Strong independent woman момент денес: прв пат во животот одзатнував цевка сама, таа од мијалникот в кујна, сосема се затнала додека не бев в стан. Ни средство не помагаше од оние за одзатнување, вода воопшто не проаѓаше. Со мала помош само од мојот верен чат гпт, ја извадов, ја исчистив (ќе поштедам на детали), ја вратив на место, и сега си течи совршено. Водоводџија станав.
Па секој треба да е свесен дека не е се' за постирање на интернет. Нешто може да е вкусно ама ако не изгледа привлечно естетски, зошто да се објавува?
А што ви е гајле кој постира за лајкови? Кој поститал мачканици? Па зар треба тужите желби да ги исполнуваме или како што се чувствуваме ние? Ако сметам дека треба да се објави нешто ме заболе дали на вас ви чини. Форумот е место каде секој може да си направи како што се чувствува, а не да глумиме “совршенство” како што вас ви одговара. Опседнати сте очигледно со тој социјален “совршен” живот.
Сакам да се извинам што последнава недела, и од сега па понатаму ќе пишувам неписмено на форумов али ќе пишувам исклучиво од компјутер и прво не сум навикната да пишуем од тастатура и друго ми има три јазични поддршки па уште не сум запамтила која буква кај е и плус нема аутокорект...
Да ама во овој пост освен за Цветници се јаде. Низ постот не се јаде воопшто. Мајка пости без риба и топ и е. Има посни јадења си прави, има комбинации. Во Божиќниот ја има во постот.
На темава за пост, никогаш нема да го разберам тоа просеравање што го прават. Па немој да се допрела храната до нешто непосно, па ако случајно прекршиш изигравање бесни глисти или и маркетиве и пекариве за све имаат посни опции или на частенка да ги мислиш и нив. И океј. Али не сметам дека на тип на исхрана што е избор ( и тоа не од здравствени причини) треба толку да ѝ се придава значение, додека луѓе со опасни состојби едвај наоѓаат продукти што им годат. Јади што сакаш, твој избор ама не барај другите да ти угодуваат
Сакаш да кажеш кога плукаш по мушки род во 5 долги параграфи, пишуваш на телефон? Мене ми е многу позгоден форумов од лаптоп.
Тоа е по типикот.. И секоја чест на тие што успеваат да издржат и што имаат живци да готват секој ден.. Јас и да готвам нешто немам време многу да му се посветам и најчесто излегува со ужасен вкус па пак морам да барам нешто брзо за јадење. Многу луѓе премногу се замараат за храната во пост, а хранта е само мал дел, еве нека се огласи еден што во пост ниту еднаш не опцул, не судел, не помислил ништо лошо за никој.. Еве јас наспротив рибата што ја јадам, имам мал мислон пати лоши зборови кажано за некој, сигурно нема шанси никој во 50 дена да не те изнервира и да не му посакаш ништо лошо.. И еве сите што постат и судат како некој во пост јадел риба или со масло веќе прекршиле правило на постот.. Никој ама баш никој не го испостил цел пост правилно... И секогаш во пост им се восхитувам на веганите и знам дека никогаш не би издржал таков начин на живот, ама знам дека јадат највкусен кашкавал на свет, опседнат сум со тој кашкавал (не знам по кој пат зборам за кашкавалот на форум ).
Боље да нема. Како пишувате со него? Од секогаш ме нервирало да ми предложува, па уште коа ќе зеам телефон у рака, го гасам прво тоа. Можда на кирилица као помага за побрзо, али нема шанси, иритира. @Srckata28 од лаптоп уопште не е згодно, ако нема навика. Секое вклучување ми е станато чудно таму, и не е воопшто попрегледно, напорно е, па и заморува. Ај да те прашам жити све, не дека постам ја, ме интересира кој е тој кашкавал? Од Србија некој го купуваш? Мене растителните ми имаат вкус на пластика, буквално пластика ко да јадам, нема разлика. Толку синтетички одвратен вкус Баш сподели за кој се работи.
