Кај си купив фраер,кај се запустев... Порано само пред добиено ќе си нарачав помфрит и крилца, чат пат пица, а сеа....
Толку сум станат дедо и неам што да праам што почнав и индиски филмови да глеам од што више све иам изглеано -.-
Не знам дали е или не поради тоа, скоро некаде по соц. мрежи видов дека ако не си бил гушкан и не ти било покажано доволно љубов како дете, како возрасен избегнуваш физички контакт, па се пронајдов. Што се однесува до сечење месо, би ми било убаво што е внимателен и се понудил, ама не би прифатила да ми го исече, би ми било глупо. Може ако е празно и нема никој, или ако имам повреда на раката која ме спречува сама да го исечам, инаку не. Сакам романтика и внимание, во одредени граници без претерано лигавење во јавност.
Секој има различен начин на размислување што му е во ред што не. Не знам што е лигавење убаво да прашаш и да се понудиш, сигурно ако каже "не фала, ќе средам сама" нема да и го земам и да речам "дај ти си неспособна". Скоро секогаш се понудувам да и помогнам особено кога е пилешко месо и тешко за сечење, не затоа што ја сметам за неспособна или дете туку едноставно така сакам јас. И најмалку битно е во животот што ќе помислат или кажат рандом луѓе од таму, а и ретко кој гледа што правите.. Едноставно тоа е начинот на кој јас покажувам внимание, преку некој најрандом работи кои јас ги сметам за романтични, не значи дека е најисправен или дека сите мора така да прават.. Јас ако сакам така да ја третирам, мора и таа така да сака да биде третирана, инаку нема да функционираме ако не најдеме заедничка средина...