Внимавај што ќе напишеш. Да не почнеш да ду*иш како @Stark Јас пред две недели наместив германска поддршка на тастатурата. Незнам кај треба да стиснам за да напишам дупло S
Не мораш германска поддршка за ова, ми ја дава, иам обична qwerty латиница, стисни и задржи на s, ќе ти искочи ẞ Ете ја бета Аххххх коа учевме у школо немачки, интересно беше Ги има и буквите со умлаут.
Едно време си викав, Македонија е безбедна земја. И ми фалеше тоа на западов со мигрантите. Но, живеев со мислите во минатото. Толку убиства, толку насилства и тоа од никој друг, туку од сопствениот народ, од своите, браќа, сестри, мајки, татковци, синови, ќерки, сопруг, сопруга, пријатели. Ви текнува на муабетот, ќотекот од рајот е излезен?! Еве ви го производот. Човек не убива од чиста мира, освен ако е психопат. Македонија е жариште на потисната лутина и агресија. Од тоа, чукни го малку, шлапни му една, удри му клоца. Зборувате за денешните генерации размазени биле. Вие што создадовте? Садисти, психопати, убијци, исфрустрирани мажиња со мали куриња, клептомани, дилери. Производ од немање на комуникација, освен дерење, физичко насилство, пасивен родител, додека другиот ги малтретира сите околу него. Зборувај ми како ние сме биле подобро воспитувани. Ние сме биле заќутувани, ние сме биле исплашени. Ние сме темпирана бомба. Едни веќе се детонирале, други се на ред. Да не чујам уште еднаш некој да спомне за било каква форма на насилство врз деца. Подобро размазена пеперутка, отколку уште една трагично загината личност.
Морам да признаам дека се задомаќив во странство. Кога ќе се вратам во Македонија, не се чувствувам како да сум дома. Многу ми е грдо и непријатно. Чувствувам колку се луѓето заостанати со нивните напорни и прости муабети. Само сакам моите да се поблиску до мене, и никогаш не би погледнала назад.
Неам проблем да галам и гушкам вакви сонца Заразни биле, ќе фателе болештини Цел ден го мислам од вчера
Станувам сеа, уште очи не сум отворила се осеќам ко шлепер да ме прегазил, главава ми тежи, очи не можам да отворам, притисокот низок се движам забавено, си викам шо кој qr сеа ова за мене е чудно, увек сум гроги коа се мења време ко пензионерка сум... Станувам, глеам низ прозор врне снег... И не, не е Априлилили...
Јас многу сакам мачки и кучиња општо животни сакам и да, не секој може да погали животно, не знам зошто вака одма зборите моментално се лечам од инфекција пренесена од мачка бидејќи замисли ја погалив не сакаш да знаеш каков осип имам печење и чешање еден месец многу е лесно од страна да се збори како е лесно да измиеш раце од животно
Не мора да важи за тебе. Поише за мразачите и трујачите мислев кои се грозат од зборот куче Со помин нека е
Кловн бев пред 100 години на овој ден.Али тажен кловн. Имав учителка која не малтретираше и тепаше. Благица се викаше, оние од Велес сигурно ја знаат оваа вештица, цркната е одамна. За казна пошто не јадев мармалад, ме фати за рака, ме остави кај бебињата, плачев, вриштев. Ни ден денес не го јадам. Мислам, имаше алтернатива да ми намачкаат путер/маргарин, али садистот уживаше у млатење на деца. Јас само ова си го добив како нешто лошо, понемирните ги кубеше за коса и ги шамараше. Уште помнам дека некои од децата, кога ги носеа у градинка, одеа и ја гушкаа, ја галеа по коса додека седеше, како да купуваа поени да поминат со лесно тој ден. Имаше долго, црно косиште. Јас само седев кога ќе ме оставеа, не провоцирав, не ни спиев, мижев на сила, едвај чекав да ме земат. Повраќав по пат додека ме носеа во градинка. 3 месеци ми траеше хоророт и ме отпишаа. После дознав дека и другарка ми ја носеле кај оваа, истиот хорор го преживувала. Ако постои некаков пекол, Благица е ражнич.
Мајка ми гледа лансирање на ракета кон месечината на CNN во живо... а ја правам стиминг со дум скролинг со гледање на глупи тикток видеа со мачки. Ми објаснува што по што се случува со импресионираност на дете и се труди да разбере се... И после ќе рече - шо е тоа аутизам, немаше порано... Мхм... глеам. Ние сме само недијагностицирани, некој да не набљудува во моментов, одма све ќе му стане јасно. Двете чудни. Иако оваа жена секој ден ме импресионира се повеќе...
Ја па иам проблем со претерано заштитување од страна на родителите дури и на овие години.. Што директно, што индиректно. Не знам до коа ќе морам да се кажувам и најавувам кај идам, шо праам.. Гуши Ги разбирам дека мислат, но нели е претерано? Не да ме контролираат, али.. Не знам.. Некад посакувам да не се замараа ич.
Ептен гуши. Во последно време не им кажувам ништо повеќе од тоа дека ќе излезам да прошетам или дека дека зборам со некој и толку. Без детали. Прашањата се намалуваат. Пробај со ова.