Плачка суммм, си признавам ете . Се изнаплакав со девојчињава - Неизмерна радост на девојчиња кога мајка им им кажува дека е трудна ах Фемино што ми правиш отсекогаш сакав да имам помала сестра ама среќна сум и со брат ми и ми се оди на скијање бре ( незнам да скијам ама сакам да научам ) ајде снегче побрзај, поголем студ - повеќе гушкањеееее
Ех декември каде си,а камо ли пак јуни? Ми недостасува распустот и убавото топло време сакам плажа,базен излегувања до до доцна и допишување до раните урински часови ми треба одмор.Периодов ми е премногу напорен,да резултатите се добри но би можеле да бидат и подобри.Денес сме понеделик а јас со нетрпение го очекувам петок за добро да се наспиам и одморам..
Денес дознав дека сум го положила првиот предмет за оваа година,пресреќна бев .Морам да признаам дека не се потрудив многу иако го сакам преметот,ама искрено посакав да положам и се оствари тоа.
Deneska na zenata sto mi podarila zivot i e rodenden i sakam da i kazam golemo BLAGODARAM za se sto si napravila za mene, sto sekogas gi ispolnuvas moite mecti i sto duri i so najmali raboti mi pokazuvas kolku e golema tvojata ljubov kon mene. Da si mi ziva i zdrava mamicka i nasmevkata nikogas da ne iscezne od tvoeto lice. Te sakam najmnogu!
Секогаш сум со некои луди идеи.. сега планирам да полагам за кола и да учам германски. Ќе банкротираат моиве
Пауза 1 - И сметало што имало смог. Се нервирала што морала да го вакцинира детето. Тешко и било од загаденоста и и идело да се исели во село. Море странство ке бегала од глупаците во Македонија. Проста раја биле македонците. Им било побитно да работат во загадувач, отколку труењата на луѓето. Скопје во зима било со гас маска да одиш. Сето ова кажано, додека пушеше цигара, а по неа уште една, „швајцана“ оти бевме на пауза. Бремена со второто дете. Пауза 2 - додека ја пушеше втората цигара, се жалеше што малото има астма. Наследна била, од на маж и страната. Стресен и бил животот, не можела нормална чистачка за дома да најде, имало прашина. Глупачки биле македонките, не знаеле да чистат. Сето ова кажано од македонка. Бедотија.
Никогаш не му завидувајте на никого... Ни за ничија среќа, ни за несреќа, зошто никогаш не можеме да знаеме која е суштината и причината за истата.... Животов е чудо! Немојте да покажувата целосна доверба и посветеност кон никого, па дури ни кон себе си... Во последно време видов и чув некои работи од кои тотално се разочарав, а воедно и опаметив. Ништо од тоа не го почувствував на своја кожа, за среќа, и фала му на Бога, но видов диаметрални разлики за нешта кои сум мислела дека некого го прават среќен, привидно, а уствари зад грб му го прават најлошото во животот.... Ах кога би можела да и кажам дека саканиот за кого целиот живот си го тансформира само да удоволи на неговите потреби цели 5 години, а тој одржува уште една паралелна врска.... Но НЕ! не сакам да се мешам, после јас ќе го кркам најдебелиот крај , како и секогаш, затоа мудро ќе си молчам... Абе молчењето е злато понекогаш! Знам дека за секоја лага има крај, и дека вистината секогаш победува кога- тогаш. И на оваа и се ближи крајот. Мојата другарка е паметна, па дури и попаметна и од најодвратниот и дечко кој ги мота двеве.... Ќе го откие во рок од една недела.... И како јас утре ќе имам доверба во сопствениот ми сопруг здравје Боже? Ма никогаш нема да имам цеосна... Никад!
