Колку време го чуваше така тегавецот, и ако го чуваше пример повеќе денови, дали го сменуваше со нов?
Конечно убаво време какво што треба да биде. Засекогаш нека биде вакво. Не би влегувал внатре, се надевам и за викенд ќе задржи вакво да биде.
Стварно никад нема да сфатам да дадеш 300 денари за тегла мед од маркет кој нема ни М од мед. Купи чоколадо со тие пари, барем знаеш што јадеш. Од сите земјоделски продукти, со мед највеќе се манипулира и лаже. Затоа исклучиво од познати се зима.
Има малу, кога ме боли грло земам од најмалите тие у кафич што ги даваат за чај, 15 ден се у жито маркет, и помага малу за иритирано грло. Порано го земав тој мед тартуф демек органски бил којзнае дал е стварно. овој
Се чувствувам дека каснам некаде. Во смисла на тоа дека немам факс завршено. Студент 5та год. ФИНКИ ми останаа уште малку предмети...Осеќам притисок секој пат кога ќе ми кажат моите дека некој близок дипломирал. Пробувам да не мислам на се тоа ама не оди. Дали каснам со ова и дали премногу си се опуштив? Буквално студентските денови ги поминувам во уживање (нормално и учење) и во минење време со најблиските. И пак на крај од денот се чувствувам како да не сум доволно добра за моите родители.
Го прашувам дм за некоја команда на тастатура и ми вика со fn. Ја глупото упорно идам f + n од буквите и онака викам абе не е тоа, не заебавај. Истовремено додека читам научни трудови за невролошки болести. Вие арни?
Не се секирај на ФИНКИ ретко кој завршува во рок, а па да знаеш уште колку има шо им е ставен на пауза со години. Јас сум прва година и уште од сега имам чувство дека нема да го завршам за четири години. Штом имаш уште малку предмети не се замарај многу кој шо ти кажува.
Моментално најомилен тик-токер ми е детето со ќилимите, го заслужува секој следач. Едвај чекам да го видам на крај каков ќе испадне ќилимот.
Мислам дека не го доживеав оној студенски живот како бруцош пошо беше карантин и 2 години од дома бевме. Секогаш периодот на студии го замислував поинаку ама ја ваљда најголем баксуз па ништо не ми оди како треба.
Истоо хахах срцка дете. Мило ми е што има некој од новиве генерации што сака плетење, хеклање и везење.
Како да не се повредувам од се'? На времето ме булираа и ми збореа дека не знам ништо, не ме бива, не сум вредна, заедно со купишта гадни епитети СЕКОЈ ден. Овие траги никад нема да се избришат Зашто се чудите кога и на ситници емотивно реагирам, и на шали? Не можам да го надминам за жал, врежано е во мене. Очекувам само разбирање и внимателност барем од најблиските сакани, друго ништо не треба.
Пиши на инста или тт хеклач Виктор, за два дена со едно видео стана познат.. Сладок е многу и плете ќилим ќе биде голем колку сите следачи што ќе ги собере.