде малку похрабро, како инаку ќе се прават спомени?
Многу сум шоша (лоша де) На славениците, првото парче од тортата, за 10 секунди мора да го изедат без виљушка, што нема да се изеде, директива во фаца Златно правило што го применуваме на родендените Славеничката денес јас требаше да ја намачкам со прачето што ќе остане. За да ми врати славеничката и јас си добив малку додуша малку повеќе од тортата на лице Бев многу шоша, и го намачкав цело лице, па и косата
Од радости , до смеа, до депресија, до праг на полудување што се дешава со мене кај сум што сум, ма ај да си легнам и од утре како и секој вечер исто што кажувам ке решам што ке правам , у исти гомна секој ден и се исто, само надоле идам и никаков успех нема преврти се свету, направи некое чудо само да не сум како у сон потоната, нека ми се смени нешто макар и на полошо.......
Последниве неколку недели, недела ми е синоним за мрзеливост. Не знам дали тоа се должи на последниве неколку бурни викенди или па на ладното време, ама единствена работа во која уживам е лежењето стуткана во ќебенце и гледање серии. За разлика од порано, сега, уживам во викендите заедно со моите пријатели и максимално го користам времето со нив. Не паметам од кога не сум се забавувала волку добро. Утре е понеделник, и јас за разлика од повеќето, им се радувам на понеделниците бидејќи знам дека имам обврска и ќе бидам корисна, и барем еден дел од денот нема да ми помине во денгубење. Сакам кога деновите ми се исполнети, па макар и тогаш кога немам сила да ги извршам сите обврски. Барем на крајот од денот заспивам мирно. Добра ноќ.
голема немирност и исчекување за она што од утре ќе започне... ново поглавје,нови маки, нови нервози и соочување со секаков карактер. Но покрај тоа што цела недела не ја ни осетив дека помина,постојано како да сум залутана некаде во вселената, не само јас и другите околу мене ја почуствуваа таа отсутност, тој немир кој незнам како да го пребродам, која одлука да ја донесам, не сум ни за ваму ни за таму, но се надевам ќе помине. Ме мачи тоа што не е прв пат да се наоѓам во оваа ситуација, секоја претходна одлука се покажала како погрешна или избрзана, но што да одлучиш кога има толку неискажани работи, ааахххх животе зошто толку си комплициран, ах то морону зошто си толку неискажан,недоверлив. Но ако се надевам на подобри моменти, моменти кога нема да ме мачат вакви мисли, секогаш има подобри моменти, одобри искуства,се надевам ќе ги осетам и оваа мака ќе престане да ме мачи... I hope so...
Има многу луѓе кои зборуваат многу невистини за нештата кои ги немаат ниту малку почуствувано на своја кожа а тврдат дека тие се во право. Мразам кога гледаат да те исмеат на било каков начин и да те гледаат со понижување а они сепак не се никој и ништо но еве имаат нешто што ги воздигнува. Како бе може да има толку омраза и лицемерие во еден човек кој секојдневно се прави дека има многу добра душа, што секако не е вистина. Деновиве покрај сите убави зборови се изнаслушав и глупи работи,глупи муабети ,еден куп прашања,нивни заклучоци кои немаат никаква допирна точка со тоа што навистина се случува. Една ми вели : и сеа толку ли многу се сакавте што те побара за жена . WHAT ??? Ех кога не знаете да се чуваче сега тркалај се 9 месеца WHAT??? Си дадовте збор а ? А кој месец си бремена ? Што им е на луѓето беее еееј слушам и не ми се верува што слушам значи Се смеам,им се смеам иронично во фаца без да им кажувам што и како а во себе се нервирам што воопшто ми се обраќаат такви суштества. Аман бре зарем само трудни се мажат ,зарем има некои што се верат без да се сакаат ... Ах во нивните животи можеби има многу такви но среќна сум што јас не познавам некој кој се омажил без љубов.
Здраво феминки, одамна ме немало да пишам... меѓутоа редовно читам.. колку што можам сум во тек.. Ми се допаѓа новава платформа, еве дури, ме натера да напишам мислење. Ново, па можда на подобро ќе тргне работава.. Кај мене нешто ново баш најново и нема. Ми се врати желба да се активирам пак на форумов, ама не ветувам, водам борба со времето. Имај добра ноќ Фемино, До следно видување.
Можда не го сваќам новиов форум, ама сватив како се чуствувале тетките по фирмите, со по 50+ години кога почнаа да работат со компјутери
Mi go snema postot tuku toa de sakav da kazam pomina i ovoj vikend kako mnogu drugi sto pomina i ke pominat. Na mali momenti mi se blokira mozokot de i posle se cudam e se cudam Tuku da si odmoram malce i imajte ubav pocetok na nedelava
До толку сум заљубена, добро, повеќе зафатена покрај заљубеноста ама тоа е , што дури и не приметив дека дошол нов месец. Камо хелоу новембер сликички ?! Нејсе, го сакам ноември. Убав е, зашто мириса на топол чај од камилица со ѓумбир и мед, со кришка лимон од страна во тацната, кој никогаш не го цедам внатре, ами си го јадам со сласт. И на виените гурабии на баба ми. На моите главоболки од факултетските задачи и непроценливите задоволства со заслужена нишка на гордост кога ги гледам резултатите на крај. На неделен ручек - било што со ориз, ориз со многу зеленчуци, зашто знаат што сакам да јадам најмногу кога си одам дома. На топло какао со млеко и цимет, кое додека го пијам ми се врти снимка од неговиот сериозен лик и ми одѕвонува во глава познатото:„испиј го цело, добро е за крвта.“ Мириса на сув воздух од глупавиот клима уред и на пудинг од лешник со многу искршени бисквити, зашто веќе трета година по ред ни стана традиција да делиме чинивче после вечерата. На чиста постелнина и крадење ќебе од него, зашто обожавам да се замотам во него како палачинка, иако имам термо пижами, два пара чорапи и волнен џемпер. И на печена тиква , која и не ја сакам нешто многу, ама ја јадам од љубов за баба ми, зашто љубам кога ќе се израдува и ќе почне радосно да ми ракоплеска кога ќе види дека сум кандисала да ја пробам барем. Многу љубов на едно место, само се молам за добро да е ...
Одамна не сум била во состојба на исчекување, на чудни чувства во срценцето што се спуштаат во стомакот и прават позитивен ршум. Не знам како да го опишам ова чувство, можеби некој микс на возбуда, страв, заљубеност.. но, сепак баш ова ми е мотивација да чекорам напред, да успеам и во другите полиња во животот, еден вид поттик. Ех, но истовремено лошо е тоа што она што може да те крене до небо, за момент може да те спушти на дно. Но, само ако ние дозволиме. После 8 месеци, од кои првите 5 беа најтешки и најдолги, нешто ново! Нешто, со име - среќа. Нека потрае..
Оооо па ние сме биле подновени,ај ќе ви се правдам по неколку дена зашо бев отсутна кога ќе сконтам како функцијониша ова
На ладново време, преголем луксуз е да се трча по секоја примамлива искричка, а притоа да не се запостави огнот што најубаво те грее. И тоа и тоа е можно, ако сме навистина способни, но почесто се мислиме за способни за тоа одошто навистина сме. И кога огнот ќе згасне, или па уште полошо, кога ќе соберат твоите гранки и ќе го распламтат на друго место, треси си се со искрите. Приоритизација, битна ствар у животов. Ај добро утро, не ми замерајте на филозофирање. Кафеџи-ефенди се`уште кафе нема пиЈАно.