Тоа е нашиот народ воспитуван демохристијански со почитување на семејните вредности, алтруизмот, емпатијата спрема другите и духот на верските празници.
Пу пу скраја да е, од шо јајца ќе беа шо ќе им застанат во грло. Колбаси после за мајо ќе добијат, за скариче.
Се инспирирав од темата за првпат летање со авион. Полетување/слетување со авион е нешо неописливо јако Од каде тоа дека било непријатно? Од секад вака збореле знам.. Дури ни адреналински не беше кузнае што Онака, па го снема одма, сакав уште Срам не срам, првпат ми беше, очекував нешо х100 пострашно Тие шо се плашите, никаква реална потреба од страв да немате, чувството е ко да лебдите Се надевам нема да се подречам
Надвор, на палубата од бродчето, скоро сама, со уште двајца, тројца. Звукот на брановите, лулањето, звукот на моторот на бродчето, јак ветер кој ја мрси косата, истовремено те плиска водата, на која и ја осеќаш солта, дур зјапаш нетргајќи поглед кон морската шир.. Прајслес Е нема подобра терапија од ова Колку им љубоморам на тие кои живеат покрај море, каква штета што не поседуваме Дали се они свесни за каков благодет станува збор?
Ми е смачено од луѓе кои ќе ги прашаш што прават одма почнуваат да се жалат демек јас доктор сум им , не сум расположена ме боли ова ме боли она од вакви луѓе и тоа што не те боли ќе те заболи! Стварно не знам кој сака да се дружи со вакви Сфатете дека сте досадни и дека на човек му пренесувате негативна енергија со такво однесување и ние што не се жалиме замислете не ни е се сјајно
Зошто ми е толку одвратно кога некој ќе користи англиски зборови на сред зборување, демек не му текнува македонскиот збор? Аман бе
Па може и не му текнува, а може и нема баш соодветен збор. Мене сеуште, и после 3 дена, не ми текнува замена за empowering, а да не биде цела реченица. За текнувањето може цел реферат да напишам, ама ме мрзи сега
Артемис2 веќе се (околу) месечината, македончето во коментари убедено дека тоа е снимка во студиото на сител. Мртви сериозни, флатертерс, нашето гласачко тело дами и господа....
Empowering на македонски би значело зајакнување/ослободување/просветлување Може да се користи и зборот еманципација, но и тоа е англицизам. Иако зборот еманципација е од латинско потекло, а не германско во кое спаѓа англискиот јазик.
Па да, зајакнато некако би му дошло најблиску , ама пак не ми го нема потполното значење. Многу зајакнато се чувствувам?
Зависи во која смисла и реченица го употребуваш зборот? Можев да кажам конотација наместо смисла, али и тоа е англицизам, иако зборот конотација е со латинско потекло (connotatio)
Мене чувството ми беше како да се возам со кола . Ништо посебно. А страв имав голем до пред да полетаме .
Нема многу можни смисли - -се чувствувам empowered. Нема ништо лошо ни во смисла ни во конотација, јазикот живее и нови зборови доаѓат или се измислуваат. Така и јазикот расте. Јас би рекла ,,осилнето,, ама и неологизмите се табу во македонскиот. И така...