Страшно ми се спие. Ич не сум наспана, легнувам во ниедно време, не можам да заспијам, па ќе задремам и ќе станам по некој саат. И пак исто. Зачаран круг. Излез нигде. Ми викаат другаркиве те мачи нешто. Ај едно преиспитување, ама ништо бре. Треба да одам да покопопам на една нива, па да видам дали нема да заспијам после. Знам како ми беше по десет и кусур саати на нозе, тогаш дали не заспивав. На стол ми се случуваше да задремам. Нејсе. Туку сакав да кажам дека светот е помек по неколку чаши винце.
Се викам ......не се викам никако.Доаѓам кога сакам заминувам кога морам.Има 21453 мани,потскинати чорапи и срце кое само така се вика.Не зборувам многу и често а кога прозборам подобро и да не сум отворила уста.Сакам комотна облека и понекогаш се шприцам со парфемот на син ми.Сакам пополна штикла,всушност сакам се што е полнето.Полнети пиперки,полнета сарма,полнето пиле...и полнета Караѓорѓева шницла.Сакам се што е полно.И полно срце.Ама мене празнината ме уби. Некогаш работев со документи.Точно под конец.Ми завидуваа за уредноста.А сега,работам само со крстозбори.И кога нешто не знам ,лупнувам било која буква.Не сакам да е празно.Само како да ја пополнам празнинава во мене.
Najubavoto cuvstvo koga so soprugot nekolku pati vo denot pomisluvate ili kazuvate ista rabota vo isto vreme
Во последно време сфатив дека не ми треба друштво за да прошетам. Почнав да си наоѓам банални изговори за сама да излезам од дома, на пример - треба да купам мастики. Вртам и по 6 километри околу населбава, зашто одминувам 4-5 маркети и купувам од оној што ми е најдалеку од дома. И така додека пешачам и впивам сонце, си размислувам за најразлични животни прашања со кои во моментов се соочувам. Анализирам можни ситуации, разглобувам теории и не ретко донесувам одлуки додека занесено пешачам со слушалки на уши. Некако, си се чувствувам удобно кога сум си сама со мислите. Сечии други сугестии можат само уште толку да ме збунат, колку и да се добронамерни. И како да немам некоја среќа, секогаш шетам откако ќе ги исчистат тротоарите од паднатите лисја. А баш ми е интересно да пешачам додека ми крцкаат под нозе и да барам најразлични бои и нијанси во нив. Треба да напишам една иницијатива до општината - Оставете ни ја есента барем за миг Парковите ми се многу поубави кога и тревниците се обоени во нијансите на есента.
Јао фемина,што то ја видим?Нова платформа аааааааааааааааа Многу е убаво,многуОд сега почесто ќе пишувам,гледам многу сум пропуштила
Клише жалење ќе споделам. Не можам да учам повеќе се мрднав од умот! Ко ретардирана сум, ништо не памтам и се' на се' денес ми е тотален малер ден! И ќе паднам по се'!
Ако мајка ми и татко ми не ме развеселат, значи нема кој друг. Си дојдов дома разочарана , а после нивните смешки ваква бев . И раскажував на мајка ми лекција по македонски , и таа ме прекина и вика: - Ги знаеш Кирил и Методиј? - Па ги знам, мамо. Како не ги знам. - Е, знаеш ли зошто Методиј му се лути на Кирил? - Оти Кирил свети. А, татко ми се меша во муабет и вика: - Барем Методиј не треба да плаќа струја. Се ПОМОЧАВ!! После тоа овдека на форумот најдов која историска личност сте и си врткам, пишувам имиња презимиња, а мајка ми седи до мене, и гледа и вика кој ти се падна и јас и одговарам Кристофер Колумбо, и таа вели: - Аааа, па да ти сакаш да откриваш, затоа ноќеска секогаш си откриена.
Ај доброволец да влезе на новиот CHAT и да слика и да постави тука слика или да ми прати, да видам како изгледа, ме интересира, љубопитен сум, а несакам да влезам за сам да видам
Една улица, еден влез, еден стан - милион спомени... Се сепнувам секогаш кога поминувам од таму, солзи ми навираат во очите. На истото тоа место сега гледам како други (неки нови клинци) градат спомени, ме фаќа носталгија по тоа безгрижно поминато време а и најмногу ми фалат трите девојки, сестри по душа - Кејти, Бак, Санда. Ми фали и турското кафе пиено со часови на балкон, ми фали погледот од прозорот, ми фалат студентските забави во вторник, одењето во кафана после паднат испит или после пропадната врска, ми фалат сите дочеци на новите години, заедничките викенди и одмори... Ми фалат сите ladies nights и sex and the city моментите, зошто на моменти баш бевме нивна помлада верзија во ,,големиот'' град. Замислувам што би правеле во моментот - ќе имавме богата понеделничка трпеза со домашно подготвени специјалитети од мајките после поминатиот викенд дома, тие ќе топлеа ракија или вино, јас ќе ги дружев со чај или топло чоколадо слушајќи ги како се жалат дека не сум интересна и сум расипувач на забави... Имам чувство како вчера да беше кога првпат ги запознав... Но, одтогаш имаат поминато добри 7-8 години, години во кои се и сешто ни се случуваше, но созреавме и многу се променивме. Таа што не можеше да ме смисли кога читав книги, сега чита повеќе од мене... Таа што беше најтемперментна и никогаш ништо не сфаќаше озбилно, што се плашеше од обврски, сега е најзаљубена во својот сопруг и посветена мајка... Таа што беше најмрзелива и што со триста маки стануваше од кревет, дипломира пред сите нас и сега е деловна жена со боб фризура... А јас... Не сум сеуште свесна колку се променив... Но, знам дека спомените што ги имам од тоа време поминато со нив ми ја топлат душата и среќна сум што во тој период од животот сум ги имала до себе...
