А као чоек не напаѓа без причина Сети се на мажите. Уствари има причина - психопати се. Поодвратен ѕвер од чоек не постои. Заебана генетика за жал. А ти си му бил посебен, видело нешо кај тебе, се приврзало сепак со некој. Така да куче без причина НЕ напаѓа. Сиротото си има проблем и тоа не сака да е такво.
Абе читаш шо зборам? Беснило може, може болно е нешо, лудило го фатило. Дијагнози се у прашање. Таквите кучиња се успиваат и тоа е тоа.
Стварно, отсекогаш не сум му ја разбрирала психава на луѓево што сами почнуваат да си зборуваат. "Леле, аман веќе од ова, од она. " " Јас вака, јас така. Сакам ова, сакам она" Тоа сето тишина в канцеларија и се слуша некоја особа...леле ова, леле она. Мислам дека скоро 50% од луѓево во окружувањево мое се жедни за внимание...
Ако се чопор подобро што подалеку од нив, особено сега кога се парат, си бранат територија. Ако мора да поминеш не им оди пред нос, помини од другата страна на улицата. Исто ако си со куче знаат да нападнат, затоа што пак си бранат територија, и тука најчесто напаѓаат сега кога се парат. Друго нагло ако одиш кон нив да ги галиш може да те наднат, ова е од страв да не ги нападнеш ти па се бранат. Исто ти дава знак самото куче уши назад, опаш зад задните нозе, стои мирно и те гледа, се плаши, опасното си му, не му се доближувај.. Не знам зошто скокнало по тебе, може за игра, не приметил дека е сопственикот и го каснало.
Не беше за игра сакаше мене да ме касне ама јас некако се справив со позицијата како стоев и само што ја тргнав раката сопственикот го касна наместо мене.
Беснило знаеш што е и кога последен пат бил детектиран во МК, особено во град? Не е поентата дали напаѓа куче со или без причина. Но, може да нападне без никаква провокација. Пример во инстинктот на кучето е да ја брани одредена територија, макар таа била и вон живеалиштето. Човек може да биде нападнат без да го провоцира кучето, само што ќе помине од таму. Како сакаш филозофирај, куче може да те нападне без разлика каков човек си.
Може како што кажа рајт да било нешто болно, имаа кучиња кои што имаат нешто проблем со мозокот, не знам што е точно, најчесто е кај оние питбули (имам слушнато дека вештачки биле создадени и поради тоа се толку агресивни, колку е точно не знам, нека ме исправи некој ако знае). Комшија еден имаш вакво куче и мораше да го успие, затоа што се живо касаше и кога се ожени едвај ја прифати жена му, ама штом остана трудна почна нагло да ја напаѓа и го успа. Сум за да ги успијат ваквите и домашни и улични.. И ако знаеш дека има шанси твоето куче да нападне, мора да му ставиш корпа и да не го пушташ така слободно. А тој сигурно си го познавал кучето. Јас секогаш кога го имав тоа куче сите ги пресупредував, да си стојат настрана од мене затоа што кучето може да ги касне.
Не разбирам што ви е дилемава со кучињава?? Не мразиме кучиња ние што велиме дека се непредвидливи само сакаме да се на поводец, толку. Инаку имам неколку омилени раси кои се преслатки како Хаски, сибирски самојед, златен ретривер, лабрадор...
Куче кое не е социјализирано ко што треба е практично диво животно. И на такви не им е место во урбана средина. И овие што ги хранат, им прават куќарки, ги собираат по 10тина на купче, а во чопор се многу поагресивни, испаѓаат поголеми шупци него херои. Зошто на толкав куп мора да ги збереш? Беснило језда веројатно и нема ама куп други болести пренесуваат. Да не зборам дека прво немаме со кучиња иста орална флора. Therefore и овие што делат прибор за јадење со куче се така гаднички малце.
Можеби во некоја понормално држава од нашава, кај нас ништо чудно и диносауруси да почнат да шетаат на улица.
Никогаш во животов немам закачено улично куче, секогаш гледам да ги избегавам кога се во чопори. И лично мене ме има трчкано куче кога поминав со велосипед. Сведок сум како се пуштаат и по коли. Дали бранат територија или не, ама ич не ме занима. Напаѓаат и толку. Срам и арам за државата шо не прават ништо за овој проблем.