Иако секогаш велам дека на крајот сме само ние двајца, јас и партнерот, сепак некој убав мир во душата ми носи и фактот што сум преубаво прифатена од негова фамилија и веќе ги сметам за мои. И без тоа ќе беше во ред, но вака има нешто плус. Знам дека никогаш нема да мора он да биде на средина, да се криеме или преправаме при семејни собири. Можда и баш зашто толку ги сакам, никогаш не би имала лице да се сместувам таму да живеам или да барам член од негова фамилија да се откажува од свој дел за мене.
Избришав Тикток, избришав Инстаграм. Ако некој овде не почне да се расправа со мене наскоро, ќе полудам.
Сакам да кажам дека ме ужаснува војната за моќ што се води. Поготово одвратниот Трамп што подбуцна се. Заради него починаа многу луѓе,од неговата желба за моќ. Одвратен гнасен старец. Заради него 85 девојчиња изгубиле живот. Таквите како него не треба да живеат! Кога ќе му дојде неговиот час да гние во пеколот!
Од една страна да си ја искажуваш сета приватност тука а од друга страна да објавуваш слика од твоето дете во целост... е на тоа не можам да ви најдам смисла и логика. Не ви е страв нека некој ќе ве препознае, ќе ве чита и ќе знае се за за вас без вие за тоа поима да имате... мене би ми било баш за никаде.
Се познава и во тешко, нема да изглуми сожалување туку ќе те бутне надолу. Ќе ти најде причини зошто тоа ти се случило колку си неодговорна личност во превод пре би да ти суди него да ти помогне.
Ај за приватноста и што можат да се издадат кои се туку себеси не се покажуваат, а детето кое не може да даде согласност оти нема поим за ништо, си го покажуваат.
Да ти ебам светот кај што партнер се бира по големина на кур, каква кола вози и колку плата зима или дал има цицки/гз или е даска.
И мене ми е несфатливо како може при толку опасности, ризици и едукација за истите во денешно време, упорно да се продолжува со ставање слики од индивидуи кои не можат да дадат законска согласност. Еве и на форумов пак интензивно се јавуваат спамови од хакнати профили. И сепак не се престанува со објава. Каков памет е тоа и за што? За лажен комплимент проследен со лајк што не вреди ни 1 посто.
И од мајмуни почнавме да крадеме Нека прекинат да објавуваат, ќе не дознаат сите, ќе ми биде срам да излезам надвор.
Животот во Македонија е скап и платите се мали, тоа точно. Ама голем проблем е што луѓе со просечни и минимални плати не си ги знаат приоритетите. Кич свадби и родендени на мали деца со торти од јебени 100 евра и угоре, телефони од 40000+, скап модерен мебел, па и козметички третмани секој месец. Не зборам на памет и не зборам дека "еј кафичите се полни секој ден". Да уживаш треба, ама не до степен да се стискаш последната недела до први. Ручек во кафана не е луксуз, ама скапата торта со 5 кила фондан Е, или филери и тетоважи. И крај крајова, нивен живот, али утре да им дојде јајцето под газ, не помагам на вакви. Некако со тек на време како заработувам, многу повеќе имам осет со пари. И јас ужувам де, лани првпат истерав асален одмор, ама поминавме со сендвичи, нудли, гиро и плажи со евтини лежалки и пак ни беа најубавите 7 дена до денес. И со гардероба си се подновив али гледам да е тоа некој просек, не тумач евтино да се скине одма, не тумач скапо да не вреди за тие пари. Ако имам одвишок пари и знам дека до следна плата пак ќе живеам ок и имам да тргнам настрана, е тогаш може да си дозволам нешто поскапо. Ама додека немам, ќе терам скромно. Оти сум немала, знам како е, и не заборавам никогаш од кај сум почнала. И баш затоа и коа некој ми должел нешто ситно не сум се замарала оти нема ни да дадам ако сум кнап. Баш поскржави се овие другите. Водам сметка кога можам да дадам, да почастам, да позајмам. Свесна сум и дека навистина има луѓе кои воопшто не трошат на глупости, што стварно немаат и гледаат само вака така да истераат. Али лично знам и многу примери ко овие што ги набројав, и у фамилија ми се. Или купил телефон од 40к ама да излезете на кафе, ќе се циганчи да му дадеш точно до денар ако плати сметката. Ќе те викне на ручек ама залаците ќе ти ги брои. Оти тие што вака прават не е од немање, од себичност е.
Јас: нема шанси да гледам аниме... Јас, по неколку дена: with the sole exception of Satoru Gojo, of course