Се може да се надмине, ако не можеш сама побарај помош од психолог.. Инаку ако ти сметаш некој за близок, а тој не сака да те разбере и да биде внимателен со тебе, очигледно не те гледа како близок. Цени се и сакај себе си, а луѓето кои што ти велат дека не те бидува за ништо не ти ги треба во животот, човек на кој што си му битен колку и да не знае како да ти помогне нема да ти каже не те бидува, туку ќе те подржи и ќе те охрабри..
Повеќе сакав да го потенцирам тоа што многу знам да се лутам и повредувам, сепак си има корен проблемот, свесна сум. Па не треба да ми се чудат толку, зашто реагирам како што реагирам. Треба да знаат дека пред се' и ја не сакам да сум ваква, претешко е .. Порано ми викаа не ме бивало, погрдни зборови еден куп иам проголтано. Епа не сум од железо јбг, попуштив.. До ден денес осеќам последици од психичката тортура
Не можам да ти кажам дека ќе се избрише од меморијата. Би сакала да можеше (двете би биле раат со тоа ), но ете нема начин. Можам да ти кажам дека прво мораш да научиш да се носиш со тоа. Не му дозволувај на минатото да те кочи повеќе. Секако Божјата правда или кармата проработува кога тогаш. Ако не можеш веќе сама, послушај го Лимонко и побарај помош од стручно лице. Потоа да научиш да филтрираш. На крајот на краиштата, никој не те познава подобро од самата себеси. За разбирање си зависи од тоа кои луѓе поминале низ истото. Не е особина на секој човек. Не можеш да ги смениш, можеш само да одбереш дали ќе продолжиш да се надеваш. Заврти се, замини. Оди некаде и подиши сама на раат. Никој не може да ти го наруши мирот што ти самата си го создаваш.
@Mrs. right Заслужуваш емпатија за тоа низ кое си поминала, но треба да имаш и одговорност за тоа како се однесуваш сега со другите. Бидејќи болката ги објаснува твоите постапки, но не ги оправдува ако повредуваш други луѓе. Едноставно не си дозволувај со истата да си го оправдуваш однесувањето, бидејќи тоа никаде не води. Бидејќи ако сакаш некој да биде нежен со тебе, мора и ти да вложиш труд. Воедно, разговарај со психолог. Работи на тоа активно да ја процесираш траумата, наместо одново да ја преживуваш секој ден
Нема Да се родиме пак одново и да живееме сосема поинаков живот.. Ова е најтешкиот дел мислам дека. Не знам како е кај тебе, мене одма штом ми се каже нешо шо не ми е по ќејф да речеме, и сеа ќе се увредам, ќе плачам, одма потсетувајќи се моментално на тоа што било, па се бедирам Као некој идиот се осеќам. Така е да. Сепак само одреден дел од нас покажуваме пред другите, какви сме всушност ние, тоа само самите го знаеме, другиве си претпоставуваат. Сфаќам. Не бегам од тоа ја, ниту се оправдувам коа грешам, па колку и да не ми се допаѓа. На форум како се претставувам се претставувам, никој не е цвеќе па ни ја не сум. Знам дека ви идам на живци понекад. У живо обично се трудам да сум коректна со секого. Да сум повредувала она у буквална смисла немам повредувано. А брзоплета сум и нервозна по природа, може некој збор да ми излета, за кој после цела вечер на пример да не можам да спијам, да размислувам, и да се преиспитувам. Фала ви на сите
Оваа на Тодоровиќ ќерка му си се шлаела во Дубаи, си го бркала топчето во казино пред граница со Косово, си живила живот, а вработените едвај плата помирисувале. Штета што веќе изгубивме македонски бренд. Барем дс го продадеа. И на дистрибутерите им дужела пари.
Па така си е....започнавме со сликовно писмо во пештерите и пак си се вративме на истото. Пак од своите пештери мудруваме со сликички. Човеци .....
Оти имам помладолика фаца и до скоро уште ми велеа дека сигурно имам 16 години, жими све ми се свиѓа што имам така бледи брчки околу уста. Ме прави да изгледам сериозно. И да би правела евентуално некогаш корекции, би било после 40 години.
