Ретко кој вистински искрено сака помош/совет, скоро секој сака другите околу нив да се сменат, место самите они да се сменат за да им биде подобро.
Да можам сите пари само на парфеми би ги истрошила, с и т е Шминки не ме занимаат, ама парфеми И една цела соба мислам малку ќе ми. И така да си седам заробена во светот на мирисите Сетилово за мирис дефинитивно најразвиено ми е, бетер од куче сум, што и да допрам, прво мора да се душне, макар и нешто гадно да е
А од каде ние ќе знаеме кое улично куче со каква дијагноза е? Ова уствари го потврдува тоа дека не мора ништо да му направиш на кучето за да те нападне.
Исто ко и чоек, не мора ништо да му напраиш, ама би ти наштетил ако е болесник. Со таа разлика што чоек наводно би требало да е свесен и разумен. Не знам шо да кажам, не сум имала лошо искуство со куче.
Јас сум имала, и тоа со децата бев, буткав количка кога почнаа да трчат и лаат неколку кучиња по нас. Буквално од ништо не беа предизвикани
Уствари иам едно непријатно, да, не се сеќавам премногу, оти се шокирав, мала бев. Глутница не' начекаа, имаше и возрасни со нас. Види, се дешава значи, ја не ги бранам кучињата и не викам ако напаѓаат, нека напаѓаат, ко луѓе што има пореметени, исто има и кучиња, и секако дека у тој случај ќе си преземеш мерки да се спасиш. Но, глеј, и после тој страв ја не ги мразам и не им се плашам, туку баш сакам. Има луѓе ги замразуваат до степен да сакаат да им наштетат и на невини и недолжни.
Истото ни се деси. Имаше глутница од мал раст кучиња пред мол легнати на 2 метри од вратата и ќерка ми пред мене одеше инаку 4 годишна, и ни се пуштија рандом без никаква провокација, почнав да се дерам да мафтам со раце нозе и се повлекоја а богами и клоци и тули ќе јадеа ако ми каснеа дете. Инаку не се плашам воопшто од кучиња и животни и како дете имам спасено доста многу,голем љубител на животни сум но, и реална особа.Мора да ги заловат глутниците или да ги усмртат (мн непопуларно мислење) и да направат екстремни казни за сите газди кои ќе напуштат миленик за да нема веќе глутници.
Многу луѓе ми рекле : Како не, ти нема шанса да направиш ова - она, никогаш.Јас те познавам тебе. Беше муабет за планинарење. Се прашувам, колку добро се познаваат себеси и колку знаат што можат и не можат да напраат. И искрено избегав подалеку од ваквите... Гледај до кое ниво те доведува бе, еј.
Во зоолошкава, деца мавале со камења по слоницата. Резултатот од "мое дете е, ќе го воспитувам како сакам" на дело. Ај молим вас тогаш вакви дома чувајте си ги. И да погодам, никој нема никаква казна да добие. Како и сите дела до денес од малолетници.
Уште ова да додадам. Има и такви сестри што си ги штитат братчињата дека на 30 години, биле уште мал деца и несозреани.
Многу ми фалат барем уште две-три реакции на форумов, од типот на "не ми се допаѓа, хахаха" и слично.
За мачкарските муабети, сдк дека оној момент кога ќе очекуваш нешто повратно за пружена љубов, значи дека таа љубов не е безусловна. Е баш ако помислиш, на пример, "сакам дете, за на старост да има кој чаша вода да ми подаде" - немој да имаш дете, не треба да имаш дете. Погрешен мотив за имање дете е. Исто така, животно (куче, мачка, папагал) го сакаш затоа што го сакаш. Мачка посебно. Моиве (па ни уличниве) не ме гребат и касапат, дефинитивно ме есапат, ако ме нема ме бараат, ако сум лошо инстиктивно "ме штитат"(како што се штитат меѓусебно инаку). Ги сакам затоа што ги сакам, корист од нив ми е имање љубов кон нив, нурнување на фаца во крзно после напорен ден, предење на уво, "заедно" читање, шознам. Сакам и кучиња и мачки и секој облик на животно. Ама мачките најмногу.
“Видео интервју на Слободен Печат со детски психијатар” Сите до еден од коментарите(повеќето од жени) - за нејзиниот изглед, а ниту еден за темата за која што се говори. Толку…