Дечки...во среда ми е роденден...денот ми е резервиран за најблиските..ручек со семејството..сестрата со внучињата... Вечерта сакам да ја поминам со дечко ми..се мислам за место..сакам да е онака...поопуштено..да нема мн галама...се мислам на венето во сити мол,на мартини во лептокарија или пак едноставно едно ноќевање а матка (последново е супер..само што дечко мо е на работа во четвртокот ) Друга причина...другарките..ете нив дома би ги викнала во петок или сабота...онака на кафе муабет пошто не сум човек парти мејкер...за жал...кажете вие како да си го прославам мојот 23 роденден...сите идеи се добредојдени...
Ко ќе ти пише некој на чат на фб што има ново а никогаш не си правел муабет или пред три четири годинии ајде сега што ке му одговориш?
Татко! Единствена личност што секогаш знае да ме изненади. Ми дозволува се што е во негови можности и нормално што мисли дека е во ред. Често знае да ме изненади. А посебно кога најмалку очекувам. Непроценливо е што после секој колоквиум не заборава да ми се јави и да ме праша како поминав... Единствениот маж на кој што секогаш ќе му верувам
Во денешен свет на маски, не знаеш точно од кој треба да се чуваш.Сите зборуваат едно, а прават друго.Едно лице пред тебе, а друго позади тебе.Да е до мене нема потреба од никакви игри.Или ги отвараш картите од почеток и играш или си кукавица кој аплаудира на валкани трикови.
Сакам да кажам дека не сум нормална. Да луѓе, не сум. Am i bipolar? Понекогаш плачам а не знам зошто плачам. Тажна сум а не знам зошто сум тажна.. Нормално ли е да имаш чуство дека саканиот не те сака? Нормално ли е да мислиш дека тој е оладен од тебе и дека не е тој истиот во кој се заљуби? Нормално ли е да чуствувам толку огромна празнина а однадвор да изгледа дека е се во ред? Можно ли е јас сето ова да го измислувам? Те молам биди само момент, те молам само немој да бидеш сурова вистина. Не сум подготвена за тебе, те молам уште малку време барам.. Барем да се стопли времево, можеби со времево ќе се стопли и душава
СДК ќе зажалиш за се еден ден.....јеа.... Ти дадов шанса-ме остави сама,сама-знам зошто не ти ја исполнив желбата...не душо не сум јас за 1 вечер...мислеше тукутака со мене,ај ќе ме заматкаш и после ќе ме оставиш...в лице ми кажа дека се гледаш со друга...па сосем ми беше јасно..или јас или таа-знаеш кој одлучи?Не душо ти,ЈАС одлучив...не сакав да се натпреварувам со некоја,да ти бидам опција?-НЕ...ЈАС СУМ Ј ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА...ми рече оди најди си дечко,некој што ќе те сака...едно кажуваше а друго се читаше од очите...ЕГО,ах тоа ЕГО...Страв ти беше да сакаш?Кукавицо една...Будалче (како што ми рече) знаеш колку ТЕ ЗАСАКАВ? м? Те оставив таа да те чува. Најиронично знаеш што е? НЕ,не знаеш.... - ТИ БЕШЕ ОНОЈ КОЈ МИ ГИ ОТВОРИ ОЧИТЕ И МИ ПОКАЖА ДЕКА СЕУШТЕ ВРЕДАМ..ВО ВРЕМЕ КОГА ЈАС НЕ ЗНАЕВ НИШТО ЗА СЕБЕ ПОВЕЌЕ. Сеуште ги слушам твоите зборови,кои ми одекнуваат...ајде стани,среди се,смири се.Сеуште ги памтам бакнежите...Ти должам да ме видиш на врвот. Еден ден мој И,еден ден...и
Видете вака ова рекламата ти не си ти кога си гладен,то ест јади сникерс нема никаква врска со мене значи. Значи јас навистина не сум јас кога сум гладна како волк,ама не се фрлам одма на сникерс...значи...туку на ајвар бре! Значи сникерс,глупости