Не знам дали ова е ЕУ срање или фаќа и корисници во Македонија, ама на Фејсбук и Инстаграм, за да продолжам да ги користам апликациите, морав да изберам дали сакам персонализирани реклами или random. Логично, не дозволив персонализирани реклами. И сега како казна што не дозволувам персонализирани реклами, имам ad breaks, кај што не можам да скролам надоле 5-10 секунди додека трае некоја реклама, а ако се вратам нагоре за да не ја гледам рекламата, времето се паузира. Значи, те форсираат да имаш отворено на рекламата. Мене ова ми е толку дистописки. Се осеќам баш violated, многу поинакво искуство на социјални мрежи од било што до сега. Како во Black Mirror епизода да сум. Одвратно. Осеќам интензивна потреба да додирнам трева и да го осетам сонцето на кожата. Утре се ќе избришам од телефонов, стварно сум overwhelmed. П.С. Мижам додека траат рекламите. Мрш.
Па убаво ви праат бе. Ја би и да почнат да наплаќаат, и за користење, или еве неќеш реклама да видиш, бам по 3 доларчиња. Ем се нервирате, ем пак не можете без тие срања. Шо кур морало толку да се зјапа, секој момент од животот да го слика/снимаш и ставаш, не мора секој, зашо и да се става се чудам, шо потреба е.. Ја нз стварно до мене ли е или шо, али уопште не ми беа никад привлечни. Ја коа кажав доста е, значи доста е и забораени се, крај, за век и векова. Ни на сон не планирам да напраам. Ми се чуделе луѓе, коко моеш без, не им е нормално, мене па не ми е нормално нивното и тука завршуваме со дискусијата.
Мене на сториња многу реклами ми излегуваат и сега ги ставам на блок листата сите профили што ќе ми излезат како реклама, последно м-кеш ги ставив на блок.
Да. Замисли без социјални мрежи, ама само замисли го тоа И не се секад 10 бе, од 2 па до 13 и 45 сум. Реков шо реков. Патем, премило ми е шо се замараш со мене, продужи да ме следиш со исто темпо
Пред 1-2 години би се согласил со тебе, но си го променив мислењето и денес мислам дека персонализирани реклами се подобри од случајни реклами. Алгоритмите нѐ познаваат многу добро, покорисно е за тебе да ти излегуваат реклами од нешта што те интересираат отколку реклами за нешта што не те интересираат. А реклами секако ќе ти излегуваат. Во случај да си загрижена дека Мета (или било која друга корпорација) преку ова ти ги собира личните податоци повеќе од обично, воопшто не треба да се грижиш за тоа. Тие секако собираат се што ќе внесеш во телефон (не само во апликација).
Се силува зборот кринџ Преинтересни сте ми некои ликови бе, а, бе, срцки тие You made my day Да почнеме со фразите Btw What a beautiful day
За жал имам селективна меморија на слон и памтам рандом глупости што ќе прочитам, не те следам тебе специфично. Мене до негде ми фали интернет времето кога инстаграм си беше лабава социјална мрежа во своите почетоци, а фејсбук ни беше "главното" место и идејата беше само да се допишуваме и да си постираме кринџ слики. Сега се движиме сѐ повеќе во насока на black mirror, буквално нема веќе граница каде завршува човечкото тело а каде почнуваат социјалните мрежи, ми се чини дека целата поената е луѓето да се фузионирани со телефоните, контролирани од алгоритмот, нарушување на приватноста и ултраспецифично таргетирано искуство.
Глеј, пред да ми дозволат да бирам, сигурна сум дека сите реклами биле персонализирани. Знам дека веќе ги имаат сите мои податоци, не се обидувам да креирам нови теории на заговор. Ама чим во ЕУ се спроведува ова ново правило, да можеш да бираш какви реклами сакаш, тогаш веројатно не е идеално за мене како корисник. Не е дека се плашам од нешто, само ми се згади од начинот на кој те форсираат да гледаш во реклама. Ти даваат избор, но ако избереш погрешно, те "казнуваат". Во мои очи ја преминаа границата, и од принцип нејќам да користам.
Сфаќам, јасно све. Него, не знам зашо мене ми збориш, ги неам социјалните мрежи. Освен форумов ако се рачуна, и оние за комуникација ко Вибер. Е на Вибер огромно време проаѓам, на Гугл исто. Сакав да кажам дека и без социјални мрежи моеш да глеаш у екран, и да си зависен. Ја не негирам оти дремам на телефон. Ја ги хејтам социјалните мрежи такви какви што се.
Јас не сакав да ви се мешам ама ме интересира што правиш толку време на Вибер? Ако мислеше на комуникација со луѓе јасно ми е, ама незнам дали за нешто друго се користи? Кога сме кај социјални мрежи.. Јас Вибер користам само за работа и тоа на мјут ми е и никогаш не сум во тек што се случува, отварам многу ретко или евентуално некој слика да ми прати на инста не се праќаат со добар квалитет. Фејс одамна не користам од 2020/21. Инстаграм најмногу користам, ретко само ставам објави, мислам објави и не ставам само сториња, Снеп само дм и 2-3ца другари собирам оганчиња, исто доста време ноќ знам да изгубам на тик-ток и тоа многу глупи работ гледам ни сам не знам зошто ги гледам.. И фемина што користам тоа е.. Гугл од кога излезе ЧетГпт не користам, мрза станав барам линк од него да ми прати за тоа што ми треба да најдам.
Абе стварно браво за вас шо викате "немате време” за ништо, ама знајте кој кога ставил стори.. Животот да ти зависи од алгоритам на инста оти досадно било.. И не дека немате време туку едноставно сте зависни од глупости. И поголема ред флег апликација од тоа Снепчет нема..
Chat Комуникација секако. Со најмилите луѓе и 10 саати се малце Можеби Вибер за тебе и другите пензионерски е, знам. Ја не го користам телефонот ко вас ете. Сликам коа ми е нешо фотогенично, можам 5000 слики да напраам но за свој мерак, не за на инста. Генерално тоа е. И за музика секако. Вчера над 6 саати ми покажа, среќа у позадина работи па не троши мнг.
Секој си има апликации што сака и што не сака да ги користи, не ми беше дека е за пензионери, премалку користам Вибер па мислев има некои опции за кои што не знам дека постојат.
Јас: Не треба да се стресираме за небитни работи во животот, треба да живееме во моментот и да правиме она што нѐ исполнува. Исто така јас: *се нервира оти треба да чека на улица каде што другите коли имаат предност*. Како беше она, и две нешта можат да се вистина истовремено, особено ко ќе си во пмс.
Добро е што можеме и да мижиме. Ќе дојде време кога ќе нѐ скенира дали ја гледаме рекламата и нема да заврши сѐ додека не нѐ прочита дека очите ни се вперени во рекламата и отворени. Ко јадниот од блек мирор кога не можеше да плати и мораше да ги гледа сите реклами на крајот.
Абе ајде не се жалете од македонските реклами шо траат по некоја секунда, дојдете да ве видам шо ќе праите со германските реклами од по 30-60секунди.