Телефон > Иако, од кога сменав лаптоп исто ми е од кај пишам. Ама таква крнтија имав претходно, шо едноставно не можев да пишам на лаптоп без да добијам нарав да го акнам од ѕид. Жими се немам anger issues. Овај дел не го разбирам? Инклузија на секаква храна не е лошо. Вчера во факинг МекДоналдс не најдов опција "ко за мене" и цел ден го истуркав на еден помфрит. Доволно е мачно при рестрикции на храна да најдиш место да јадиш надвор, и јас сум навикната да си носам во социјални средини храна сама иако луѓе блиски во мојот живот ме сакат доволно за сами да се понудат да ми угодат, како шо и јас се нудам да им угодам. Ама, стварно е олеснување да одам во пекара и да има посна опција. Во една пекара Битола, благодарение на постите пред години уште напраја посно "гиро" (големи наводници, не е гиро, само е во пита лепче се ставено). Јас го јадам преку цела година. 100/10 на вкус за мој јазик. За се останато се согласувам, зошто во мојот живот скоро сите постат. И гледам дека се притресват за аспект храна, ама не и за другите работи шо го сочинуваат постот, кои према мене се далеку поважни и позначајни. Ама, на крај на ден јас сум неверник и нема да се мешам со како мислам дека е правилно зошто не е релевантно. Ако ми кажи дека пости, ножот со кој сечам сирење ќе го искористам само за сирење/мрсни работи и одма ќе го означам како "валкан" или ќе го измијам. Ако нешто се допри со нешто мрсно, ќе ставам ознака или ќе го фрлам. Не ми е многу малтретирање за да покажам грижа за некој на тој начин и то е некој минимум шо можам да го дам за луѓе за кои ми е грижа. Сепак, цел мој живот живеам околу луѓе кои постат. И можда ми е само нормализирано. Не знам. За ова. Јас се согласувам со двете страни, ама особено со ова шо го вели Битер. Лично не објавувам се, зошто некои храни не се естетски. И то е избор шо го прам зошто ако решам да клам во било шо "Инстаграм", има одреден естетски и арт аспект кој сметам дека мора да се задоволи. Имам објавено и грди слики, кои во момент ми личеле добро. После некое време ги перцепирам како не доволно добри. Од друга страна, сликите кои не ми се допаѓаат само ги скролам. И толку. Некој одлучил дека то е доволно добро и то е нивни избор + можи тој некој сосем други работи наоѓа убај. Убавината и естетиката се на крај на ден генерално субјективни. Нема да се задржвам на тој избор. Мој избор е да се задржам само на то шо ми се допадна. Да, неколку пати на принудна диета сум била од некои слики, ама со тек на годините научив да ги игнорирам. Јас до сега немам најдено добар посен/веган кашкавал. Затоплен, има еден-два шо се толерираат. Ама убав? Мислам дека никогаш не би се согласиле за ова. Освен ако имаш некој совршен купен од не-знам-каде, кој сеуште не го знам.
Ехееее, осум години од телефон пишував, али избришав социјални медиуми од него и сеа све од компјутер, оти ме мрзи да седам на него, освен да учам книгите ми се на него... Иначе сите мои мислења па и тоа рефератите од душа ги пишуем, без размислување, нит претпрочитувам нит структурирам нит пишам бришам пред да стиснам испрати. Е после тоа мавам една редактура кај што сум лапнала букви или сум пишала нешто преконтроверзно и за мене онака у залет, и така... @Mrs. right не користам аутокорект за пишување, али кај некои зборчиња кај што се едначи по звучност или има две исти букви една до друга ми врши работа ако се двоумам да не гуглам... П.с. ете 5 минути типкав за мислењево, а од телефон за минута ќе го напишев...
Навистина секоја чест на луѓе кои готват секој ден и уште мора да работат 8ч ,пренапорно е не се постигнува јас сама работам и имам слободно време кое ми иде само во готвење бидејќи не јадам нездрава храна колку што е можно секој ден морам да готвам кога би работела не знам колку болести би фатила од пекари слаткарници и сл. напорно ама треба да го чуваме здравјето.
Да бе, умревме сите еве глеам, а вие сите пукате од здравје и ќе пукате до 200 години. Мислам, дај Боже сите живи и здрави, али ја претеруваш со мајндсетов кој не баш ти е оправдан. Многу параноично се понашаш. Толку иам да кажам. Убав ден.
Не е лошо. Лошо е кога поголем избор се има за вегани, халал храна и посна отколку без глутен, без лактоза, без одредени засладувачи, без јајца и слични каде за жал НЕМАШ избор, каде не е по желба таквата исхрана. Затоа викам, помалку дигање фама за посно дали имало или не кога тоа е избор крај на ден. Особено не со "дали е пипано со истата лажица" кога и да е, траги не ти сметаат. Или козметика. Ќе пишат органик, веган, и тристапичкемајчиме ама нема да најдеш од прва нешто без метилизотиазолинон (не знам тривијално име) кој е многу чест алерген.
@Bitter-Sweet @Mrs. right @theowndemon Го земам од Idea organic. Ове е кашкавалот Ова сирењето Ама ист вкус имаат, може малку е по соелено сирењето и има како обично сирење внатре солена вода (како и да се вика). И на парчиња имам земено мислам дека не беше од истата фирма, а може и било сепак ист вкусот беше.. Може и до мене е, не до кашкавалот, бидејќи и на дм не и се допаѓа толку како мене.
Вегансково сирење или кашкаваливе стварно делуваат добра замена за млечните особено за луѓе кои постат или ако некој има проблем со лактоза. Ама искрено, кога ќе прочитам од позади не делува баш наивно, има многу адитиви, конзерванси, стабилизатори и засилувачи на вкус за да се добие. Не велам дека не треба да се јаде, ама мислам дека е претерано со маркетинг триковиве и дека наводно не се "штетни", ова ти доаѓа исто како вештачкото месо. А и зошто православните да не постат со млечни производи како католиците во поглед на здравјето ?