Многу е мислам, ама зависи каков сакаш. Околу 100 еур +/- ти е грам 14-каратно злато моментално во Македонија (според интернет извори), треба апла голем прстен да земеш за 40 илјади да кошта. Цирконот ако не е скапоцен камен, ко што спомна и сам не вреди многу, за гравирање исто може да ти наплати плус од цената, ама 40000 делува премногу. Распрашај се во повеќе златари и очекуваме да се пофалиш.
1.На ЈТ почнав на секоја анкета да им го бирам најнегативниот одговор и во последно време не ми излегуваат преглупи реклами. Ако е нешто што не ми се гледа, стискам рилоуд и готово. Спотифај и онака ретко ја отварам, па доста ми е бесплатната. Не ми се вредни компании за да им фрлам пари. 2.Можно е да се претера со телефонот и без мрежите. Знам да заглавам на некои игри.
Артемис 2 успешно се врати на Земјата. Конечно нешто убаво и важно да се деси додека сум жива. I was here.
Не се покрена дискусија на форумов за ова, а мене ми беше топ доживување во последните 10 дена да ги гледам. Фасцинантно е, не можам да замислам како им се менува перспективата за животот и нашето постоење воопшто после вакво искуство. Се надевам ќе зборуваат како лично ја доживеале мисијата, многу сакам да слушнам.
Еве јас , многу коментари има за тоа дека не е вистина , некој доказ нешто има ли ? Јас не знам дали да верувам и ВИ вика дека не е точно , се очекува крај на година тоа да го изведат
И мене ми беше топ да ти кажам, се наежив кога слетаа сношти во 2 саат по наше време. И навистина ми е жалосно овие нашиве колку прости коментари оставаат за оваа случка, подалеку од вмро и сдсм не виделе, само тоа ги занима и ништо друго.
Трајко Македонец Никогаш Северна Трајковски ќе се замара со месечини, Артемиси и чуда, сѐ тоа иде од сатанистички Холивуд, снимки се. Моите ставови и размислувања во голема мера се разликуваат од доминантните мислења што најчесто се среќаваат у фиромските, комент секции. Ова у CV го ставам, како позитивна карактеристика. Клучот за успехот е: застапувај го спротивното од она што го читаш у коментари на бумерски фб.
Топ ми е вака шо конечно после дооолго време мене мува не ме лази за нишо Ааа па доста више стрес стрес стрес, пукнав бе.. Само куроболие ако сака чоек да остане функционален Денес не сонував пак како куќата то ест собата ми плови Ау колку јак сон, 2-3 вечери се дешаваше да срипам од кревет и сеа не знам на копно или на вода сум Цело време пловеше собата ко некој огромен крузер, а ја само проверувам дали е или не мојата соба Шо ли значи ова жити све
Прво прашање на следен дејт ќе ми е што мисли за Артемис. Ако ми почни со теории на заговор одма ќе станам. Нема никакво губење време.
Имам цел прирачник со прашања, ако ти го дадам, голема е веројатноста да не најдеш никој од овие простори.
Во свет со војни предизвикани од луѓе со една нога в гроб, биди тој кој се интересира за потенцијалот кој го има човештвото. Добредојдовде назад тим Артемис. Камо сите историски моменти кои се случуваат и ќе се случуваат во текот на нашиот живот да се вакви.
Јаc би ти препорачал да не гледаш во Македонија, цените се до небеса отидени поради цената на златото. И во светот е исто, ама овде се далеку повисоки од пример еден Истанбул. Ако ти е далеку таму, види во Солун, можеш викендашки да скокнеш и да најдеш далеку поповолно отколку кај нас. Има и поголем избор. Јас кога земав, ми се стемни од цените што ми ги кажуваа овде, и си земав од странство. Исто и за бурмите направивме. Може малку логистички да е потешко да се изведи, ама тоа е најбитниот настан во животот, и прстен кој има најголема симболика. Не се жали ниту време, ниту пари.
Јас па лично не сфаќам да се фрлат огромни пари на накит кој е само да одбележиш, ама ај вие си знаете. Му имам речено на мојон, поарно еден викенд ќе истераме, ќе се подновиме нешто него да ги фукнеш на прстен што веројатно и ретко ќе го носам. Еднаш му се лутев и за ланче скапо што ми зема. Ама да дознаам оти дал илјадници на прстен, ноу ноу, абе мрш, ќе му ги треснам од глава и бурми и све. Мене работата ми е со ракавици, нема ни да го трпам на рака. Не знам, ја сум реционална со пари, уживам ама таму кај што има простор да скратам, ќе скратам.
Кожата се поти, вода се задржува при миење и тако даље. Не мора габична. Али сериозно носите накит со денови? Гадничко ама океј.