Кога дојде ред во оваа држава жена да носи униформа, да биде позаштитена во правото да формира семејство, каде е доминантно машки свет, отколку жена на било која позиција во приватен сектор - пиши пропало.
Тоа беа оние со миризливите дтапчињ и триста други тракатанци и ствари? Ако е тоа, памтам. И марами имаше.
Дааа. Будистички и хиндуистички тракатанци, ама се наоѓаа и други работи, и за поклон купување главно место беше едно време.
Не лижи кај што си плукал! *** И друго што ми се врти у глава: Љубомората е опасна болест за која нема лек. Те јаде одвнатре, се дур не те изеде жив. Убав сончев ден на сите
Толку сум трауматизирана од одредени видеа/содржини шо ко ќе ми излези видео од свинче или теле кои се миленици, на штрек сум дур не заврши видеото оти очекувам да заврши лошо. Од ко ќе видам дека се е во ред го гледам релаксирано.
Уметноста е толку уба и толку многу душа и филозофија има во неа, ама се осеќам како да ѝ ја "извадив" душата. Низ годините сум се фокусирала на техника, на напредок, на учење за ко ќе имам идеја да можам точно како шо ја замислив да ја претставам. И сега се осеќам како дел од креативноста да сузбив зошто секогаш имам знакче шо ме потсетва како точно да напрам скица, како точно да поставам и планирам простор, како да користам боја итн. Се осеќам како да не е то поентата на уметноста и во исто време како да нема назад.
Многу ми се јаки мемињата со оној човек што го сопре детето "ама кумата моја". На што личи да глумиш бодигард на патеката и уште силата не дете ја покажува, сопри некој возрасен.. Не сум бил таму ниту знам каква и за кого е патеката, ама и да не е за велосипедисти ако возат повеќе и често таму што е само тоа дете виновно? Треба да се пријави во полиција и да си ја обезбедува полиција патеката.. Не е решение вербално да малтретираш дете без присуство на родител.
Sakam koga sum negativecot u pricata nikogas zrtva i mrazam da me gleda nekoj ko zrtva posto ne sum i nikogas nema da bidam
Мимовите со дечкото со кумата ни е само показател како реагираме на потенцијални трагедии. После Кочани, сите као се свестивме колку е битно работење по закон, колку е битно да пријавуваме неправилности, врски, мито. Колку обидот да заштедиш некој денар може да испрати некого во гроб, колку здраво за готово го сфаќаме секојдневието во кое живееме, колку не сме свесни дека во некој ќош нѐ демне оштетена арматура, скинат кабел, непотпишаниот договор, пур пената, непоправениот мотор. И имаш ситуација каде некој реагира за да спречи некој да настрада и еве ти резултат - со денови подјебавање, мимс, уште некои си се дрзнале да прават реклама - демек кумата умотана со завои влегува хот дог да земе. Господи боже, не сте здрави во главата. Што да речам, нека ве газат и палат и касапат, само немојте утре кога пак ќе бидне трагедија пак, да барате ни протести ни бутур.
Не знам дали е до мене, ама ниеден од нашиве комичари не ми е смешен. Ми излегуваат на Инста, па тоа лајкови, следачи, коментари “топ си брат, кај ти текна“... а мене cringe. Од Сашко Коцев, преку Бојан (како ли се презиваше, тој што пцуел на стендапи), Стефан Николовски, син му на Тони Михајловски...
Она што велат гледај како човек се однесува према келнер као демек тоа многу кажува за него каков е како личност, а уств тоа не е увек прав тест многу често ако тој човек е со некој на дејт ќе одглуми финоќа и пред келнерот така да не паѓајте на тоа уопште..
Реагираме на потенцијални трагедии со предизвикување друга потенцијална трагедија, со закани по животот на малолетник? Тоа не е начин. Човекот му искочи ко скакулец пред волан на детето и немаше никаков судир, значи не била брза и луда вожња. Детето не избега, не го испцу, му рече смири се, комуницирај, добро, јави се во полиција. Детето криво најкриво искочи право, а "возрасниот" искочи падавичар.
Една од најтрагичните секојдневни глетки ми се тинејџери и млади како издрогирани и пијани уште од рано утро акаат цел ден по улици ,толку млади и убави а без сјај у очите, ко да знаат дека нивната иднината престанала некаде години наназад и никогаш нема ни да дојде...
Чувството е непроценливо кога ќе те соберат тренерки што пред две години ти биле кнап поради вишок кг, не верував на луѓе кои ми викаа си ослабела ама сега поверував Премногу значи човек кога ќе пие цедени сокови и ќе се движи
Поентата е да уживаш во времето шо го имаш у животов, не е битно што други мислат, само не штети никому и уживаааај, убаво да се осеќаш, спокој да ти владее, секогаш да ти доаѓа да пееш и танцуваш од добро расположение.
Уште владе од мусинци шо не напрај слика од дечково со кумава. Мали дуќанчиња маалски се закачиле на трендов, и уште со paint сечеле, лепеле па облачиња за зборовите, уште во office 2007 word заостанати лол. Платете некоја маркетинг агенција или внучето на финки шо е запишано нека го среди на чатџпт, кој век сме маму вам бумерска