Не само мачка, секое прегладно животно може да изеде човек (баш пред година дена читав за куче што го направило тоа, а ми текна и за случај со гуска на фарма од пред неколку години). За беснило исто има ризик од повеќе животни. Надвор од САД други животни се почеста причина за пренесување на беснило. Така што не е во ред да се посочува негативата само кон еден вид. А, за ова што го спомна Рајти... Што жената рекла дека детето не може да ги смисли мачките, значи баш на омраза мислела. За тој кој само не сака некои животни не се вели дека не може да ги смисли. Се знае разликата.
Некаде еднаш прочитав: "Љубителите на мачки ги сакаат сите животни, а повеќето љубители на кучиња, ги сакаат само кучињата"
Не се посочува само негатива, туку се посочува дека мачките можат да нанесат штета. Поточно мило и слатко не значи безопасно. Не рекла дека не може да ги смисли, туку дека ги хејта. И тоа се зборови на мајката. Сите ние знаеме да преувеличуваме нели? Не се согласувам.
Не ги сакам специфично само мачките, а сепак сакам многу животни И внимавајте како вашиот (потенцијален) партнер е настроен кон животните, пријателски или не, тоа премногу кажува со каква личност си имате работа. Он е поише по мачките, ја по кучињата, а сепак кај и да идам нонстоп ми се лепат овие крзненца Да хејтате и не поднесувате нешо вакво, како? Спојлер
Мачките си се класа посебна, нема ништо попаметно и попедантно животно од мачка, им се дивам и на рефлексот шо го имаат, колку се брзи човече И коа идат да се галат ти ја топлат душата, па вртат околу нозе, предат, ги обожавам!
За ова си многу во право , се допишував со еден дечко кој имаше убиено куче а ми се правеше фин , требаше на кафе да се видиме ама се нешто испаѓаше да не се договориме пробував да поминам преку ова за кучето едноставно не можев прекинав контакт и дознав дека после тоа нашол девојка и ја удрил кога се расправале нешто . Господ ме спаси од овој , памет за друг пат штом приметам нешто вакво бегам!
Мене навистина би ми било дил брејкер ако некој кој дејтам не сака мачки. Мачките се lesson in consent. Ако ѝ се допаѓаш ќе те остави да ја галиш, кога ќе ѝ здосади сака да е оставена на мира. Ако не ѝ ги почитуваш границите ќе избега и можеби ќе те издраска. Кога се сакани и добро чувани се најмили суштества. Многу луѓе што не сакаат мачки всушност не го сакаат фактот што не можиш да ги контролираш и нивната љубов треба да ја заслужиш, за разлика од кучето кое веднаш ти дава безусловна љубов и ти се потчинува. Особено машко потенцијален партнер ако ми кажува дека не ги сака, не сака да чува, бегам подалеку од него. Мислам е јасна паралелата.
Демек ако не сакаш мачки, не си способен безусловно да си ги сакаш децата? Каква наука е ова, а јас не ја знам.
Не само шо ми е важно да сака некој животни генерално, јас идам во пакет со мачор и куче. Тие двата се со мене 6 години. Нема маж да добие предност кој сеуште го немам запознаено. Следно, не е безбедно за мојот мачор и моето куче со некој кој неќи животни, и особено кон некој кој има наштетено на животно. Апсолутен deal breaker ми се луѓе кои удираат животно за "дресура", како и ловџии и се со ред таму. Ако некој ми речи дека неќи мачки кога кажвам дека јас секоја вечер легнувам со мачор е инстант црвен картон. Пошто денес не знај како се осеќа за мачки, утре ќе му смета дека мачорот на вечер се тутка во мене. После ќе му смета дека е дома. После ќе му смета дека е в ходник. И после ќе му смета дека е в двор. Едноставно не можи.
Психологија. Мачката е независно животно над кое што немаш контрола, можеш да го сакаш ако имаш љубов во себе. (безусловна) И не извртувај реченици нигде не го кажав тоа што си го пишала.
Поише ме загрижува фактот што се пронаоѓаат вака самите, очигледно им смета тоа што укажуваме колку е лошо да имаш нетолеранција кон нешто невино и живо. Како и да е, ја цврсто верувам дека чим мачката има доверба, ти се препушта и те одбира тебе, значи дека осеќа нешто позитивно. А безброј пати се докажува оти животните се подобри психолози од луѓето.
Ми почина мачето , сабајле одејќи накај работа комшика ми рече , мачето ти го удрија со кола и почина го тргнаа од улица цел беше крв да знаеш да не го бараш , нема веќе да дојде Се чуствувам како близок човек да ми отишол , зашто мораше вака???????