Ние преведуваме во зависност од контекстот. Во општ контекст е зајакнува или засилува. Во правен контекст е овластува или ополномоштува. Во психолошки контекст е оспособува или охрабрува.
Не. Empowered e процес/трансформација, powerful е веќе стекнато/вродено. Посоодветно би било се чувствувам просветлено/зајакнато/посигурно/поцврста (уште си во фаза на промена и одиш кон целта). Empowering е процес на промена кој не е завршен. Да се надополнам. Членката погоре дала добар збор „охрабрена“ (јас го употребив „посигурна во себе“ што би значело исто).
Не умревме ама јас фатив замастен црн дроб од мрсно пржено и глупости што јадев одреден период сменив исхрана го одмастив дробот мада знак прашање и здравово колку е здраво сепак има разлика и повеќето имаат стеатоза а немаат појма и така некој наеднаш го акнало нешто се се собира со тек на време и тоа е
Ја немав страв, уопште не се потресов. Не знам како за нешо се потресувам, за нешо ни малце. Сеа не ко кола де, има некое посебно чувство коа полетува А после ми е попријатно од со кола, нема трускања по пат Е за турбуленции не знам
Јас од една страна мислам дека ептен ќе се тресам (паничарска природа, јбг) кога ќе дојде ред прв пат да се качам во авион. Од друга страна па мртва ладна си бев на ептен косо и нагло вртење на автобус (за да избегне идиот во кола, за влакно) дур некои завриштеа и можда нема да се тресам и горе.
Еднаш кога ќе се помини тоа прво летање во авион, потоа буквално ништо нема да значи, како секое друго превозно средство. Најдолго што имам летано е 4+ саати во еден правец, буквално заборавив дека сум во авион всушност.
Авионот е најбрзо средство, буквално нешто најсофистицирано шо го има постигнато човекот. А и притоа важи за најбезбедно од поглед на антропогени фактори како "нема сообраќајки" пошто е во воздух. Но, сепак самиот факт дека си 10.000 метри во воздух сам по себе не делува баш така толку комотно. Сепак е направен од обичен лим како и кола, автобус, едноставно шо рече еден чоек конзерва. Буквално како конзерва преполна со електроника. Негативна страна на авионите е тоа шо шансите за преживување се 0%, во ретки случаеви 00.001% бидејќи од воздух паѓа директно без разлика временски услови или дефект. Најголема причина за пад на авионите е дефект, бидејќи е материјален производ со ограничен рок на траење. За разлика од кола, автобус, брод, луѓе преживеале. Дали со помош на воздушно перниче, дали со помош на нешто друго, преживеале. Исто од мотор паднале, од брод преживеале, ама од авион тешко. Да гледаме на позитивната страна, бидејќи се софистицирани и сепак контролирани од земјините радари шо дава олеснително чувство но истовремено и не треба да "легализираат" толку како комотни средтва.
Додека те читав едно 2-3 пати ми се пресекоа нозе, паник атак, така да, не сум летала нема ни да летам.
Не, не треба да ти биде паник "атак" но убаво е да се има во предвид дека сепак е материјален производ, тоа и често го кажуваа на AirCrash Investigation на National Geographic, дека најголема причина за авионски несреќи е човечкиот фактор а и самиот производ кој е всушност антропогено средство создадено од човекот. И како второ е тоа шо на огромна висина крилата често знаат да замрзнат па ротирањето е отежнато. И трето е тоа шо се вози со "авто пилот" исто ко електрична Тесла, па глеаме колку е Тесла способна да управува сама а не пак авион
Е поради ова мене ми е секогаш страв, интрузивните мисли не ме оставаат на раат цел лет, едвај чекам да се паркира авионот. До тој степен што постојано одложувам патувања за некоја друга година...
Се мислам дали да станувам ноќеска да го фатам моментот во живо кога Артемис ќе помине зад месечината и после 40 тина минути кога ќе излезе. Или сабајле уз кафе да ги гледам сликите. Детево исто сакаше да станува.
