Ко ќе се вери некој и се искористи зборот "сврши"... мозокот ми оди на многу грешно место и го сфаќа како буквален продукт на веридба/партнерство. Ама па, се имам пофалено дека имам хумор на 13 годишно машко дете.
Многу ми е невкусно и без осет зошто можеле да користат друг збор, па морале ли сврши. Повеќе ми е ради исмејување, демек да се направат интереси.
Колку се преубави јапонскиве цреши, совршенство, денес прошетав покрај нив и се воодушевував, другарка ми ми искоментира дека со години се тука, али јас сега прв пат ги начекувам вака раскошни. Краток период на цветање имаат, а и јас ретко излегувам на овакви прошетки, ова е џек-пот. Следно здравје може ќе ги начекам по 10 години, во маало ми се инаку. Со овакви дрва требаше да ја засадиме СРМ, а не некакви палметини кои одма се исушија.
Кога почна масовно да се користи ChatGpt, увидов колку “фирми”, доктори и луѓе од наставен кадар почнаа наеднаш да користат тире во некој состав или честитки на социјалните мрежи. Тажно како луѓе од таа фела не знаат да состават обичен текст без помош на вештачка интелигенција.
Или пак наводници кои не се македонски... Покрај употребата на “високо интелектуалниот" речник, по наводниците ги препознавам. И по тирето, секако кај без него.
Кои наводници се македонски? Ова никогаш не го научив, каша-попара правам кога се наводници у прашање, секогаш различно ги пишувам. Две долу, зборот, па две горе ли е правилно? ,,Овака"?