Се осеќам јако тролната бидејќи порачав нешто на Али што го немаше на Тему, и буквално по една недела се појави истото и на Тему дупло поевтино.
Сдк срцето ми е полно кога овде во туѓина кога ќе сретнам наши луѓе кои успеале да дојдат до позиции како доктори, економисти, учители, инженери и сл. А да не зборам за оние кои отвориле и разработиле фирми кои вработуваат 30, 50, 80 па и повеќе вработени и со иситите фирми остваруваат профити со седумцифени бројки. Верувајте дека ги има многу повеќе од тоа што гледате на фб. бидејќи тие истите не го трошат времето на социјални мрежи туку во сопствен раст и напредок. Мило ми е што дошле некаде кадешто некој го препознал нивниот квалитет и голем потенцијал (кој во Македонија би бил одреден по мерка на тоа колку се сдсм или вмро). Тие се за мене победници во животот бидејќи успеале да се изборат во туѓа држава при туѓ јазик и систем а не оние на кои тате и бате им обезбедиле сигурна работичка на државно и од таму не мрдаат до пензија, ама битно работат со признаена диплома.
Па го оговараа, што е најстрашно. Ние се повлековме и ги осудивме. После тоа ќе се збори за кревање на свест. Не мора да се збори ако природни дојде од дома. Од што се гази на јајца пред сопствените деца, не се учи за граници, па креираат деца што се погубни за други деца. Да сум родител, сериозно би ме реметело прашањето дали детето ми е психопат, еднакво како дали ми е истрамуматизирано? Стварно ми е језива помислата мое дете да трауми друго дете, повеќе од тоа да моето е малце притегнато зошто му било укажано. Родители стоки.
Затоа што ми е подобро тука.. Не седам во друштво со луѓе што се однесуваат како на тој форум.. Не ми е битно форумот дали е машки, дали женски, не ги делам соговорниците според пол, туку според начинот на однесување... А тука има и машки и женски членови со кои што можам да дискутирам, таму не знам ни колку би издржал, а и не би имал "нормална" комуникација со такви луѓе.. А секој што му смета тоа што сум машко има опција игнор..