Полетување и слетување се тешки у глобала оти се мења атмосверскиот притисок у авионот, и за тоа може да ви е тешко дишењето, да ве боли глава или да ви зујат уши. Затоа и бебиња и тодлери плачат највеќе у овие моменти. Ко некоја која само лани леташе 8 пати , совет мој е слушалки во уши и пододтворена уста за да се регулира притисокот, плус длабоко дишење и секако затворете очи ако ви е полесно. Пред неколку години у оние ветровите страшни у Скопје полетавме да не речеам вертикално, и плус не удри ветер јак па пилотот забрза брзо и буквално притисокот се појача у секунда не се дишеше и буквално станавме од седиштето и полетавме на нозе, стоевме некои добри 5 секунди ( да, вака не е многу али у тој момент ко вечност ). Се до тогаш увек ми беше страв од самиот лет, а не полетувањето и слетувањето, али после дознав дека тоа се уствари најрискантните моменти, па сеа више не ми е гајле и од тогаш си викам ако умрам барем да се акнеме од копно да се екслодираме да не се давам по водине. За повеќе оптимистички мислења и тешења слободно запратете ме. Пс: мислам дека со секој лет треба да добиеме и неколку дена бенифициран стаж, исто ко пилотине и стујардесине ради радијацијата...
М р а з а м летање, мразам полетување, мразам летање, мразам слетување. Ама стигнав до ситуација да можам да се геслајтнам дека турбуленциите нема да ме убијат. Зошто знам дека нема да умрам и знам дека оооооодааааааааааааамна се нема случено то (ИСТРАЖУВАВ!), ама полетување и слетување има един реален, вистински ризик. Така да не ми е проблем самото полетување или слетување, не осеќам непријатност. Ама осеќам реален ризик да падни авионот. Мојот мозок настрана, вистина е најбезбедно превозно сретство. А, рачунај ги имав најголемите турбуленции претходен месец. Со се глас од известувањето да не се слуша и да се губи, со трепкање на сијалички, на една му летна торбата шо не требаше ни в раце да ја има и замина кузнај-каде. И тогаш бев зен. Ко слетвавме срцето ќе ми излеташе од гради. Bye-lingual велам јас.
Шанси за преживување 0,нешто па и не е така страшно, или ќе те биде, или не.Не е тоа ништо негативно, само е конечно. На светлата страна-нема Дурмо флајт на пример. Статистички, најстрашно што може да ти се деси,е да ти се загуби багажот. И да ти го скршат куферот, во едно 80%случаи ако имаш чекиран багаж и леташ во/од Македонија. Статистички, шансата да се урне комерцијален авион е 0,000001%. Или 1 на 800 милиони. Е сега ако си богаташ и го леташ приватниот двосед или петосед. .. well...
Мене омилени делови ми се полетувањето и слетувањето(што се иронично поопасните моменти). Единствено кога знае да ме фати малку паника е делот кога се чувствувам како да не се движиме, кога веќе авионот е доволно високо, ама зашо знам дека се некој вид интрузивни мисли, ми помага да се потсетам што се случува механички и физички во моментот. Во секој случај за мене авион е супериорно превозно средство. Колку знае да ми е лошо по патишта со еден куп кривини, ако може еден приватен авион и со него да се возам буквално до Охрид . Во колку саат?
Ја сум најобична работна сила, не сум открила лек против рак или кола на вода, не сум научник за Наса или не сум виселблоуер за Боеинг, па да му ја мислам дека ќе ми падне авионот...
@Angie1432 околу 00:44 се очекува да се изгуби контакт, околу 40 минути ќе нема никаков контакт, па се очекува да се воспостави повторно.
Па јас оти сум обичен смртник толку ме владеат напаѓачки мисли. Пошто мораше да научам како лета авион (објаснато for dummies ofc) за да ко ќе ме фати паника да можам да се смирам инаку од „шо ако“ сценарија ... само мозоков ми знај како преживува.