Ама кога ќе слушнам или ќе ми кажат дека приказната на Ленка и Лаза е тажна невозможна љубов или јас не знам што е љубов или вие. Тажан е за Ленка, другово не баш.. Љубов било, педофил и женкар писател заведува млада девојка која што е помала од него 29 години, со годините може татко да и биде, после се жени за пари со друга и таткото на Ленка го вика за сведок, поради неговото играње со чувствата на девојката, и не можноста да излезе од се тоа, се заљубила во некој што може и не бил и по 5 години си го одзема живото. После од кога дознал дека е поради него му проработела човечката совест и не чувствувал тага од љубов туку од вина и напишал песна за да изгледа како да е од љубов.. Невозможна љубов била, јас тука љубов друже не гледам барем не од страна на Лаза, гледам педофилија, игра, измама, корист.. Многу е лесно да наведеш некој толку незрел за тебе дека е љубов, за да се забавуваш додека тебе ти е убаво, после "пу пу не сум јас за тебе". Тој да бил толку зрел и знаел дека е стар за неа немал ни да ја лаже и заведува.. Друго за пари ја оставил ама љубов било.. Приказната е тажна за Ленка, за Лазе не е си се забавуваал тој колку што си сакал и си заминал.. Уште некој нека ми каже дека се овие Балкански Ромео и Јулија, бокс ќе му мавнам.
Појма немам за шо збориш, ама се согласувам со тебе. И преку *тит* со затворањето очи пред педофилија само затоа што девојка/момче имаат навршено 18 години. П.с. Ромео и Јулија е жива глупост.
Каков вашар беа изборните кампањи у Бугарија… денес се гласа. Следам еден лик што прави компилации. Имаат материјал за антологија. Особено десниве, популистички партии, чалга пејачки и ромски бендови се дереа по плоштади, трбушни плесови, коњи, магариња, кочии. Популизам у некаков ,,фолклорен" чалга стил, за iq70 таргет група што сака кич шоу повеќе од програма. Ние сме свет за овие. Исто ги доживувам и оние на север, ,,брачо" што ни се. Само тие се поприфатени од народецов, пошто сме 35 години под српска хегемонија. Да даваше Словенија пасоши и да ме тераше да се колнам дека прадедо ми бил Словенец по интервјуа, со задоволство ќе си земев такво државјанство, секако ме заболе патка за СРМ. Барем ќе се брукав за нешто што личи на средена држава. Штета што само Бугарите и Албанците сакаат да не асимилираат, немам некој избор. Имам братучед вмрана, што го поседува оној ,,магичен" документ за брзо бугарско државјанство, го издила на цела фамилија вмровци. Моите и јас, како комуњари предавници, не извадивме, каков парадокс.
Идат некои врска неам кои, ги слушам од тераса, маж, жена и дете, не знам дали родители или шо му беа и вика таа кокошката ' Нешо шо не може да смисли у животот се мачки, ги хејта' , така со лигав глас Веројатно за детиштето се однесуваше. Е многу убаво, уше од мали нозе пун со омраза кон животни
Колкава е веројатноста дека детето не мрази мачки, туку едноставно не ги сака, а мајката така лигаво се изразила. Just saying ... И јас не сум фан на мачки, ама не ги мразам. А вие сите животни ли ги сакате? Е! Мразам бубашваби на пример и комарци.
Има врска кое животно...нормално е да не сакаш нешто што те плаши или претставува опасност а маче мило и слатко зашто би го мразел?? Психолошки се гледа дека нешто не е во ред да мразиш или не сакаш мачки, кои што не може никако да ти напакостат..
Исто е бубашваба и маче жити се? И не се животни, инсекти се. Знаат да бидат и штетници, скроз непожелни гости. Никој ништо не мора да сака, но нека не мрази.
Мислам дека зборовите како хејтам/мразам немаат толкаво значење, се разводнуваат и нивната употреба е сведена на исто ниво како и да кажеш дека не сакаш нешто. Барем кај мене е така, мразам го користам ако сакам поквантитативно да опишам колку не сакам нешто, односно да го нагласам степенот на лично незадоволство, а не дека нештото го мразам до степен да му наштетам. Пример мразам што утре сум на работа, ама тоа не значи дека ќе ја запалам зградата
Не можам да поверувам колку глупи с(м)е балканциве, ееј... имаш опција да гласаш, и пак гласаш грешно за некој кој години по ред е само карикатура на функција...
Споредбата повеќе беше ко да си зборам сама со себе. Сакав да ти кажам да не се секираш тоа шо мајката рекла дека хејта мачки не значи дека е полно со омраза кон животни. Инаку тоа ми падна прво на памет, ама пак и што дека се инсекти, живи суштества се. Е ова го извади од ракав Психолошки не е во ред да мразиш билошто, но да не сакаш мачки е сосема океј. А тоа шо се мили и слатки, не ги прави безопасни. Преносители се на голем број болести (преку плунка, гребење и гризење) меѓу кои и беснило (најчест преносител од питомите животни). И забавен факт, ако починеш во затворена просторија со мачка, таа ќе се гости со тебе уште пред да огладни. За разлика од кучето, кое би посегнало по тебе во краен очаен момент на глад.