СДК дека обожавам да ја читам темава ....потајно се пронаоѓам во еден куп мислења...и само една мисла ми поминува во глава: ..-И јас исто,..и јас исто така се чувствувам ... Зошто не ни ставија едно такво копче па место ми се допаѓа да и ставам на знаење на форумџиката дека не е сама, дека и јас исто се чувствувам и потврдно климам со главата додека го читам нејзиното СДК
Сите сте си навреме информирани дека фемина ни е подновенка, само ја вчера разбрав. Тоа е резултат само на преголемите обврски и немањето време за интернет. Првен кога отворив си помислив дека ја згрешив страната, ама го гледам логото на фемина и си викам не бе таа е.. И отпосле сконтав. Малку е чудно, и како шо имаше погоре напишано ќе треба време да се снајдеме, ама морам да кажам дека ептен ни е лична вака феминава. И смајлињава кога ќе ги видиш, поготово овие насмеанкиве, абе милина. Фемино моја, сега и кога советите поминаа нашколо, ти давам збор дека ќе бидам активна!
Mислев да кликнам само *ми се допаѓа* ама морам да кажам дека многу ти е добар постовси гледала и слушала циркуз без пари.
Пишувајќи ја слушнав баба како рчи во другата соба. Ја дигнав главата од книгите и го погледнав нередот од листови, книги и пенкала околу мене. Толку многу обврски, а толку малку време. Се сетив, кога бев мала баба ми беше најдобра другарка, а моја најголема желба беше розов кабриолет, минич суќна и баба на предно седиште Знам дека таа спие мирно, рчењето ѝ е од цигарите. Барем таа, јас не паметам од кога немам спиено како што треба. Мирен сон - тоа ми треба. Касно легнување, немирно спиење, ме мачат сонови, лошите работи и на сон ме демнат, а потоа рано станување и се така во круг. Баталив книгите и отидов да ја видам баба бидејќи престана да рчи, што значи дека е будна.
Хероите од детството остануват херои за цел живот, барем кај мене. Имам два вечни херои. Едниот, Вин Дизел. Таткото од сништата. Омилениот актер. Човек кој го обожавам, и би сакала да го сретнам барем еднаш и силно да го гушнам. Другиот, Докторот. Сите знаат за мојата љубов кон него. Човекот кој постои само во светот на фантазиите. Мојот животен херој. Омилениот од омилените. И тие се, засекогаш. Не ми требаат други, затоа што знам дека овие двајца ги чуваат моите сништа. И одлични се во тоа.
Тактика бивши се уште зацопани во вас - е за инает не и/му лајкувам... Што не ќе слушнам... демек не лајкувам, а срцето ти знае како ти е сестро/бате. Патетики.
Љубов е кога ќе седне да ти ја игра играта на ФБ само за да ти прати подарок за да си ја доиграш. Кога мажот ќе ти се погоди, се ти е погодено во животот!
Оооо Антонинке, дека си мор? Те нема два века мор, што ти текна да пишеш, да не утна дестинација? Подновени сме мор, најнови, тазе скроз, е арно ти текна да се вратиш затоа е нешто ладно надвор
Не бе, све нек се гони, веќе не излегувам од дома. Људи златни, па брука ли е, Тарзан ли е... Си се средив, се налакирав, си пуштив серија. Арно ама...нема кафе. Проблем ли е? Не е. Одам фино, лепо и расположено до продавница да си купам, нели, природно издание - нула шминка, соберена коса и тренерки, па кад се нема шминка, нек се има осмех - најјакото оружје демек. Си одам на каса, ставам кафињата и си се смешкам на касиерката додека откуцува...гледам девојкава ме погледнува, па се мршти и врти глава, пак ме погледнува...пак нешто не ѝ штима. Се мрштам и јас, си земам кафињата и си излегувам. Она мене опако ќе ме гледа. Што, она Грејс Кели да не е нешминкана? Назад дома, фино си направив красно кафе со цимет, идам да си измијам раце во купатило, се погледнувам во огледало...and then it hit me! А бре, како сум го изгрицкала ноктов на недосушен лак (лакот - Црнила од Чашуле), ми останал пола на забот. Исто ко некој да ме превртел од ќотек и ми го поткршил кецот десно. Па уште ќе шармирам! Еве, пишувам и си плачам од смеа...а богами и од срам. Гуска.